Купи куќа-купи стан (v.2 - Купи куќа за млади)

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека ќе продолжи проектот треба нови маркици на да се даваат сега на нови играчи.
 
Здраво.Сакам да прашам.Имам веќе постоечка ,легална куќа. Која ќе треба да ја рушам и на нејзино место да градам нова.Извафив дозвола за градба,проект се од документација, ме интересира дали мора да градам со фирма, и ако да до која фаза?Фала
 
Пак го активираа владиниов проект. Има ли некои кои ја искористиле меркава и можат да дадат насоки во однс на инвеститори, градежници, расположени за продажба на станови, у централно градско подрачје?
До сега сите што ги исконтактирав, кога им кажав преку која мерка сакам да лупам стан, благо речено ме откачија сместа
 
Кои те откачија? Не гледам причина, они секако си го добиваат парите од банката, немаат контакт со државата.

Во централно подрачје становите се над 900 евра, а со купи куќа купи стан треба да биде макс 900 по квадрат
 
Здраво.Сакам да прашам.Имам веќе постоечка ,легална куќа. Која ќе треба да ја рушам и на нејзино место да градам нова.Извафив дозвола за градба,проект се од документација, ме интересира дали мора да градам со фирма, и ако да до која фаза?Фала

Мораш со Градежна Фирма, неможе тебе директно да ти ги префлат парите. И договорот што ќе го склучиш со фирмата мора да биде "клуч на рака" (барем мене така ми кажаа).

Горе-доле документи што ќе ти требаат:

1. Одобрение за Градба (правосилно) од Општината
2. Имотен Лист од земјата (катастар)
3. Лист за предбележување (катастар)
4. Договор со Изведувач (заверен на нотар)
5. Предмер-Пресметка пополнета и потпишана од Изведувач
6. Заверени пресметки за плата од работодавач со административна забрана (за тебе и за сопругата) (од работа, по ново барат и М1 обрасци)
7. Ако веќе си почнал со градба или поминале скоро 2 години од правосилност на Одобрението: Документ дека си ја известил општината дека почнуваш со градба (се вади во општина)
8. Ако си го купил плацот од државата (на лицитација) ќе ти бараат и копија од Солемнизацијата
9. Уплатници (ПП30, неможе ќеш да му даваш пари). Доказ за уплатено учество 25% на изведувачот (Ова се рачуна од сумата што ја имаш склучено со изведувачот, Пр. Ако си се договорил 50000 евра, -25%, треба од сопствени средтсва да уплатиш 12500 евра)
10. Проценка од Овластен проценител (банката ќе ти каже кај кој) (Од 5000 денари па нагоре)
11. Изјави заверени на нотар, дека немаш друг имот, друг стамбен кредит и дека нема да го издаваш, продаваш или дополнително ставиш под хипотека имотот во период од 12 години.
12. Матични броеви од твоите и родетителите на сопругата (за да проверат финансиска состојба) (мене ми го бараа, незнам дали за сите важи)
13. Венчаница (оригинал, ти треба за нотар кога ќе потпишуваш договор) (ти ја враќаат назад)
14. Манипулативен трошок на банката 1% од одобрена сума (освен ако не фатиш некоја промоција) (Макс. 500 евра) Битно: ГИ ПЛАЌАШ ОД ТВОИ ПАРИ, неможе да се одземат од сумата како кај другите кредити!
13. Нотарот зима околу 300 евра.
14. Челични нерви! Најверојатно најбитното нешто :)

Гарант сум пропуштил нешто, пошто мене ми требаа скоро 2 години да го добијам :)

Со среќа!
 
Некој добро запознаен околу проектов ако може да ме контактира да ми појасни некои работи нека ми пише во приватна порака би му бил многу благодарен.
 
Некој добро запознаен околу проектов ако може да ме контактира да ми појасни некои работи нека ми пише во приватна порака би му бил многу благодарен.

Пиши што те интересира, јас веќе почнав да го отплаќам.
 
Drugar Ako go isplatis 12 godina dali ke imas penali kon drzavata
Мислам дека ваков кредит повеќе не постои,
а оние што земале, државата и плаќа дел од ратата првите неколку години (заборавив на деталите, сигурно е објаснето првите страни),
подоцна откако ќе поминат тие субвенционирани години кредитот и го плаќаш само на банката, значи пенали само на банката, зависи што сте се договориле при склучување на договорот за кредит.
 
https://friday.mk/povtorno-zapochnuva-proektot-kupi-kukja-kupi-stan/
Новини во Законот за субвенции на станбен кредит.

lg.php

Министерството за финансии предложи да се намалат каматните стапки.

Проектот кој беше почнат од претходната гарнитура продолжува а и опозицијата вели дека тие проекти вреди да бидат продолжени.

Она што се променува е намалувањето на каматите. Како што е соопштено ратите за првите три години ќе се намали на 2,9, наместо 3,95 отсто, како што беше досега а растат и субвенциите на 70, наместо 50 проценти за месечна рата.

„Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ беа доста критикувани од актуелната власт за време на подемот на овие проекти но сепак СДСМ продолжи да ги поддржува.
https://faktor.mk/pagjaat-kamatite-shto-kje-se-smeni-vo-proektot-kupi-kukja-kupi-stan
 
Drugar Ako go isplatis 12 godina dali ke imas penali kon drzavata

Можеш да го исплатил во целост по 12 година и не враќаш ништо.

Ако го затвориш или плаќаш појше него што е предвидена ратата пред 12 година, е тогаш ја враќаш субвенцијата.
 
Можеш да го исплатил во целост по 12 година и не враќаш ништо.

Ако го затвориш или плаќаш појше него што е предвидена ратата пред 12 година, е тогаш ја враќаш субвенцијата.
Другар мене ми иде рата од околу 1800/900 ден месечно, јас направив налог на2100 секој месец, онака по некој денар плус чисто да има нешто во случај на трансакција за провизија и слично, и сакаш да ми кажеш дека ради тоа јас можно е да ја вратам субвенцијата на државата?
 
И јас така го враќам потрошувачкиот кредит ама колку што знам за субвенционираниот не смееш предвреме да го отплаќаш.

Најдобро препрашај си во банка.
 
Има ли нешто ново во врска с проективе? Нов закон? И доколк сум клиент на охридска банка дали ќе можам да аплицирам за овој проект?
 
Ne uspeav da najdam dali e uslov da si vo brak za apliciranje subvencinirano kupuvanje na stan???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom