Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Зарем членството на Дпмне ќе го послуша Мицковски и ќе излезе да гласа, кога на сите им е јасно дека со седење дома ќе падне договорот?
А зошто не би го послушало кога од прв до претпоследен ешалон надолу знаат дека доколку се смени името минимум 10 години ќе бидат на власт?
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Ако е толку многу добар и позитивен за сите нас договоров зошто се ратификува во собрание без никаква дебата и дискусија на шверцерски начин набрзинка дигни рацете гласај за и бегај,
Па ВМРО неќеше да го дебатира, они напуштија собрание и СДСМ и останатите се ЗА, нема поента меѓу себе да се убедуваат зошто се - ЗА. Си знаат они. Директно преминаа на гласање.

ВМРО им остави отворена врата без дебата и што побрзо да помине се ова. И Димитар Апасиев од Левица ги обвини за соучесници во договоров.

Им дозволија да го ратификуваат без дебата, не излегуваат на протести, јавно не прават некоја кампања против, го поддржаа референдумот, доколку помине, ќе го гласаат и така. Тоа ќе биде тоа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.296
Поени од реакции
26.179
Зарем членството на Дпмне ќе го послуша Мицковски и ќе излезе да гласа, кога на сите им е јасно дека со седење дома ќе падне договорот?
Ако им кажат дека така е најдобро за да си ги вратат изгубените шефовски позиции (кај некои и самата работа), лежерноста за идење на работа кога сакаш, можноста за нова корупција и слично, мислам дека ќе убеди 250.000 да гласаат.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Димитар Апасиев
пред 4 часа

Дознав дека дел од “професионалните” новинари, кои ве убедуваат да си го смените името, зимаат по околу 3.000 ЕУР хонорар месечно. А вие ринтајте за 200 ЕУР плата и гласајте на референдум за да има цензус. Или, шо би рекол министеров за надворешни: “Win-Win ситуација”


#КешСиЕКеш
#ИлинденскаДоГроП
#Бојкот

Онај крмакон Петар Арсовски и Бемка се лидери.
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Muabetot ispagja deka VMRO pak ke bidat krivi ako pomini referendumot i se smeni imeto. Nikoj ne spomna nekakva vina kaj SDSM. Tie onaka slucajno se najdoja na pogresno mesto i vo pogresno vreme kako sto cesto im se slucuva vo poslednite trieset godini. Se samo niv im pagja parickata de da promenat zname, de ustav, de referencata, de da ne prekrojat vnatresno, de zakonot za jazici. So maleri ke bea pa i tie.
A i na kraj zosto bi se bojkotiral referendumot pa uste i cela tezina da ti bilo kaj VMRO ako ne se bojkotira pa se postigni kvotata za uspesnost. Prvo toa e demokratsko pravo sekoj da si kaze sto misli okolu toa. Ako mnozinstvoto smeta deka treba da se smeni , neka se smeni. Ako nekoj smeta deka za nekoi raboti ne se pregovara, kasno se setil za toa. Trebase eeee onamu pred dvaeset godini na toa da mislat koga voopsto i sednaja da pregovaraat i dogovaraat. Cim si sednal na masa zavrsena e taa prikazna. I za kraj koj pak gi sprecuva SDSM da go bojkotiraat referendumot. Ne deka prv pat ke im bidi.
A ne vaka kako decata. Do lani skokavte od radost koga SDSM napravi vlada i tepa na lokalni. Tuka slavje, festi imase. I sega VMRO trebalo da bojkotira. Ne VMRO treba da si izlezi na referendum i site da go prifatime rezultatot od istiot kakov i da e toa posto toa ke bidi zelbata na mnozinstvoto gragjani na ovaa republika so pravo na glas. Podemokratski od toa zdravje.
Za nekoj sto ke recat namesten vakov takov, treba da sfatat ednas deka nemozat sekogas da se povikuvaat na mestenje na izbori ili bilo sto samo i samo zatoa sto krajniot rezultat ne im bil nesto po kef. Ne za drugo tuku e krajno neseriozno i detski.
Добро си забележал. Главниот спин што сдс сега го прават, а не оди во медиуми туку по рекла казала канали за што се велемајстори, е дека ако се смени името вмро е криво оти не спречиле. По промената на името, за кое се сомневам дека ќе се случи, би имало избори и заради тоа е овој спин. И тука можеш да приметиш муабети од типот дека вмро се пазарел за ова или она, а за оној што ни скрои капата се преќутува. Од исти центср се тие муабети.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Jaс мислам дека ќе го имплементираат Преспанскиот договор но поверојатно е Франција и друга земја да не блокора во ЕУ интеграциите, па и Грција да бара уште поголеми услови за да не стави вето. Ние се ќе завршиме но поверојатно надворешни сили да ни прават проблеми за ЕУНАТО.
Знаеш колку променливи има во игра, образложи прво зошто мислиш така^
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Добро си забележал. Главниот спин што сдс сега го прават, а не оди во медиуми туку по рекла казала канали за што се велемајстори, е дека ако се смени името вмро е криво оти не спречиле.
И двете се криви. И двете се под притисок од надвор. Нема бранители на Македонија, се тоа е илузија што се продава на народот. Сите си гледаат свои интереси, пред се финансиски.
 
T

Terroir

Гостин
А зошто не би го послушало кога од прв до претпоследен ешалон надолу знаат дека доколку се смени името минимум 10 години ќе бидат на власт?
Ако се смени името и влеземе (барем) во Нато за почеток Заев ќе добие уште поголема подршка од Албанците, така да дека ќе дојде Дпмне на власт мало сутра. Единствен начин да дојдат повторно на власт е да не добиеме датум за преговори со еу, и да пропадне референдумот оти цела посветеност на Заев откако дојде на власт беше таму

Дпмне веќе направи еднаш грешка што ги игнорираше незадоволните членови пред минатите избори, сега ќе направи 2ра со учествувањето на референдумот
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Знаеш колку променливи има во игра, образложи прво зошто мислиш така^
Мислам дека ќе помине на референдум позитивно и Заев ќе добие гласови за смена на устав од ВМРО. Решени се од СДСМ за договорот и имаат подршка од ЕУНАТО и други помали партии. А Ципрас ќе изгуби на избори во Грција и Грците ќе бараат или целосна имплементација на Договорот па и дополнителни барања можеби.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Воопшто не ме чуди ако Франција не даде зелено светло. Големи грчки пријатели се тие и ништо чудно да ја имаат наредено работата.

Независни грци порачаа дека ако не се гласа договорот со зголемено мнозинство од 180 пратеници ќе излезат од влада и владата паѓа. Оваа пречка е ненадминлива, ако дојде дотаму работата. Но, до таму има редерендум, устав и претседател.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.230
Поени од реакции
30.445
На добар сме пат, а некои веќе и се враќаат!
Овој бисер на префинетата сатира на белградскиот афоризматичар Александар Баљак беше отпечатен во раните осумдесети кога кобилката на југословенскиот танкер веќе почна да струга по плиткото газалиште на историјата. Одликите на најдобрата сатира што се раѓа во пазувите на режими во кои автоцензурата е посилна од официјалната цензура, се состојат најмногу во поетската акробатика на исказот што може да се чита на два сосем спротивни начина. Едното читање дава питом и тривијален исказ што служи за званична употреба, додека другото е субверзивно, наменето за вистинските читатели на сатирата. Така и изјавата дека сме на вистинскиот пат, та дури некои веќе се враќаат, ако се чита просторно и географски, го афирмира избраниот пат зашто повратниците се очебиен доказ и сведоштво за веродостојноста на изборот. Но, ако патот од афоризмот е идеен, концептуален и политички избор, тогаш батките што решиле да се враќаат веќе увиделе дека се работи за ќорсокак. Генијално.
-Мирослав Грчев
Ovoj misli onie gasterbajterine sho se vratile da si najdat nevesta za stalno ostanale :D
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Ова е некоја втора фаза од процест на протуркување на договорот со Грција за името, затоа што иницијалната прва, која што го содржеше актот на потпишување веќе заврши, па и јавноста полека се адаптира во исчекување да види од која врата ќе влезе штетниот договор за кој што се уште никој не знае што претставува, туку секој го толкува како што му е воља. Се чини оти единствена призма низ која се гледа на договорот е онаа на партиските прдала, кои што пак договорот го ставаат во равенката за остварување на лична корист, останување или доаѓање на власт. Остатокот од народот е замаен измеѓу патриотизмот и прагматичното виткање кичма во слепа надеж за некаква подобра иднина, која веќе триесет години никако да дојде.

Ова е вештачки проблем со вештачко решение, неодржливо на долг рок, за влез во вештачки организации кои што исто така не се одржливи на долг рок, кои што делуваат во име на демократијата но иронично се и нејзините главни опструктори. За колкава бесмислица станува збор е и тоа што во недостаток на аргументи како да се оправда овој смешен спор, држава од нецели два милиона народ, една од најсиромашните во Европа, со непостоечка армија е оквалификувана како фактор на нестабилност во регионот чиј што просперитет и безбедност наводно зависи од решавањето на едно вакво тривијално прашање кое што нема ама баш никаква допирна точка со загрозување на безбедност и иредентизам. Чиниш сме Иран или Северна Кореја, поседуваме нуклеарно оружје. Денес, иронично, изгледа дека најскапа и најопасна работа е човек да се декларира како македонец. Кои комедии.

Од друга страна пак Грција, пет пати поголема од нас и по површина и по население, иако во финансиска криза повторно пет пати побогата, со една од најмоќните армии во регионот, членка на НАТО - најмоќниот воен сојуз во историјата на човештвото, се плаши од една мала држава како нашата. Автоматски тука се наметнува прашањето: Каков е тој воен сојуз кои што не може да ги заштити своите членки од една мала вукојебина, која што егизистира на маргините на сите светски економски и политички збиднувања? Па зарем за членство во еден ваков сојуз менуваме име на држава и идентитет?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom