Списанија

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Екипо се продава ли уште Плејбој кај нас ?
Не.Македонската франшиза за Плејбој пропадна. Неколку 4-5 броја и толку беше.
Ако најдеш некаде да се продава српското или хрватското aко сеуште и тие постојат.

Еве сега се појави ново машко спосание М магазин
https://www.google.com/amp/s/www.slobodenpecat.mk/magazin/mmagazin-novo-spisanie-osvezhuvane-za-mazhite/amp/
50 денари е. Убаво квалитетно испечатено.

Се надевам има и фотки од голи теткици во него :)

Конечно на некој му текна и машко списание да создаде во државава иако ретко купува и чита македончето списанија, а со новава технологија каде сите информации ги имаш на дланка со неколку клика на компјутер или мобилен скоро и ич некој да купува било какво списание.

Сепак се надевам ќе се смени нешто и се надевам ова списание ќе опстои долги години а не како сите други списанија и весници што пропаднаа.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853

Интересно звучи новово машко списание, се надевам и ја дека ќе имаат среќа. Од женскиве Портрет и Unique се за пофалба, особено портрет зошто има феноменални фотографии низ 90% од страниците, ми се чини дека овие две ја надминаа и Убавина и Здравје во последниве години.
 
Портрет едно од најубавите, иако не го купувам често сепак знаат да направат добри фотографии на насловните, има што да прочиташ иако највеќе списанието е наменето за женскиот пол.

Ова новово машко списание е она што одеше како додаток во Авто плус Магазин и сега го одвоија. Прва прилика и го купувам. Обожавам колоритни списанија со убави текстови плус тој мирис на ново свежи печатени страни :vozbud:
 
Истото и мене ме тера да ги фрлам парите по списанија, мирисот е неодолив бре :D ме враќа во детство кога ги дишев учебниците :LOL: а и филингот е скроз друг кога си го имам списанието ко предмет во собата одколку само да го прочитам истото низ нет, онака набрзина. (y)
 
Колку и да моментално живееме во дигитално време сепак печатено си е печатено за мене а со помош на дигитализацијата добиваме уште подобро испечатени и сработени весници, списанија, книги.

Јас од секогаш сум да секој дом има дома домашна библиотека на барем неколку книги, на масичката во трпезаријата стои некое списание покрај сите тие украси на мебелот. Секогаш тоа ми значело за богато начитано и информирано семејство.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Го купив она Машки магазин. Има интересни совети за фитнес, мода има, за коса, за машки карактеристики кој ги сакаат жените, за технологија а ја има и онаа позната рубрика од Вест Секс ќоше.

Не очекував дека се две списанија залепени па тука е сеуште Авто плус. Очекував дека сега ќе се одвоени со оглед на тоа што предходно Машки магазин беше во Авто плус. Сега само им ги смениле местата.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Доколку е некој заинтересиран ги продавам старите броеви на списанието Спорт бокс кое го купував само заради подароците
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Cosmopolitan што го има по продавнициве кај нас, на Македонски, Српски или Англиски е ? Само наслов сум сретнал не сум го разгледал...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Cosmopolitan што го има по продавнициве кај нас, на Македонски, Српски или Англиски е ? Само наслов сум сретнал не сум го разгледал...
Српски или хрватски мислам дека е.

Според мене најдобро и најкорисно списание што може и да се чита и чува долго во колекција е National Geographic било кое издание дали е српско, хрватско или англиско е добредојдено. Кај нас го носат српското и одвај го чекам овој број

Стварно има интересни фотографии, добри текстови и буквално си го чуваш во колекција како енциклопедија од многу изданија.
Mоментално кај нас се продава со Пикасо на насловна па после тоа е овој со пластикава на насловната.

Нормално англиската верзија сигурно е доста подобра барем за оние што разбираат добро англиски ама кај нас носат српско издание кое мене повеќе ми одговара за читање. Имам досега неколку броеви купено, не по ред бидејќи имам и прескочено некој но сепак кога можам да успеам да најдам и има нешто интересно го купувам.
 
Подолго време сакам да го купам ова на NG кога ќе го донесат најновото ако не заборавиш напиши овде друже, и кажи ми која цена е списанието ?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Подолго време сакам да го купам ова на NG кога ќе го донесат најновото ако не заборавиш напиши овде друже, и кажи ми која цена е списанието ?
Српското е 150 денари кај нас. Јас имам 9 броја од српското и 3 од хрватското кој одамна пред некоја година ги најдов стари броеви заостанати од одамна на попуст во една трафика во Тетово.

Списанијата од србија доаѓаат кај нас со закаснување еден месец. Едно време неколку месеци не го носеа во Македонија барем не го наоѓав во мојот град Тетово и затоа некој броеви ги немам а се заинтересирав да купувам некаде од 2011 иако знам за списаниево уште доста одамна.

Имаше и National Geographic Kids српско издание но не знам дали сеуште се печати тоа.
 
pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Home style, тиња списаније, таман си мислиш ок е конечно нешто ново од категоријата ентериер и дизајн, и ти идат уредниците од убавина и здравје, и ти ја копираат српската браваказа, која е светска франшиза и нема споредба со ова нашето хомстајл...буквално крадено од послените 3броја на браваказа и преведени на мкд.. башка и квалитетот на хартијата е мувла...па уште се спонзорираа по соц мрежи па и ги лајкав ко за беља :) мрш, три броја нема да истераат.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
За Нешнл Географик пробајте у Тинекс, ја го купувам се за по 50денари(најверојатно е грешка некоја, која трае) a у трафики е по 200денари.
Треба да направат и македонско издание.
 
Мислам дека пишуваше на списанието дека имаат нешто договор или соработка со Bravacasa.[DOUBLEPOST=1529932989][/DOUBLEPOST]
За Нешнл Географик пробајте у Тинекс, ја го купувам се за по 50денари(најверојатно е грешка некоја, која трае) a у трафики е по 200денари.
Треба да направат и македонско издание.
Јас колку што знам е 150 денари во трафика и тоа пишано со лепенка на списанието од дистрибутерот што го носи во Македонија. Едно време беше 200 денари па ја намалија на 150 денари.
Во Србија списанието моментално е е 300 динара. Баш ќе проверам во Тинекс Тетово ама таму слабо има списанија.

Ти да не си купувал некој постари броеви ?

Да би било добро да се направи македонска верзија но сепак слабо стоиме со франшиза списанија во Македонија. Ете еден Плејбој после неколку броја на македонски згасна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom