Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.234
Со обично мнозинство се гласа измена на цензусот за референдум?

Дури и да помине референдумот повторно се ќе зависи од тоа дали дел од дпмне ќе гласаат за измена на уставот. Сите мислам нема шанса да гласаат, така премногу гласови би изгубиле и секаква шанса во блиска иднина да дојдат на власт. Евентуално дел од нив да се отцепат од партијата и да гласаат, но мали се шансите и за такво нешто мислам.
Вчера Мицковски имаше изјава со која бара ,,референдумот да биде обврзувачки и демократски,,. Со таа изјава кажува се. Кажува дека ке излезе на референдум и ке ја потполни бројката до цензусот од 900.000, кажува дека одлуката на референдумот ке биде обврзувачка што значи дека пратениците на дпмне ке гласаат за уставни измени ако нешто над 450.000 гласачи го подржат договореот на референдум а тоа е извесно.... Само од оваа изјава на Мицковски повеке од јасно е дека дпмне се легнати на брашното и договорот е завршена работа, се друго е техника и глумење по сценарио.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.808
Поени од реакции
49.925
Чим воопшто му даваат легитимитет на тој референдум и најавуваат учество, мислам дека све е јасно околу ВМРО. Ќе го извадат тоа членство од 200 / 250 000 паталци чисто за да пополни цензус и да се заврши шарадава.
Ќе се дојде до банална ситуација во која Бате Геле ќе биде однесен како јагне на клање и сам ќе го помогне процесот :icon_lol:

Иначе, у меѓувреме

ЕКСКЛУЗИВНО Македонци и Албанци, леви и десни од еден штаб ќе бараат „ЗА“ на референдумот

https://plusinfo.mk/ексклузивно-македонци-и-албанци-леви/
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Се надевам ова со ВМРО ќе го освести народот во некој степен, ист ѓавол се и двете партии.

ВМРО им остави отворени врати и во собрание со ратификацијата, сега и референдумот им го поддржа, откако ќе помине референдумот, ќе го изгласаат договорот под изговор тоа е волја на народот. Ќе се надеваат дека со години ќе може да префрлаат - "ама, ама СДСМ го смени името."
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Никој, никогаш, за ништо нема да се освести во оваа недојдија.
2005-та отидов у општина Карпош, уште беа усмрденине баракишта на Партизанска и се потпишав за референдумот за територијалната. Не се сеќавам, мислам жена дека го водеше списокот, ми рече "многу луѓе доаѓаат, брзо ќе се соберат потписи"...бтв сдс ја водеше најнеубедливата и најдебилната кампања во историјата на политиката и човештвото "некои прашања не заслужуваат одговор" и си викам референдумот ќе пројде глатко "против", за да се случи тоа што се случи после.
Разочарувањето беше уште поголемо затоа што нецела година после тоа паторот дојде на власт заради катастрофалните политики на сдс. Песимист е оптимист со искуство....само чекам да видам ефтино-режирано срање. Кога се немаше муда и памет да се линчува и на кол надене фамилијата за лоповлук, сега овој скот има бришан простор да си игра к***т со идентитети, имиња, интереси, знае дека никој нема рака да крене врз него, посебно што и свињите џандарски ги има у џеб сега. Народов е дизел....не касно, туку никогаш не се опаметува.
Правна држава, уништена корупција, општество со вредности...тоа доаѓа од интелигентни и работливи луѓе, а не од стока како нас.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Вчера Мицковски имаше изјава со која бара ,,референдумот да биде обврзувачки и демократски,,. Со таа изјава кажува се. Кажува дека ке излезе на референдум и ке ја потполни бројката до цензусот од 900.000, кажува дека одлуката на референдумот ке биде обврзувачка што значи дека пратениците на дпмне ке гласаат за уставни измени ако нешто над 450.000 гласачи го подржат договореот на референдум а тоа е извесно.... Само од оваа изјава на Мицковски повеке од јасно е дека дпмне се легнати на брашното и договорот е завршена работа, се друго е техника и глумење по сценарио.
Тоа е едната варијанта. Другата е дека се сигурни дека не може да се исполни цензус. Доколку помине референдумот и тие гласаат, ќе биде катастрофа за партијата.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Јас пак делот каде што вика демократски го толкувам како услов за да се негира и бојкотира. Досега не беше во нивниот речник, а и делот каде што вика дека може да се случи и да нема референдум. Ќе каже времето...

Како што сум сигурен дека нема сите членови и симпатизери на СДСМ да гласаат, сигурен сум дека и членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не би го послушало Мицкоски доколку одлучи да излезе на референдум. Нема механизам како би ги мотивирало партијата на луѓето да излезат и да гласаат. Не се власт, не може да ги условува со некое ветување и да им врши притисок за истото, така да каква и да има кампања за да се излези и да се гласа против ќе удри директно врз неговата глава на чело на партијата.

Истото го мислам и за членството и симпатизерите на СДСМ и тоа оние кои се работно обезбедени, не гајат симпатии кон Заев и јасно гледаат дека договорот е штетен. Од нив очекувам бојкот исто така.

Искрено ме зачудија Беса и Алијансата...тие беа со порадикални ставови кога беше Илинденска предлогот како тоа не ги отсликувало албанците во името, за да пак за Северна одма да дадат поддршка. Си знаеме кој ги легнал на брашното.

И со јавна одлука на ВМРО-ДПМНЕ да се излезе и да се гласа против (што искрено не верувам такво политичко самоубиство да си направи Мицкоски, но ете хипотетичка ситуација нека биде) очекувам само оние членови и симпатизери на СДСМ кои имаат личен интерес во излезот да се убедат лесно да излезат и нека биде таа бројка до 200/250 илјади, нека се околу 100/150 илјади максимум албанци и околу 50/100 илјади (максимум од ВМРО-ДПМНЕ)...тоа е 500 илјади максимално. Ете и СДСМ сите 450 нека ги вади (што нема теорија) ќе бидат 700 илјади, а тоа е далеку од цензусот. Единствен ризик би било евентуално полнење на кутии, нешто што и Мицкоски го напомена во делот демократски...а тоа се оние места каде во просек излезноста била 30-50%, а на референдум да биде 90%.

Затоа Димитров размислува за консултстивен или намалување во цензусот затоа што и кај нив во дворот не е се така розево.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662

Го потцени бројот на албански гласови, има да ги носат и од арктикот за гласање. Албански гласови ЗА ќе бидат околу 250.000. Сите цигани ќе ги соберат на гласање исто така. Најмалку околу 200.000 македонци ќе гласаат ЗА, тие хардкор СДСМ членови што ја следат партијата што и да побара (ко за територијалната).
+ Да напоменеме дека ќе е референдум каде Бејли и Хан ќе шетаат по изборни места, со очи широко затворени за пополнување дупки.

Гласови ЗА ќе има мин 450.000, може да стигне и до 500.000. Така да т'нко ќе е околу референдумов. Ако ВМРО има кампања за гласање против, тогаш отиде името.
Само седење дома му е спасот овој пат. Бар за тоа не бива.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Kolku EUR baras za da si go smenis licnoto ime vo Parazit ? Potpisueme dogovor ili sto ? Plus edna nedela ke te zemam na odmor vo Spanija, vo Mallorca se plateno,pa ke se vozime so gliser.....moze i vratovrska ke ti podaram, demek, za da izlezes od financiska kriza i da ti trgne vo zivotot ..... :pos::pos:
Да треба да барам од брат македонец кој живее со мене во вукојебинава, не би земал ни евро ама вака, дијаспорски пари, јас се сложувам за 100.000 евра да си го сменам името :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.234
Тоа е едната варијанта. Другата е дека се сигурни дека не може да се исполни цензус. Доколку помине референдумот и тие гласаат, ќе биде катастрофа за партијата.
Ако учествуваат, повеке од сигурно е дека ке се исполни цензусот. На последните парламентарни избори излегле 1.191.811 гласачи, а за да референдумот биде успешен потребни се да излезат 892.209 гласачи, односно да излезат 299.602 гласачи помалку отколу на парламентарните избори.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Го потцени бројот на албански гласови, има да ги носат и од арктикот за гласање. Албански гласови ЗА ќе бидат околу 250.000. Сите цигани ќе ги соберат на гласање исто така. Најмалку околу 200.000 македонци ќе гласаат ЗА, тие хардкор СДСМ членови што ја следат партијата што и да побара (ко за територијалната).
+ Да напоменеме дека ќе е референдум каде Бејли и Хан ќе шетаат по изборни места, со очи широко затворени за пополнување дупки.

Гласови ЗА ќе има мин 450.000, може да стигне и до 500.000. Така да т'нко ќе е околу референдумов. Ако ВМРО има кампања за гласање против, тогаш отиде името.
Само седење дома му е спасот овој пат. Бар за тоа не бива.
Тука сме некаде...ете и 250 нека се максимум. Јас мислам дека реалната бројка е таа. Опасностите се тие што ги напомена и мега кампањата која ќе ја форсира власта со иднината во ЕУ и НАТО.
Ако учествуваат, повеке од сигурно е дека ке се исполни цензусот. На последните парламентарни избори излегле 1.191.811 гласачи, а за да референдумот биде успешен потребни се да излезат 892.209 гласачи, односно да излезат 299.602 гласачи помалку отколу на парламентарните избори.
На последните избори имаше ненормална излезност. Не верувам дека некогаш би се повторила. Имаше баш анализи дека добар дел од апстиненти кои не гласаат 15 години излегле да гласаат.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Тука сме некаде...ете и 250 нека се максимум. Јас мислам дека реалната бројка е таа. Опасностите се тие што ги напомена и мега кампањата која ќе ја форсира власта со иднината во ЕУ и НАТО.На последните избори имаше ненормална излезност. Не верувам дека некогаш би се повторила. Имаше баш анализи дека добар дел од апстиненти кои не гласаат 15 години излегле да гласаат.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
Референдумот ќе биде консултативен значи не треба 50% излезност...а тие што ќе излезат ќе гласаат ЗА и решена работа.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Референдумот ќе биде консултативен значи не треба 50% излезност...а тие што ќе излезат ќе гласаат ЗА и решена работа.
Епа не е облигаторен во Собрание како таков. Така да не знам колку е решена работата.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
312
Поени од реакции
477
Референдумот ќе биде консултативен значи не треба 50% излезност...а тие што ќе излезат ќе гласаат ЗА и решена работа.
Не е битно, и да е консултативен, (Грците инсистираат на обврзувачки) ако не излезат 50 посто ќе биде неуспешен.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.867
Поени од реакции
36.901
Референдумот ќе биде консултативен значи не треба 50% излезност...а тие што ќе излезат ќе гласаат ЗА и решена работа.
Не е точно. Без разлика дали е консултативен или задолжителен цензусот е потребен. Без 50%+1 гласач нема успешен референдум

П.С.

Французиве ако му го натопорат на Заев и блокираат датум за преговори, плус поканата за НАТО која всушност не важи додека не се спроведе уставна ревизија, на Заев ќе му остане само со курот да мафта на кампањата за референдум :LOL:
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Не е лесно да се гласа за промена на име ... еве да речеме утре има референдум и што да се прави ... пола улица ми се тешки комуњаришта, а пола улица дпмнеовци кобајаги некои патриоти ... ако излезам да гласам на референдумот сите после ќе ме гледаат како предавник, ако па не излезам на референдумот т.е. го бојкотирам па овие комуњосиве стари ќе ме гледаат како вмровец, а всушност не сум ни со едните, ни со другите, ептен зезната ситуација ќе биде референдумот !
Опозицијата најверојатно ќе повикува на бојкот воопшто да не се излегува на референдумот, а пак власта (СДСМ и ДУИ) ќе повикуваат на масовна излезност на сите граѓани без разлика на етничката, верската и партиската припадност !
Сепак и покрај тоа што не сум некој патриот по се изгледа ќе го бојкотирам референдумот, кој сум јас како поединец да гласам за промена на име на држава, мислам дека и покрај се немам право на тоа, а и сигурен сум дека ништо добро нема да ми/ни донесе новото име на државава, никаков просперитет, ниту економски, ниту демократски !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom