Samoto ocekuvanje deka dijasporata dolzi nesto , i treba da investira, dade ili podari za Makedonija ili za lugjeto vo Makedonija ti e pogresno.
Dali Grckata dijaspora od cela Evropa , Avstralija i USA se vrati vo Grcija da pomogne da izlezat od lajnata vo koi se zapikani vekje 10 godini ?
Dali vo Grcija cekaat dijasporata da dojde da im otvori rabotni mesta, ili da im investira ?
Dali Spanija ceka od deseticite iljadi Spanci otseleni po gragjanskata vojna po Venecuela, Argentina, Svajcarija,USA, EU da dojdat i da im ja opraat ekonomijata ?
Dali Italija ceka Italijancite od Argentina da im go namalat dolgot(emigrirajki vo vtora polovina na 20 vek) , i da im ja spasat ekonomijata ?
Spasot na Makedonija e da se napravi ekonomski plan po terkot na Polska, Ceska Bugarija i pred se Indija , kade polovina svetski kompanii investiraa vo otvaranje na centri za administravni servisi , za finansiski centri i administracija, da se vraboti mladinata vo MKD, da stekne iskustvo, znaenje, rabotna etika, i da ne kisne pred TV ili po terasi, stanuvajki vo 12 napladne.
Tie ke bidat idniot motor koj ke gradi sozdava i razviva kapital vo MKD.
Spasot e ekonomski plan za razvoj po terkot na Irska.... da investira vo informatika, i da stane evropski centar na IT.
Ircite (od koi poteknuva i samiot Trump) bea prva nacija po emigracija vo USA vo prvata polovina na 20 vek.
Dali Amerikaniziranite Irci im ja resija situacijata ? Mislam deka NE!
Makedonija treba da prekine i so SDSM i so VMRO, zemjata da ja zemat vo svoi race mladi lugje koi prethodno steknale znaenje i kapital, ama so cesen trud ...,mladi koi znaat sto e teska rabota, trud,stres, uspeh , godisni evaluacii vo kompaniite kade sto rabotele.
Mladi koi imaat iskustvo i obrazovanie, no i moral i zelba za idnina i sozdavanje na pravicno i sovremeno opstestvo.
Makedoncite sami treba da prekinat so podrzuvanje na istite izveteni likovi, koi edinstvena kariera im e da bidat na cicka na drzavata vo administracija, ili vo sobranie, cel svoj zivot pocnuvajki od svojata prva rabota vo karierata do poslednata... Cel zivot administracija, pratenici, ministri.
Sednati na fotelji od mrsulkovci, do denes .
Makedoncite da ostavat zad sebe familii, oktopodi, TATovi , kriminalni privatizacii i piramidalni stedilnici.
Za zal materijalen dobrobit ne se sozdava so rasprodavanje na toa sto predcite ni go ostavile, bilo da se toa fabriki od vremeto na SFRJ ,ili abstraktni poimi kako Ime na nacija, kultura, kulturni obelezja tradicii, i jazik.Progres nema da dojde sam po sebe ni vo EU da vlezeme utre.
Prasaj ja Sekerinska neka ti kaze sto CV ima ?
Od koga se pojavi na 20 i kusur godini cela bubuljicava seuste cica od drzavava na drzavna funkcija.
Aj da ja evaluirame ? Sto postigna, kolku e uspesna vo ovie 20 godini na politickava scena ? Daj mi ti evaluacija od 1 do 5 (5 navisoka) .
Da bese Makedonija, IBM, Apple ili Intel ili Daimler i Saab, dali Sekerinska so svojot "performans" ovie 20 godini od pocetokot na svojata kariera ke preziveese da ne bide otpustena celi 20 godini ?
Ja zedov nea samo za primer, isto e i so nekoi likovi od VMRO.
Pozdrav....
Не се работи за „очекување“ од дијаспората, туку зборам за порационално користење на парите. Ти го болдирав делот што е многу пати дискутиран на форумов, треба да ги побараш темите за економија. Во секој случај, на кратко ќе ти го пишам „планот“ што јас мислам дека би функционирал - а тоа е следното: што и да се одлучи да се направи како идеја треба да потекнува од овде и да вработува што повеќе луѓе. Ако се чека исклучиво на странски инвестиции се знае што може да се очекува од тоа: зависност од одлуки од надвор, можност за политички влијанија во економијата и неодржливост на долг рок.
За фирмите кои си ги набројал, факт е дека немало и нема кадар во државава. Посебно во последниве 15-20 години, кога се штанцаат дипломи од несериозни, приватни „факултети“ за измислени професии „менаџменти енд шит“, а инжињерските струки се деградирани и младите се незаинтересирани за нив. Види на пример, на Технолошки факултет на УКиМ колку луѓе се запишувале последниве години, а колку кај Фијат и све ќе ти стане јасно. Дајмлер си има менаџери - му треба некој со штрафцигер и чекан у рака.
За Шеќеринска случајот ми е многу подобро познат од тебе и воопшто немам време, ни желба да се бавам со таков лик. Внатрешните околности во сдс ги имам критикувано многу пред да дојдат у оваа позиција. Најголемото деградирање на партијата го направи бц, кој спроведуваше султанска политика (и му беше добар ментор на паторот btw) со тоа што форсираше неквалитетни, нехаризматични ликови, а способните практично ги уништи, за да не му ја загрозат позицијата во партијата.
Јас сум од гевгелискиот регион, и кај мене е баш спротивно од тоа што ти го напиша.
Има во моето село барем неколку кои се вратија од странство и отворија мали бизниси со пари заработени во странство, бизниси кои еве веќе неколку години сеуште си ги работат.
Фамилијата моја лично вработува 15-20 души, претежно роднини, од кои повеќето имаат фамилии во Македонија и се пола време надвор, пола овде. И не ги слушам да се жалат кога трошат странска плата на македонски цени. Тие луѓе во Македонија работа не можеа да најдат баш бидејќи не беа партиски војници...
Точно е дека многу повеќе од оние кои одат на Запад, таму и остануваат, но има и доста, барем од мојот крај кои се враќаат, како што и напоменав погоре.
Не знам колку си зборувал со роднините и пријателите кои ти се надвор, но верувај, не е никако лесно да ги гледаш еднаш во годината другарите и фамилијата со кои си пораснал и си поминал години и години во Македонија. Тоа самиот си го осеќам кога се враќам во Македонија. Кога гледам како плачат баби и дедовци кога си идам, не ми е сеедно...
И да, нема да те лажам, многу поарно ми е овде да живеам, одколку во Македонија, но не ми е сеедно, верувај.
Инаку, државната цицка добива многу пара во даноци кога тие од странство доаѓаат да трошат дома. Не е исто кога иселеник оди во продавница и некој кој работи за 200-300 евра.
Добро е тоа, ако е стварно така. Јас пишувам од лично искуство. И јас имам работено во странство, не многу долго (па и пак имам некоја опција да заминам, повторно на кратко) и многу добро знам како е тешко. Овде немам свој бизнис и некако и не ми е криво за тоа. Една фирма во која работев, буквално се угуши од неликвидност (мислам дека тоа е правиот збор) - имавме работа, а не наплатувавме ништо. Во меѓувреме фирмата си има многу трошоци, кирии за канцеларии, комуналии, давачки за придонеси за вработените, банкарски гаранции, лиценци...и си викам, да отидам во странство, да заработам пари и да ги раздавам за државата, а за возврат не добивам никаква гаранција дека тие пари би ги размножил - па подобро ќе купам стан и ќе го рентам и ќе си делкам месечна кирија. Е ова последново го создадоа мафијашиве од двеве „партии“ и затоа викам дека имам разбирање за дел од дијаспората.
Мислам оти малку се занемарува ефектот на дијаспората во државава, зборувам од социјален аспект. Последниве години имаше огромен бран на луѓе кои што перманентно се иселија од државава, но голем дел од нив се млади луѓе кои што во позадина ги оставија нивните блиски фамилии. Живеам во релативно мала средина и познавам еден куп вакви примери. Голем дел од нив работат таму и по неколку месеци и се враќаат назад кај своите фамилии. Парите кои што ги заработиле таму ги трошат овде. Претежно се реновираат старите дотраени куќи, менуваат дограма и мебел кои што нивните родители ги купиле уште во бивша ЈУ. Бела техника и електроника, голем дел одат и на храна, враќање на стари долгови, подмирување на даноци и сметки кон државата...
Значи поентата ми е дека дотациите на иселениците во странство имаат повеќе социјален карактер, како социјална помош а не некој долгорочен импакт врз економијата, освен зголемување на потрошувачката на домаќинствата. Исто, овие пари државата ги користи за намалување на дефицитот на тековната сметка. Ретко од сето ова се штеди во банка или се инвестира во недвижнини, а уште помалку во отворање во нови бизниси. Е баш тука е слабата точка на овие пари, тоа што не се инвестираат во отворање на нови бизниси. На тој начин би се видел долгорочен бенефит од ваквите пари, тие би создавале вредност и дополнителен раст на БДП, намалување на невработеноста и.т.н.
Некаде прочитав информација, грубо земено дека бројката на дотации од иселеници во странство периодот 2012 изнесувала приближно 300 милиони евра. Се шпекулира дека тоа биле многу повеќе, некој вели оти се над милијарда, што е претеризам по мое. Последниве години таа бројка наводно изнесувала 400-500 милиони, што би дошло некаде околу 5% од БДП. Што би дошло дека годишно по овој основ државата добива повеќе пари одколку преку странските инвестиции. Е сега економскиот ефект и на едните и на другите е малку различен.
Е сега работата е што голем дел од овие пари преку разни канали повторно излегува надвор од нашата економија, тие ретко креираат капитал. Ние имаме поголем увоз од извоз, голем дел од производите ги увезуваме а за тоа потребни ни се странски девизи. Друга работа е што овие пари не се долгорочен извор на средства. Ќе доаѓаат додека иселениците имаат некој близок овде. Значи со тек на време ќе се намалуваат.
Државата не може да ги убеди да ги инвестираат тука затоа што голем дел од нив заминале токму поради не функционалноста на државните институции. Тоа е парадоксот. Друг парадокс е што приливот на ваквите пари се повеќе ќе се зголемува колку што економската ситуација во државава ќе стагнира, затоа што се повеќе народ ќе бега од овде.
За крај, заклучокот. Парите од иселениците можда не се некоја претерано висока ставка но не се за занемарување. Државата треба да поработи на подобрување на условите за живот, борба против корупцијата, создавање на ефикасни државни иституции па можеби тогаш некој иселеник ќе се охрабри и да инвестира, вака тешко и јас лично не ги обвинувам за ова.
Зборот дијаспора е многу разнолик и не ми е по кеиф генерализирање, па затоа пишував од лично искуство. Познавам луѓе што се веќе трета, четврта генерација во Њујорк што имаат таму разработен бизнис, а и такви што се отидени пред година-две што уште крпат крај со крај. По ниеден параметар не можеш да ги ставиш во ист кош, освен по тоа дека решиле да заминат од овде и се нарекуваат заедно дијаспора.
Торбешите и шип тарите еднократко истураат пари во градба на куќа, која седи празна, со спуштени ролетни, (често покрај пат за да личи дека ги има милион) и со тоа праат некакво раздвижување во економијата, ама еднократно. Од тоа ќе профитира некој производител на градежно железо, бетон и тоа е тоа. Тоа е импровизирање од кое материјален краткорочен бенефит имаат многу малку луѓе.
Ако збориме за некој што им дава пари на родителите за да купуваат храна, бела техника и се во форма на таа „социјална помош“ што ја збориш, а не се влеваат во форма на банкарски заштедевини или бизнис, тогаш тие пари само се вртат овде и ефектот е скоро никаков - одат во џеб на газда на ланец маркети, нептун исл. и по мои сфаќања се „полумртви“ пари. Не ги праи големи фактот што се 5% од БДП, туку тој податок кажува болна вистина колку економијата ни е во руини.
Не се работи за „убедување да се инвестира“, туку за стварање доверба во институциите, а нашите политичари само ствараат лоша и полоша слика за истите. Гледав некој „Код“ пред неколку викенди во кој повратници од Америка, браќа, биле сведоци во некој економски спор, околу акции во „Јака“ комбинатот од Радовиш (мислам) и им бил конфискуван имот и пари - очигледно беше дека и покрај тоа што решиле да се вратат и инвестираат во државата, нашле начин преку подмитување, партиски и не беа до крај искрени во кажувањата, а очигледно беше дека влегле во партиски реванш во судот - типична наша мизерија.
Пак се сведува дека грешката е во самиот народ без разлика дали е овде или во странство. Нема поредок. Има две здружени банди што систематски ограбуваат и не дозволуваат да пркне економија на ниеден начин, како плевел.
Затоа не смеевме да дозволиме онаков криминал како на фамилијата да се амнестира. СЈО никој веќе ни го збори, ниту знае дека постои. Ништо не мрдна ни во правосудство, ни во даночење, ни во услови за бизнис - ова последново се подобри само за пајташите на сдс и евергрин олигархијата која плива као г у канализација со сите власти. Не со влез у ЕУ, туку самите требаше конечно да се опаметиме и мислам дека и откако ќе влеземе (пошо е договорена работа), дека ништо нема да се промени. Остануваат пирамидалните, мафијашки структури во партиите, силната поврзаност со бизнисот, корупцијата, а дијаспората или влегува у таа игра или праќа ситниш на мала врата.