Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
242
И каде имаш тука корупција или непотизам. Распишан тендер. Се јавиле, понудиле најниска цена, добиле. Ако добиел Макпетрол ќе викаа ене дојдоа сдс па нивни фирми земаат :D
ЈСП ако се толку способни, сами што не си увезуваат нафта. :toe:
Ситна пара е точење нафта за ЈСП. Башка за очекување е дека или нема да ја плаќаат или ќе развлекуваат со месеци. Пуцко е опасно матна фирма со долги опашки кои им се влечат од одамна. Повеќе мириса на дил да се купи жмурење на власта отколку некој бизнис со ЈСП. Пуцко парите ги прави со други марифети, а не со наместени тендери.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Затоа ли сега ќе потрошите 2.000.000.000 евра или долари за ново оружје :cool: .
Ех да можеше тие пари да ги потрошите на други работи :rolleyes:
@fmi какво казваш за тези расходки ...

A еве како се противат на макаронката
https://www.youtube.com/watch?v=TAHyFb6I2Xw
Не за нас условат беше да се затворат два от реакторите на нуклеарката
 
B

Bafra

Гостин
Ситна пара е точење нафта за ЈСП. Башка за очекување е дека или нема да ја плаќаат или ќе развлекуваат со месеци. Пуцко е опасно матна фирма со долги опашки кои им се влечат од одамна. Повеќе мириса на дил да се купи жмурење на власта отколку некој бизнис со ЈСП. Пуцко парите ги прави со други марифети, а не со наместени тендери.
Не знам дали е мала сумата т.е профитот да му точиш на ЈСП, ама ме интересираше каде видоа корупција... Врз основа на што. Имало ли тендер, само 1 ли се пријавил, цената која е што е договорена итн итн.

За тие марифети не знам какви се ама сигурно некој одговорен да ги спречува му дозволува. Така да ни за тоа не е виновен :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не знам дали е мала сумата т.е профитот да му точиш на ЈСП, ама ме интересираше каде видоа корупција... Врз основа на што. Имало ли тендер, само 1 ли се пријавил, цената која е што е договорена итн итн.

За тие марифети не знам какви се ама сигурно некој одговорен да ги спречува му дозволува. Така да ни за тоа не е виновен :D
Кога тендерот ќе ти го скројат како одело што само тебе ти одговара, ко мајбахот на паторот. Што глумиш наивен?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Затоа ли сега ќе потрошите 2.000.000.000 евра или долари за ново оружје :cool: .
Ех да можеше тие пари да ги потрошите на други работи :rolleyes:
@fmi какво казваш за тези расходки ...

A еве како се противат на макаронката
https://www.youtube.com/watch?v=TAHyFb6I2Xw
Тоа е недоволна сума. Проценките надминуват 5 милиарда евра за целостна обнова на бугарската армиja. Со тези 2 милиарда евра ке се модернизира само дел, а тоа е и во синхрон со политиката на НАТО за 2% от БВП да оди за одбрана.[DOUBLEPOST=1530197527][/DOUBLEPOST]
Квотата ти е 1.20 дека си партиски бот на ГЕРБ и батко Бојко.
Блажени са верваштите. Вака пишува во библиjaта.[DOUBLEPOST=1530197653][/DOUBLEPOST]
И во Скопје се толку, за шака луѓе. Колкав процент од населението ги зема овие пари? Овој тип нереални муабети се за политичка пропаганда. Мнозинството овие пари ги заработува две години.
Абсолутно луге..пропаганда е тоа... веруваjте му нему.
Еве ти топла топла новина за наредниот програмен период веке се знае колко фондови ке легнат во Бугариja - 9 милиарда евра.
http://bnr.bg/varna/post/100989413/sled-2020-ta-za-kohezionna-politika-balgaria-shte-poluchi-9-miliarda-evro[DOUBLEPOST=1530197933][/DOUBLEPOST]
Истите плати добрите програмери со опит ги стигнуваат и во Македонија, Србија, Албанија...

Како процент од ГДП српскиот ИТ придонесува повеќе од бугарскиот.

И сериозно зеде со ИТ сектор да продаваш поента? Тоа се веќе ептен очајни обиди.
Ох, ох, ох....очаjни обиди за манипулации.

Export of information and communication technology (ICT) from Serbia reached a record EUR 900 million
https://www.b92.net/eng/news/business.php?yyyy=2018&mm=03&dd=07&nav_id=103649

Bulgarian (ICT) has marked over 300-percent rise over the past 7 years and has reached 2.5 billion euros.
http://bnr.bg/en/post/100944181/turnover-of-ict-sector-in-bulgaria-has-marked-over-300-percent-rise-for-7-years[DOUBLEPOST=1530198070][/DOUBLEPOST]
Абе па тоа викам, никој нема да ми даде пари во џебот... Не ни треба ЕУ за да постигнеме напредок, доволни сме си самите себеси....Еве ЕУ ви помогнала да не стигнете, остатокот треба да го изработите самите... Ние веќе сме на вашето ниво и сега треба напредокот сами да си го направиме, бидејќи како што гледаме ЕУ ни поставува услови за влез, и не гледам некоја причина државава да направи салто мортале за да влезе во ЕУ, поготово не ако Романија и Бугарија се репер за тоа....
Да видим после 10 години што ке е, сакаш?
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.671
Поени од реакции
28.094
Пуцко 15 години пола и повеќе државни и јавни институции ги снабдува со нафтени деривати, тоа ти е успешен бизнисмен :cool:
Мoрa дa прифaтиме декa живееме вo држaвa вo кoјa Исмaил Јaoски,Велијa Рaмкoвски и Сефер Цaнoвски вaжaт зa угледни луѓе и бизнисмени.Oвa е дoкaз декa уствaри тoa штo се пењaвиме зa иметo пoследнa грижa требa дa ни биде
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.101
Поени од реакции
3.296
Абе гo видел некoј Стoјaнче,гo чул нештo негде дa кaже дa пише?Ке ги пoвикa ли тoј пoвтoрнo брaќaтa Албaнци дa излезaт нa референдумoт кaкo штo ги пoвикувaше дa гo рушaт Грујo и фaмилијaтa
Го имаше на Енал5 сега скоро и вика
па... не се согласувам со дел од договорот... дрн дрн дрн, ама оваа е најдоброто нешто што можеше да се извади
класичен шарен револуционер, си го напика газот во администрација и единствено тоа го интересира, да цица колку може повеќе.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.747
Поени од реакции
21.779
Последно што ке не прашаат е за ркањето, ѓубрето, запрегите по градот, пушењето и слични работи... кога ке стигнеме да не прашаат за тие работи, работата ке биде многу лесна.... Имаш тука задача најпрво да направиш судство, да се справиш со корупција и криминал, да скратиш администрација и други цицачи за најмалку 50%, да покренеш стандарди во здравство, образование, да се справиш со непотизам и партиски бизниси, да средиш пензискиот фонд,.....
Да елаборирам, Македонците се уште не се способни за базична култура и манири, како очекуваш од ваков народ да достигне ниво на економски раст, квалитетно образование, ефикасна бирократија, некорумпирано судство и мал милион останати работи кога не е способен дури и за најосновните и едноставни работи како фрлање смет во канта наместо на улица?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.671
Поени од реакции
28.094
Го имаше на Енал5 сега скоро и вика
па... не се согласувам со дел од договорот... дрн дрн дрн, ама оваа е најдоброто нешто што можеше да се извади
класичен шарен револуционер, си го напика газот во администрација и единствено тоа го интересира, да цица колку може повеќе.
Пa уствaри кoгa ке видиш,кoј е пa oн пa дa гo прaшa некoј дaли се сoглaсувa или не.Лингур
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Бич плиис, ти бараше да кажам дали имам искуство од реален сектор, сега кога ти кажав почнуваш да плачеш, а за тебе ќутиш. Затоа си "плачипиче" :P
Јас работите што сум ги споделил гледајќи јутуб еве во реалноста се докажуваат, а ти бидејќи си отсечен од реалноста не можам да ти помогнам.
Чисто ме интересираше што ќе ми кажеш. Гледам тенденција кај ликови како тебе кога ставовите почнуваат да му се нишаат, кои што и онака стојат на стаклени нозе, се повикуваат на лични достигнувања од приватниот живот во обид да ги зацврстат, демек глупостите кои што ги тресат да имаат некаква поткрепа. А истовремено забораваат дека водат виртуелна дискусија. Еве штом ме прашуваш, јас можам да ти речам дека имам докторат на Кембриџ и зад мене десет научни трудови. Во суштина на јавен форум можам да бидам што сакам, она што се брои е дали она што го зборувам кореспондира со она за што велам дека сум, приватно.
Во твојот случај ни оддалеку не звучиш убедливо за тоа што се обидуваш да се претставиш дека си, дека наводно си успешен бизнисмен, со широки познавања од областа на економијата и светските случувања, патем и дека даваш по 1.500$ за учество на реномирани обуки. Можеби е така, вистината има две лица. Меѓутоа од она што можам да го забележам од разговорите со тебе е единствено неосновано напумпано ЕГО проследено со неограничена ароганција и некултура.

И кога велиш работите кои што си ги споделил гледајќи видеа на јутуб, не знам дали приметуваш но си контрадикторен. Ако твојата реалност која што постојано ја потенцираш се јутуб видеата, тогаш сериозно треба да се преиспиташ и запрашаш самиот себеси во која реалност ти живееш, па после да правиш обиди за лични дисквалификации врз мене и било кој друг член на форумов кој што ја имал несреќата да се фати во теснец со тебе и твојата, ќе речам јутуб виртуелна реалност.

Те молам прочитај го убаво мојот пост и види дали е спомната марихуаната или Природа и трева :гик:
Знам дека вие конзументите имате разни кодирани имиња за овие супстанци кои што претежно потекнуваат од урбаниот сленг. Ова до сега го немав искрено слушнато, ако ти го нарекуваш така, ондак така нека биде. Уште да намалиш малку со тоа "природата и тревата" и помалку јутуб видеа, нема да бидеш толку лош дечко.

Пример ако може , ( немора со име и презиме :D ) доста верглаш исто те исто, празна слама.
Најголемите успеси кои се, ако може вака јавно сподели ги и на кое ниво била тогаш државната регулација т.е. мешање на државата ....
Во државните институции од кои ти сакаш да има регулации за се и сешто, вработени се крем дела кремот од нацијата. Не се таму вработени лепачи на постери, не се вработени дупе лижачи, нечесни и неписмени и бог ти зна што се не.
Министри со средно имавме, премиери со по 30 години, без работно искуство и ти си сакал од институциите да работат за општеството :icon_mrgr: По ова испаѓа ти живееш во илузија. Море да не користиш аманита мускариа а си ќутиш :cautious:

Еве ти уште еден пример: https://www.vecernji.hr/premium/pri...sada-se-sastoji-od-samo-jednog-papira-1250660

Jedna od mjera je ta da je dozvoljeno sve ono što nije zabranjeno. Poslovni ljudi su se do sada koncentrirali i neprestano provjeravali što smiju. Druga je mjera da javna uprava svakog biznismena mora tretirati na fer način, a ne kao potencijalnog lopova. Ukinuli smo stotinjak birokratskih barijera.
Што ме цитираш веќе втор ден ако мислиш дека мелам празна слама? Или сега во прашање ќе треба да ги доведам и твоите сексуални склоности?

Една работа треба да биде јасна, ниту државата може без бизнисите ниту пак тие без неа.
За ова со регулатививе. Ако истите се контрапродуктивни и нивното укинување ќе доведе до подобра бизнис клима, тогаш штетните регулативи нека се укинат. Најбитно е постоечките да важат подеднакво за сите, без конфликт на интереси. А тоа дека регулативата може во целост да се укине, мало морген.
Погрешно си ме разбрал ако мислиш дека сум поборник за целосна регулација. Ако истата веќе постои тогаш сум за еднаква и правична, без привилегии, еднаков третман за сите.

За ова те прашав, ако ги мачкаат и се користат во автомобилите, а ние поминуваме доста време во нив, значи можно е да е опасно, посебно летно време, високи температури и испарување.
Тоа беше напишано чисто колку за илустрација за квалитетот на странските инвестиции кај нас. Што не значи дека насекаде е така.

Толку пцуете по државните работници дека се корумпирани, ама пак одбирате да им верувате :bravobe:
Тоа што јас споделувам информации од други експерти не ме прави мене експерт, а ниту се рачунам. Но вашето исмејување и замижување пред фактите, многу говори за вас . Добар почеток на летово нелии :D

И без импутирање на глупости дека пишувам во темата рамна земја, кога нема мој пост таму :kuracc: .
Пред да постираш нешто и да тврдиш дека е вистина и дека останатите се во заблуда што веруваат спротивно на твоите тврдења, најпрво треба да разграничиш со значењето на поимите "мислење" и "факт". За да тврдиш дека нешто е факт треба за тоа да обезбедиш неоспорени докази. Теории на заговор и видеа на јутуб од самопрогласени експерти не спаѓаат под категоријата факти, истото се однесува и на твоите лични ставови.
Тоа во суштина е и твојот главен проблем. Поработи малку и на тоа.
 
B

Bafra

Гостин
Чисто ме интересираше што ќе ми кажеш. Гледам тенденција кај ликови како тебе кога ставовите почнуваат да му се нишаат, кои што и онака стојат на стаклени нозе, се повикуваат на лични достигнувања од приватниот живот во обид да ги зацврстат, демек глупостите кои што ги тресат да имаат некаква поткрепа. А истовремено забораваат дека водат виртуелна дискусија. Еве штом ме прашуваш, јас можам да ти речам дека имам докторат на Кембриџ и зад мене десет научни трудови. Во суштина на јавен форум можам да бидам што сакам, она што се брои е дали она што го зборувам кореспондира со она за што велам дека сум, приватно.
Во твојот случај ни оддалеку не звучиш убедливо за тоа што се обидуваш да се претставиш дека си, дека наводно си успешен бизнисмен, со широки познавања од областа на економијата и светските случувања, патем и дека даваш по 1.500$ за учество на реномирани обуки. Можеби е така, вистината има две лица. Меѓутоа од она што можам да го забележам од разговорите со тебе е единствено неосновано напумпано ЕГО проследено со неограничена ароганција и некултура.

И кога велиш работите кои што си ги споделил гледајќи видеа на јутуб, не знам дали приметуваш но си контрадикторен. Ако твојата реалност која што постојано ја потенцираш се јутуб видеата, тогаш сериозно треба да се преиспиташ и запрашаш самиот себеси во која реалност ти живееш, па после да правиш обиди за лични дисквалификации врз мене и било кој друг член на форумов кој што ја имал несреќата да се фати во теснец со тебе и твојата, ќе речам јутуб виртуелна реалност.



Знам дека вие конзументите имате разни кодирани имиња за овие супстанци кои што претежно потекнуваат од урбаниот сленг. Ова до сега го немав искрено слушнато, ако ти го нарекуваш така, ондак така нека биде. Уште да намалиш малку со тоа "природата и тревата" и помалку јутуб видеа, нема да бидеш толку лош дечко.



Што ме цитираш веќе втор ден ако мислиш дека мелам празна слама? Или сега во прашање ќе треба да ги доведам и твоите сексуални склоности?

Една работа треба да биде јасна, ниту државата може без бизнисите ниту пак тие без неа.
За ова со регулатививе. Ако истите се контрапродуктивни и нивното укинување ќе доведе до подобра бизнис клима, тогаш штетните регулативи нека се укинат. Најбитно е постоечките да важат подеднакво за сите, без конфликт на интереси. А тоа дека регулативата може во целост да се укине, мало морген.
Погрешно си ме разбрал ако мислиш дека сум поборник за целосна регулација. Ако истата веќе постои тогаш сум за еднаква и правична, без привилегии, еднаков третман за сите.



Тоа беше напишано чисто колку за илустрација за квалитетот на странските инвестиции кај нас. Што не значи дека насекаде е така.



Пред да постираш нешто и да тврдиш дека е вистина и дека останатите се во заблуда што веруваат спротивно на твоите тврдења, најпрво треба да разграничиш со значењето на поимите "мислење" и "факт". За да тврдиш дека нешто е факт треба за тоа да обезбедиш неоспорени докази. Теории на заговор и видеа на јутуб од самопрогласени експерти не спаѓаат под категоријата факти, истото се однесува и на твоите лични ставови.
Тоа во суштина е и твојот главен проблем. Поработи малку и на тоа.
Видиш како сум погодил дека си теоретичар и тоа за 9ка, 10ка ти фали уште.

Е сега теоријата е богатство, а клучот за богатството е ПРАКСАТА.
Ти може да се љутиш колку сакаш, ама кога не си работел во реален сектор, кога не си имал директен контакт со администрација, твоите заклучоци ќе се ПОГРЕШНИ.

Прв ти ме цитираше. И повторно НИКАКВИ примери од твоја страна.
Јас ти споделив неколку ти ги избегнуваш или вртиш накај чакри макри, ама тоа е кога немаш искуство.
Теоријата и знаењето кога ќе ги уновчиш во пракса, тогаш ќе ти е јасно што зборувам.

А за тоа кај ги трошам парите, од таа организација совети барале најголемите милијардери, скоро сите Централни Банки од поголемите држави а Арапите им се благодарни што им овозможиле да профитираат а да не е спротивно со религијата ;)

Драго ми е ако е вистина и си инвестирал во себе во Кембриџ или било каде плус трудовите, ама во пракса ако не функционира џабе.
Ти дадов пример од Полски министер, го игнорираш... Затоа живеј

П.С. антипушач сум, тајни кодови не користам, освен кодот на давинчи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.685
Поени од реакции
11.917
https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/drugarski-pisma-na-chitateli

Другарски писма на читатели

28 Јуни 2018 - 12:48

Да гласаме (бојкотираме) за да му обезбедиме барем малку достоинство на новиот безимен народ кој ќе знае дека барем ги казнил оние кои го силувале и кој знае дека заслужува подобро.



Почитувани прогресивни сограѓани,

Време е да ја разбереме играта со која нè играат. Да ја промениме тактиката. Да нападнеме по крила, без класичен центарфор, со постојани вметнувања во средината и брзи додавања. Да се здружиме ние реактивните сили и вие прогресивните. Поделбата ја наметнуваат оние на кои им треба да сме стадо овци кој одат онаму каде ѕвони ѕвонецот и господарат преку нивните квислинзи –“инфлуенсери” по дигиталните медиуми. Исти сценарија одново. Со насилни протести, со реторика на поделби и обвинувања и асоцирање кон одреден тип на однесување. Да му се одмили на човек да е во исто друштво со насилниците или фејсбук револуционерите.

Нема завера против Македонија од големите сили. Не им е воопшто битно името, демократијата, почитување на правото, достоинственото живеење на Македонците. Ќе поддржат сè што ќе не избрише како варијабла во равенката. Засекогаш. Нивните планови, проблеми, се големи. Ние сме мува што ги нервира. Им треба само да сме послушни, да направиме што ќе ни кажат и за тоа ќе ни овозможат да сме “копиљ у друштво” кој не игра фудбал освен ако фали играч, па “копиљ ти ќе браниш”.

Ако не сакаме да сме овци, треба да им одговориме на сите впрегнати сејачи на магла што е подобро од ова самоубиство и како понатаму.

Двете обвинителства (две обвинитества – кај го има ова?) да престанат да се глупираат со безвезни обиненија за коли и шамари туку да ги најдат парите што Грујо и неговата банда ги украде. Да подигнат издржани обвиненија и судот да го осуди Грујо и сите негови бандити и соучесници за велепредавство. Кражбата од тие размери ја загрози државата, иднината на нашите деца и тоа е велепредавство. Враќањето на барем дел од овие пари ќе има сто пати поголемо влијание врз општеството (на пример би ја затворил дупката во пензискиот фонд, би направил 5 клинички центри ...). Тоа е приоритет.

Двете обвинитества (кај го има ова?) да ги обвинат Заев, Димитров и нивните соучесници за велепредавство. Не затоа што преговарале, бидејки е јасно дека воопшто и не преговарале, туку затоа што потпишале што им се ставило на маса и прифатиле договор во кој нема ниту еден член во кој втората страна (читај: Македонија) задржала нешто што е нејзино (Господе, помогни ѝ на онаа земја за која едниот преговарач за цел живот не преговорил ниту еден денар, а другиот ја почнал својата трговска кариера со продавање вреќи пиперки полнети со ќунк за да се скријат скапаните).

Тие лично, врз основа на нивните знаења и убедувања можеле да прифатат и Весела Република Македонија, па како во случајот со Илинденска, јавно да прашуваат кој има против да е весела?

Велепредавство е што го потпишаа овој небулозен, предавнички договор. Без мандат, без право го потпишаат договорот во кој Македонија е втора страна, безимена, географски опишана, како страна која е втора страна во спорот. Во чие име го потпишаа овој не-договор, ако Македонија не е страна во тој договор под кој наслов ставија потпис.

Велепредавство е затоа што свесно потпишаа дека договорот е неотповиклив, а ја лажат целата јавност дека ќе има шанса на референдум да се изјасни. Затоа што го потпишаа, иако знаеја дека немаат уставни ингеренции за тоа. Затоа што ја силуваат и лажат македонската јавност (сега дури заговараат да се намалел цензусот – ич не им е гајле за цензусот. Договорот е неотповиклив, та ние Македонците, претале, скокале, тоа ни е тоа и нема да има начин било кога да се промени).

Издаиците ја завршија работата. Според овој не-договор веќе НЕМА МАКЕДОНЦИ никаде во светот, освен во јадната северна, додека ја има. Во ваков не-договор северно Македонец е подобра опција од “Македонец-граѓанин на северна Македонија”. Барем сите луѓе од овие простори секаде во светот ќе се прекрстат и ќе припаѓаат на нов народ (Гркот никако не би прифатил ваква ситуација). Вака сите Mакедонци кои не се граѓани на северна Македонија не припаѓаат никаде. Затоа и така едноставно може да се избрише членот 49 од северномакедонскиот Устав за грижа за малцинствата бидејки такви малцинства никаде не постојат.

Судот мора да ги осуди за велепредавство затоа што како и нивните претходници делуваат како да се над законот, над уставот, се самопрогласуваат за богови, бестрашни лидери кои не се плашат дека било кој ќе ги казни за сите лаги, измами и бруталното силување на македонскиот народ. Тоа е приоритет.

Почитувани прогресивни сограѓани време е да се здружиме. Да го бојкотираме лажниот референдум. Да не му оставиме можност ни на ВМРО ДПМНЕ да изглуми дека ќе изгуби неколку, таман доволно, пратеници кои ќе гласаат за овој не-договор во парламентот и со тоа ќе го ратификуваат. (договорот предвидува решенија со кој ќе се спроведе дури и ако има неповолен референдум за договорните страни).

Да се здружиме за да направиме простор, за да се пробие бункерот што го играат против нас овие две злосторнички здруженија. Да ја смениме тактиката, па заедно со неочекуван напад по крилата да направиме простор за доблесни, морални луѓе да излезат на површина. Да гласаме (бојкотираме) заради сите нас, заради новото утре на продадената Македонија, како и да се вика. Да гласаме за да му обезбедиме барем малку достоинство на новиот безимен народ кој ќе знае дека барем ги казнил оние кои го силувале и кој знае дека заслужува подобро. Да гласаме (бојкотираме) сите ние како луѓе, поединечно, со чиста мисла и совест. Да гласаме како за нова власт. За Македонија без овие два картела кои само корумпираат, крадат и лажат, па макар ни требале години. Нека сме мува, нека сме комарец. Нема да пропаднеме.

Благодетот кој ни го нудат овие измамници ќе не втасал некаде околу 2030. Дај да се впрегнеме сите ние. Искрено да ги замолиме земјите како Исланд, Ирска, Финска, Естонија, Швајцарија, Словачка, Романија, Чешка да ни помогнат. Не преку ЕУ, ЕУ процедури, прашалници, ароганција и можности за вето, туку директно со секоја земја поединечно, соработка со искрена желба да учиме и да успееме.

Да се промениме, да направиме општество на правда и право со процедури, правила и практики подобри од европските. Малку сме, мали сме, можеме да сме брзи по крило. Да се промениме. Да не прифаќаме никаква корупција, препишувања, врски, незнаење, незароботени плати. Да се промениме за да не сме “копиљ” у маало туку достоинствени луѓе од достоинствена земја, независно како се викаме и ние и нашата земја.

Игор Ѓозински
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom