За првиот дел сме на иста линија, и јас сум за компромис но не по секоја цена.
Мило ми е
А што има толку тешко во моите квалификации према твитер објавата на Димитров? И за какви аргументи зборуваш? Прво е смешно да се води аргументирана расправа за олку банална работа. Навлегувате толку длабоко во толкувањата на една толку нерелевантна работа, во обидот да протолкувате која му била намерата на Димитров со доматите и како таа ќе се одрази врз дипломатскиот свет. Чисто се сомневам дека додека Димитров ја пишувал твитер објавата во позадина му се криеле толку длабоки мисли.
Ако целта била симпатии и хумор, да го има по порталите тогаш ете му успеала.
Некој ќе си помисли дека се служам со лош сарказам, но не е до мене. Работава е толку банална за дискусија што навистина звучи како лош сарказам, иако пишувам со крајно сериозни намери, не ме сфаќај погрешно.
Па да напишеш дека е нешто смешно, патетично и очајно според мене треба да има сериозна причина или повод за такво нешто. Ако така лесно делиш квалификации од ракав, тогаш не гледам воопшто целта да се дискутира. Посебно кога станува збор за нешто шо воглавно наиде на позитивен прием во речиси целокупната меѓународна а дел и од домашната јавност.
Целта на Димитров сигурно не била да наштети на нашите интереси со твитот, ама ете тие шо патриотизмот не го вадат од уста плукаат на се со ред поради лични фрустрации пред се, без да земат во предвид дека потегот не нанесе никому никаква штета, напротив. Која и да била целта сега падна во вода со еден непотребен антагонизам кој се наметна преку нозалните секрети на центарот за лажги со опашки.
Лично не видов сарказам никаде освен во твитот, се друго шо следеше беше токму она шо ти го опиша, патетика и очај како резултат на фрустрации и ништо повеќе од тоа. Тука се гледа “патриотизмот“ и се прави јасна дистинкција меѓу лешинари и вистински политичари.
На крајот поставив и неколку според мене суштински прашања, но изгледа доматите се поинтересни за дебатирање.
Ќе го видиме во наредните денови ефектот од домат дипломатијата. За јавноста и медиумите можеби ова е и симпатично, на крајот битно е што ќе речат Макрон и неговата дипломатија. Како што рекле: во дипломатијата нема простор за љубов и симпатии во нејзе има само интерес.
Чуден пристап искрено да наметнеш суштински прашања преку начнување на како самиот велиш банална дискусија, мене повеќе ми личи ова на обид за лична дискредитација и ништо друго. Посебно од Горе/Доле Република Македонија (Скопје) патриотите.
Ова веќе станува трагикомично. Јас паралелно начнав нешто шо може да се смета за суштинска дискусија преку индиферентноста кон одредени збиднувања на Косовоа индиректо поврзани со нас, арно ама очигледно тоа не е интересно како доматите.Кој наметнал суштинска дискусија а кој банална не знам, заклучи сам.
Како и да е, во десет години буквално владеење на претходната власт немаше вакво дипломатско раздвижување, која беше причината не знам, тие си знаат што им беше целта. Името не го даваме сигурно не, тоа барем слушнваме сите, никој не спомна тешко, предавнички или сл. туку само се постави прашање дали ќе пројде.Без да се чепне имиџот и рејтингот. Ама ако тие го понудеа ова тек тогаш ќе имаше јад и очај на сите страни.
Сите сега шо се дел од името не го даваме и македонија на македнците ако дојде пак на ДПМНЕ на власт кој знае какви не бедни изговори ќе даваат за своето лицемерие.
Грците освен на внатрешноплитички план не губат ништо во суштина дури и да не признаат под уставно име, па сепак кај нив се води сериозна суштинска далекусежна дебата за договорот.
А за интересите си потполно во право, е сега шо ние имаме да понудиме треба да се размисли. Пошто она шо некој кај нас го купува со релативно малку пари, во ЕУ го купува исто така само со многу повеќе пари. Двојни игри се, на две различни страни се купува различно влијание а со иста цел.
На крај, ми се допаѓаат постовите што ги пишуваш, не знам дали воопшто ме читаш или и тебе ти си предолги работите кои што ги пишувам. Би те замолил без твитер аналогии, партиски муабети и.т.н. Ништо од ова што го пишувам не се базира врз такви работи, ова се комплетно мои лични ставови и за нив превземам целосна одговорност.
Ако не те читам верувај дека никогаш не би се впуштил во дискусија со тебе, а има многу текстови тука кои ги скокам чисто ради „авторот“ без разлика на содржината. Аналогијата се подразбираше чисто поради фактот шо тоа шо си пишал целосно се поклопи со нозалните секрети на центарот за лажги со опашки, еднставно инерцијата која ја создаде наративот става во контекст сакал или не. А нечие мислење дали е базирано на инертност или сопствен ум не е мое да ценам.[DOUBLEPOST=1530020662][/DOUBLEPOST]
Тешко ќе биде со оглед на тоа дека Франција цврсто стои против преговори а изгледа има уште пар земји кои тивко ја подржуваат. Можеби ќе има некое тапшање по рамо и ветување на некој смешен датум за давање на датум за преговори можеби наредна година, ама гаранции за таква работа ќе нема.
Фактичката ситуација ќе биде дека нема придвижување во интеграциите по потпишувањето на договорот и Заев ќе треба да оди на референдум без покана за членство во Нато и без датум за преговори со ЕУ. Ќе треба да блада приказни кои реално тешко ќе поминуваат сега.
А ако кампањата им се води во овој стил...
https://fokus.mk/da-se-bide-pleme-makedontsi-ili-tsivilizirani-severnomakedontsi/
Да се биде племе Македонци или цивилизирани Северномакедонци!
Им прогнозирам величествен успех на референдумот
Премногу импровизации прават затоа, немаат долгорочна стратегија а поради тоа не може да има синхронизација на ПР со збиднувањата, купи-ден-помини а сето тоа зачинето со лични и теснопартиски интереси. После една декада на братучедите да дозволиш да те стават во ист ќош со нив треба сериозен антиталент. Тие си знаат најдобро, големи се.