Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не треба да се потценува особено во ваква критична ситуација во која не само внатрешените државни интереси се пред критичен момент туку и надворешните интереси...
Ако некој наумил нешто да направи пред референдумот ке бара секаква можност тоа да го реализира.
Според мене треба претпазливост до референдумот и одреден период после него.
Другар некој ако сака да ги скине, нема да чека некој концерт во парк пред цело Скопје што се вика, што гледам на Инстаграм дека е таму вечерва. За министерон за здравство и за овој од АМС и јас што имав обврски од работа низ градов периодов преку ден и ги гледав речиси секое излегување може да ти составам некој вид на патерн по кој се движат, не па некој ако наумил да скине некого :) Си страдаме малку од препич :)
 
J

jakovdi

Гостин

Можеби,но има еден вид на традиција кога имало вакви важни моменти Киро,Борис... незнам :cautious:дај боже да нема такво нешто.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Само што го гледав клипот на кој Заев се колне у родени деца дека никад нема да го смени името на македонија.
Абе Заев, другаре...
па нели знаеш бе човек...
никад не викаш никад бе еј, универзално правило. За после кд ке дојде некад да не ми вадив муабети дека “пљукни-лижи“ сам биднаја.
датиебуфамилију :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.094
Поени од реакции
23.562
Се надевам ова со ВМРО ќе го освести народот во некој степен, ист ѓавол се и двете партии.

ВМРО им остави отворени врати и во собрание со ратификацијата, сега и референдумот им го поддржа, откако ќе помине референдумот, ќе го изгласаат договорот под изговор тоа е волја на народот. Ќе се надеваат дека со години ќе може да префрлаат - "ама, ама СДСМ го смени името."
E pa sakavte reformirano VMRO, sto se zalite sega.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ферид Мухиќ: Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет

Како сум можел да гласам „за“ договорот, кога во моментот не ни бев во Собранието, одговори независниот пратеник Мухиќ на тврдењето на новинарката дека според собраниските служби тој гласал „за“ договорот со Грција. Во извештајот на официјалната страница на Собранието стои дека тој гласал „за“ ратификацијата на договорот.
-----------------------------------------
Ајде сега да видиме кој лаже
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Samoto ocekuvanje deka dijasporata dolzi nesto , i treba da investira, dade ili podari za Makedonija ili za lugjeto vo Makedonija ti e pogresno.

Dali Grckata dijaspora od cela Evropa , Avstralija i USA se vrati vo Grcija da pomogne da izlezat od lajnata vo koi se zapikani vekje 10 godini ?
Dali vo Grcija cekaat dijasporata da dojde da im otvori rabotni mesta, ili da im investira ?
Dali Spanija ceka od deseticite iljadi Spanci otseleni po gragjanskata vojna po Venecuela, Argentina, Svajcarija,USA, EU da dojdat i da im ja opraat ekonomijata ?
Dali Italija ceka Italijancite od Argentina da im go namalat dolgot(emigrirajki vo vtora polovina na 20 vek) , i da im ja spasat ekonomijata ?

Spasot na Makedonija e da se napravi ekonomski plan po terkot na Polska, Ceska Bugarija i pred se Indija , kade polovina svetski kompanii investiraa vo otvaranje na centri za administravni servisi , za finansiski centri i administracija, da se vraboti mladinata vo MKD, da stekne iskustvo, znaenje, rabotna etika, i da ne kisne pred TV ili po terasi, stanuvajki vo 12 napladne.
Tie ke bidat idniot motor koj ke gradi sozdava i razviva kapital vo MKD.

Spasot e ekonomski plan za razvoj po terkot na Irska.... da investira vo informatika, i da stane evropski centar na IT.
Ircite (od koi poteknuva i samiot Trump) bea prva nacija po emigracija vo USA vo prvata polovina na 20 vek.
Dali Amerikaniziranite Irci im ja resija situacijata ? Mislam deka NE!

Makedonija treba da prekine i so SDSM i so VMRO, zemjata da ja zemat vo svoi race mladi lugje koi prethodno steknale znaenje i kapital, ama so cesen trud ...,mladi koi znaat sto e teska rabota, trud,stres, uspeh , godisni evaluacii vo kompaniite kade sto rabotele.
Mladi koi imaat iskustvo i obrazovanie, no i moral i zelba za idnina i sozdavanje na pravicno i sovremeno opstestvo.

Makedoncite sami treba da prekinat so podrzuvanje na istite izveteni likovi, koi edinstvena kariera im e da bidat na cicka na drzavata vo administracija, ili vo sobranie, cel svoj zivot pocnuvajki od svojata prva rabota vo karierata do poslednata... Cel zivot administracija, pratenici, ministri.
Sednati na fotelji od mrsulkovci, do denes .

Makedoncite da ostavat zad sebe familii, oktopodi, TATovi , kriminalni privatizacii i piramidalni stedilnici.

Za zal materijalen dobrobit ne se sozdava so rasprodavanje na toa sto predcite ni go ostavile, bilo da se toa fabriki od vremeto na SFRJ ,ili abstraktni poimi kako Ime na nacija, kultura, kulturni obelezja tradicii, i jazik.Progres nema da dojde sam po sebe ni vo EU da vlezeme utre.

Prasaj ja Sekerinska neka ti kaze sto CV ima ?
Od koga se pojavi na 20 i kusur godini cela bubuljicava seuste cica od drzavava na drzavna funkcija.
Aj da ja evaluirame ? Sto postigna, kolku e uspesna vo ovie 20 godini na politickava scena ? Daj mi ti evaluacija od 1 do 5 (5 navisoka) .
Da bese Makedonija, IBM, Apple ili Intel ili Daimler i Saab, dali Sekerinska so svojot "performans" ovie 20 godini od pocetokot na svojata kariera ke preziveese da ne bide otpustena celi 20 godini ?

Ja zedov nea samo za primer, isto e i so nekoi likovi od VMRO.

Pozdrav....
Не се работи за „очекување“ од дијаспората, туку зборам за порационално користење на парите. Ти го болдирав делот што е многу пати дискутиран на форумов, треба да ги побараш темите за економија. Во секој случај, на кратко ќе ти го пишам „планот“ што јас мислам дека би функционирал - а тоа е следното: што и да се одлучи да се направи како идеја треба да потекнува од овде и да вработува што повеќе луѓе. Ако се чека исклучиво на странски инвестиции се знае што може да се очекува од тоа: зависност од одлуки од надвор, можност за политички влијанија во економијата и неодржливост на долг рок.
За фирмите кои си ги набројал, факт е дека немало и нема кадар во државава. Посебно во последниве 15-20 години, кога се штанцаат дипломи од несериозни, приватни „факултети“ за измислени професии „менаџменти енд шит“, а инжињерските струки се деградирани и младите се незаинтересирани за нив. Види на пример, на Технолошки факултет на УКиМ колку луѓе се запишувале последниве години, а колку кај Фијат и све ќе ти стане јасно. Дајмлер си има менаџери - му треба некој со штрафцигер и чекан у рака.
За Шеќеринска случајот ми е многу подобро познат од тебе и воопшто немам време, ни желба да се бавам со таков лик. Внатрешните околности во сдс ги имам критикувано многу пред да дојдат у оваа позиција. Најголемото деградирање на партијата го направи бц, кој спроведуваше султанска политика (и му беше добар ментор на паторот btw) со тоа што форсираше неквалитетни, нехаризматични ликови, а способните практично ги уништи, за да не му ја загрозат позицијата во партијата.

Јас сум од гевгелискиот регион, и кај мене е баш спротивно од тоа што ти го напиша.

Има во моето село барем неколку кои се вратија од странство и отворија мали бизниси со пари заработени во странство, бизниси кои еве веќе неколку години сеуште си ги работат.

Фамилијата моја лично вработува 15-20 души, претежно роднини, од кои повеќето имаат фамилии во Македонија и се пола време надвор, пола овде. И не ги слушам да се жалат кога трошат странска плата на македонски цени. Тие луѓе во Македонија работа не можеа да најдат баш бидејќи не беа партиски војници...

Точно е дека многу повеќе од оние кои одат на Запад, таму и остануваат, но има и доста, барем од мојот крај кои се враќаат, како што и напоменав погоре.

Не знам колку си зборувал со роднините и пријателите кои ти се надвор, но верувај, не е никако лесно да ги гледаш еднаш во годината другарите и фамилијата со кои си пораснал и си поминал години и години во Македонија. Тоа самиот си го осеќам кога се враќам во Македонија. Кога гледам како плачат баби и дедовци кога си идам, не ми е сеедно...

И да, нема да те лажам, многу поарно ми е овде да живеам, одколку во Македонија, но не ми е сеедно, верувај.

Инаку, државната цицка добива многу пара во даноци кога тие од странство доаѓаат да трошат дома. Не е исто кога иселеник оди во продавница и некој кој работи за 200-300 евра.
Добро е тоа, ако е стварно така. Јас пишувам од лично искуство. И јас имам работено во странство, не многу долго (па и пак имам некоја опција да заминам, повторно на кратко) и многу добро знам како е тешко. Овде немам свој бизнис и некако и не ми е криво за тоа. Една фирма во која работев, буквално се угуши од неликвидност (мислам дека тоа е правиот збор) - имавме работа, а не наплатувавме ништо. Во меѓувреме фирмата си има многу трошоци, кирии за канцеларии, комуналии, давачки за придонеси за вработените, банкарски гаранции, лиценци...и си викам, да отидам во странство, да заработам пари и да ги раздавам за државата, а за возврат не добивам никаква гаранција дека тие пари би ги размножил - па подобро ќе купам стан и ќе го рентам и ќе си делкам месечна кирија. Е ова последново го создадоа мафијашиве од двеве „партии“ и затоа викам дека имам разбирање за дел од дијаспората.

Мислам оти малку се занемарува ефектот на дијаспората во државава, зборувам од социјален аспект. Последниве години имаше огромен бран на луѓе кои што перманентно се иселија од државава, но голем дел од нив се млади луѓе кои што во позадина ги оставија нивните блиски фамилии. Живеам во релативно мала средина и познавам еден куп вакви примери. Голем дел од нив работат таму и по неколку месеци и се враќаат назад кај своите фамилии. Парите кои што ги заработиле таму ги трошат овде. Претежно се реновираат старите дотраени куќи, менуваат дограма и мебел кои што нивните родители ги купиле уште во бивша ЈУ. Бела техника и електроника, голем дел одат и на храна, враќање на стари долгови, подмирување на даноци и сметки кон државата...
Значи поентата ми е дека дотациите на иселениците во странство имаат повеќе социјален карактер, како социјална помош а не некој долгорочен импакт врз економијата, освен зголемување на потрошувачката на домаќинствата. Исто, овие пари државата ги користи за намалување на дефицитот на тековната сметка. Ретко од сето ова се штеди во банка или се инвестира во недвижнини, а уште помалку во отворање во нови бизниси. Е баш тука е слабата точка на овие пари, тоа што не се инвестираат во отворање на нови бизниси. На тој начин би се видел долгорочен бенефит од ваквите пари, тие би создавале вредност и дополнителен раст на БДП, намалување на невработеноста и.т.н.

Некаде прочитав информација, грубо земено дека бројката на дотации од иселеници во странство периодот 2012 изнесувала приближно 300 милиони евра. Се шпекулира дека тоа биле многу повеќе, некој вели оти се над милијарда, што е претеризам по мое. Последниве години таа бројка наводно изнесувала 400-500 милиони, што би дошло некаде околу 5% од БДП. Што би дошло дека годишно по овој основ државата добива повеќе пари одколку преку странските инвестиции. Е сега економскиот ефект и на едните и на другите е малку различен.

Е сега работата е што голем дел од овие пари преку разни канали повторно излегува надвор од нашата економија, тие ретко креираат капитал. Ние имаме поголем увоз од извоз, голем дел од производите ги увезуваме а за тоа потребни ни се странски девизи. Друга работа е што овие пари не се долгорочен извор на средства. Ќе доаѓаат додека иселениците имаат некој близок овде. Значи со тек на време ќе се намалуваат.
Државата не може да ги убеди да ги инвестираат тука затоа што голем дел од нив заминале токму поради не функционалноста на државните институции. Тоа е парадоксот. Друг парадокс е што приливот на ваквите пари се повеќе ќе се зголемува колку што економската ситуација во државава ќе стагнира, затоа што се повеќе народ ќе бега од овде.

За крај, заклучокот. Парите од иселениците можда не се некоја претерано висока ставка но не се за занемарување. Државата треба да поработи на подобрување на условите за живот, борба против корупцијата, создавање на ефикасни државни иституции па можеби тогаш некој иселеник ќе се охрабри и да инвестира, вака тешко и јас лично не ги обвинувам за ова.
Зборот дијаспора е многу разнолик и не ми е по кеиф генерализирање, па затоа пишував од лично искуство. Познавам луѓе што се веќе трета, четврта генерација во Њујорк што имаат таму разработен бизнис, а и такви што се отидени пред година-две што уште крпат крај со крај. По ниеден параметар не можеш да ги ставиш во ист кош, освен по тоа дека решиле да заминат од овде и се нарекуваат заедно дијаспора.
Торбешите и шип тарите еднократко истураат пари во градба на куќа, која седи празна, со спуштени ролетни, (често покрај пат за да личи дека ги има милион) и со тоа праат некакво раздвижување во економијата, ама еднократно. Од тоа ќе профитира некој производител на градежно железо, бетон и тоа е тоа. Тоа е импровизирање од кое материјален краткорочен бенефит имаат многу малку луѓе.
Ако збориме за некој што им дава пари на родителите за да купуваат храна, бела техника и се во форма на таа „социјална помош“ што ја збориш, а не се влеваат во форма на банкарски заштедевини или бизнис, тогаш тие пари само се вртат овде и ефектот е скоро никаков - одат во џеб на газда на ланец маркети, нептун исл. и по мои сфаќања се „полумртви“ пари. Не ги праи големи фактот што се 5% од БДП, туку тој податок кажува болна вистина колку економијата ни е во руини.
Не се работи за „убедување да се инвестира“, туку за стварање доверба во институциите, а нашите политичари само ствараат лоша и полоша слика за истите. Гледав некој „Код“ пред неколку викенди во кој повратници од Америка, браќа, биле сведоци во некој економски спор, околу акции во „Јака“ комбинатот од Радовиш (мислам) и им бил конфискуван имот и пари - очигледно беше дека и покрај тоа што решиле да се вратат и инвестираат во државата, нашле начин преку подмитување, партиски и не беа до крај искрени во кажувањата, а очигледно беше дека влегле во партиски реванш во судот - типична наша мизерија.
Пак се сведува дека грешката е во самиот народ без разлика дали е овде или во странство. Нема поредок. Има две здружени банди што систематски ограбуваат и не дозволуваат да пркне економија на ниеден начин, како плевел.
Затоа не смеевме да дозволиме онаков криминал како на фамилијата да се амнестира. СЈО никој веќе ни го збори, ниту знае дека постои. Ништо не мрдна ни во правосудство, ни во даночење, ни во услови за бизнис - ова последново се подобри само за пајташите на сдс и евергрин олигархијата која плива као г у канализација со сите власти. Не со влез у ЕУ, туку самите требаше конечно да се опаметиме и мислам дека и откако ќе влеземе (пошо е договорена работа), дека ништо нема да се промени. Остануваат пирамидалните, мафијашки структури во партиите, силната поврзаност со бизнисот, корупцијата, а дијаспората или влегува у таа игра или праќа ситниш на мала врата.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Ферид Мухиќ: Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет

Како сум можел да гласам „за“ договорот, кога во моментот не ни бев во Собранието, одговори независниот пратеник Мухиќ на тврдењето на новинарката дека според собраниските служби тој гласал „за“ договорот со Грција. Во извештајот на официјалната страница на Собранието стои дека тој гласал „за“ ратификацијата на договорот.
-----------------------------------------

Ајде сега да видиме кој лаже
Ако е ова точно, тогаш реално дека ова може да се класифицира и како скандал за работата на Собранието. И за Законот за јазици мислам дека Села викаше дека гласал, а не го пишуваше во листата на пратеници кои гласале за. Ова отвара сомнеж дека се штанцаат гласови во Собранието и се гласаат закони и одлуки можеби и без вистинска поддршка. Затоа не е чудна ни изјавата на Заев дека ќе го зголемеле мнозинството до 2/3...Ако вака се шверцуваат гласови и до 120 пратеници ќе дојдат, не до 2/3.
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641

Абе човек, ни ден денес не се знае со колку гласа е избран Талат за претседател на собрание. Шо се чудиш.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Зборот дијаспора е многу разнолик и не ми е по кеиф генерализирање, па затоа пишував од лично искуство. Познавам луѓе што се веќе трета, четврта генерација во Њујорк што имаат таму разработен бизнис, а и такви што се отидени пред година-две што уште крпат крај со крај. По ниеден параметар не можеш да ги ставиш во ист кош, освен по тоа дека решиле да заминат од овде и се нарекуваат заедно дијаспора.
Торбешите и шип тарите еднократко истураат пари во градба на куќа, која седи празна, со спуштени ролетни, (често покрај пат за да личи дека ги има милион) и со тоа праат некакво раздвижување во економијата, ама еднократно. Од тоа ќе профитира некој производител на градежно железо, бетон и тоа е тоа. Тоа е импровизирање од кое материјален краткорочен бенефит имаат многу малку луѓе.
Ако збориме за некој што им дава пари на родителите за да купуваат храна, бела техника и се во форма на таа „социјална помош“ што ја збориш, а не се влеваат во форма на банкарски заштедевини или бизнис, тогаш тие пари само се вртат овде и ефектот е скоро никаков - одат во џеб на газда на ланец маркети, нептун исл. и по мои сфаќања се „полумртви“ пари. Не ги праи големи фактот што се 5% од БДП, туку тој податок кажува болна вистина колку економијата ни е во руини.
Не се работи за „убедување да се инвестира“, туку за стварање доверба во институциите, а нашите политичари само ствараат лоша и полоша слика за истите. Гледав некој „Код“ пред неколку викенди во кој повратници од Америка, браќа, биле сведоци во некој економски спор, околу акции во „Јака“ комбинатот од Радовиш (мислам) и им бил конфискуван имот и пари - очигледно беше дека и покрај тоа што решиле да се вратат и инвестираат во државата, нашле начин преку подмитување, партиски и не беа до крај искрени во кажувањата, а очигледно беше дека влегле во партиски реванш во судот - типична наша мизерија.
Пак се сведува дека грешката е во самиот народ без разлика дали е овде или во странство. Нема поредок. Има две здружени банди што систематски ограбуваат и не дозволуваат да пркне економија на ниеден начин, како плевел.
Затоа не смеевме да дозволиме онаков криминал како на фамилијата да се амнестира. СЈО никој веќе ни го збори, ниту знае дека постои. Ништо не мрдна ни во правосудство, ни во даночење, ни во услови за бизнис - ова последново се подобри само за пајташите на сдс и евергрин олигархијата која плива као г у канализација со сите власти. Не со влез у ЕУ, туку самите требаше конечно да се опаметиме и мислам дека и откако ќе влеземе (пошо е договорена работа), дека ништо нема да се промени. Остануваат пирамидалните, мафијашки структури во партиите, силната поврзаност со бизнисот, корупцијата, а дијаспората или влегува у таа игра или праќа ситниш на мала врата.
Е баш заради тоа што одбегнувам да генерализирам, на оваа тема зборам од економски аспект. Не дека имам нешто ептен против дијаспората, само ме иритира на моменти нивниот квази патриотизам. Инаку горе-долу сме на иста линија, поентата ми беше дека не треба да се занемарува таа пара што доаѓа од страна, не заради тоа што има некој претерано голем економски импакт, туку повеќе е од социјален карактер, што само по себе говори за мизеријата на државава во глобала. Тоа е уствари и иронијата кај овие пари, ако има функционална држава со функционални институции и жива економија ќе нема некое големо иселување а со тоа и потреба за вакви пари кои што странците ги испраќаат во вид на 'социјална помош'. Подобро е сам да заработуваш одколку да чекаш милостина од некој од страна.

Општо ако правиме муабет за дијаспора, просечниот македонец и тука и таму е ист во менталитетот, со мали варијации, сепак главните особини му стојат. Тоа се гледа и на темава и во секојдневниот живот. За ова има еден куп фактори: степен на адаптабилност кон новата средина, интелектуални капацитети, околината, луѓето со кои што се движи... за последново имам впечаток на блага гетоизација. Живеат со години на Запад и ретко остваруваат контакт со домородците таму, освен формално, и сеуште мислењата за нив ги формираат врз база на стерептипи, повеќе се дружат со балканци од колку со нив. Тоа веројатно поради големите културолошки разлики и ригидноста во адаптирањето кон истите од наша страна.
Не битно, ептен забегав, тоа е некоја друга тема за разговор.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Ферид Мухиќ: Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет

Како сум можел да гласам „за“ договорот, кога во моментот не ни бев во Собранието, одговори независниот пратеник Мухиќ на тврдењето на новинарката дека според собраниските служби тој гласал „за“ договорот со Грција. Во извештајот на официјалната страница на Собранието стои дека тој гласал „за“ ратификацијата на договорот.
-----------------------------------------

Ајде сега да видиме кој лаже
Беше расчистено ова кон крајот на гостувањето во Само Вистина. Не гласал човекот, го покажаа списокот. Не бил присутен.

Порталиве не знаеле што читаат. И во Само Вистина направија грешка, прво му рекоа дека го пишувало дека гласал - за, ама после убаво кога проверија видоа дека гласал за дневен ред нешто прво - за, а за ратификација не бил присутен.

Нема тука скандал, само новинарска неспособност.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
најпаметен исход
Сите пaрлaменти нa сите држaви членки нa ЕУ требa дa глaсaaт вo нивните пaрлaменти зa дa пoчнеме пристaпни прегoвoри?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom