Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.640
Поени од реакции
26.162
Тоа го трубам и јас. Секако дека народот ќе одлучи за стратешко прашање на НАТО пактот. Да беше ЕУ можда и ќе беше полабаво, вака може само да се сликаме. Грешката е направена одамна. Поточно од самото влегување во ОН. Не дека и тогаш имавме избор, но можеше да се оди без Вергината. После капитулацијата во 2001 имавме некоја си поповолна позиција, се до самитот во Букурешт одевме нагоре. После тоа ако Глујо Глуевски не влезеше клизачи со Ск 2014 притисокот од Западот ќе растеше. Но, никој не ни е крив што бираме такви елити.
Сепак да не се лажеме грчките служби поштено си го вадат лебот. Ск2014 сигурно не му се појави на сон на Глуки. Има тука мрсна пара земено патлиотот од душманите. Од самите зачетоци на политичката кариера имаше матни зделки со грците(Окта ако не грешам). Вергината исто е грчко масло и кој знае уште колку други вакви и слични операции. Така се гради позиција, со служби, врски во стејт департментот, ЕУ итн. Тон пари и матни зделки им беа потребни за да вака не избришат од подот во 2018.
Зајко е само последното парче во сложувалката, иако не помалку битно од останатите.
СК-2014 и антиквизацијата како пречка за преговорите се само за внатрешна употреба кај нас... Најава дека Заев ќе донесе некакво решение,што впрочем се случи... и политички лукратив да се оправда лошото решение пред домашната публика... Позициите се тие кои се веќе 27 години... Не сме биле ниту во една секунда во подобра позиција. Само сега дојде јајцето на газот да се влезе во НАТО и тоа е тоа...
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.101
Поени од реакции
11.123
@blanco
Што придобиваат грците со 2014?Викаш дека Грујо бил поткупен за да го изгради тој проект,па не сфаќам зш?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
@blanco
Што придобиваат грците со 2014?Викаш дека Грујо бил поткупен за да го изгради тој проект,па не сфаќам зш?
Школски пример со кој ја рушат нашата позиција на ,,конструктивен преговарач,, кој се залага за решавање на спорот. Нешто што бевме од Букурешт до Ск2014
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Ако биде изгласан импичмент на претседателот, за колку време би следеле претседателски избори?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Школски пример со кој ја рушат нашата позиција на ,,конструктивен преговарач,, кој се залага за решавање на спорот. Нешто што бевме од Букурешт до Ск2014
Значи муабетов кој подобро ќе го шитне името...се е до техника. Трамп најбољи е за Македонија он се лупа во гради колку добро преговарал.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Не ја гледам потребата да истрескаш нешто за што веројатно не си ни информиран. Цела акција е снимана со дрон под обсервација на меѓународна заедница. Доколку имаше еден непотребно испукан куршум, ќе имаше и одговорност. Нека ти текне само на видеото каде што од единица ги тепаа терористите кои што се предадоа, па неколку и од нив одговараа пред суд.
Лично мој став е тоа, еве да повторам, старешините кои беа на терен требаше да ги ликвидираат сите тие штеточини, пошто како стојат работите ништо чудно да ги ослободат. Тоа беше пола населба таму воена зона, можеше само да шпекулира некој и ништо повеќе од тоа за како се одвивале настаните. Кога и да е, истите тие пак ќе прават проблеми.

Не глеам само шо врска има безпилотното летало, во услови на борба во густо населено подрачје може да обезбеди само термален потпис, ништо повеќе од тоа. Евентуално ако носеа од МВР транспондери за идентификација, друго тешко. Тетра системот посекако знаат дека сите наши „пријатели“ и „комшии“ го следат будно, така да не глеам проблем и тука.
Зошто дошло до таков куршлус а не била таа целта јас имам своја верзија, не знам за тебе. Ниту на МВР а уште поверојатно ниту на учките не било такво сценариото.

Е сеа не ја глеам потребата од употреба на шерифски изрази како истресе и слично ако сум погрешил нешто, така на друго место и тоа преку qr ако си админ, модератор или шо и да е на форумот. Секогаш сум коректен и очекувам исто. Посебно од некој кој треба да внимава на нивото на дискусија на формот кај сите членови.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.640
Поени од реакции
26.162
Школски пример со кој ја рушат нашата позиција на ,,конструктивен преговарач,, кој се залага за решавање на спорот. Нешто што бевме од Букурешт до Ск2014
Колку наивно гледиште на работите за Букурешт... Отишле Грујо и Бране со пакет промена, која Грците не ја прифатиле... Кај беше ратификувана таа промена ?? Кој беше гарант за таа промена..

А од друга страна збориме за конгрес, за прием во НАТО... Во Букурешт немаше преговори за име, во Букурешт требаше да бидеме примени под привремената референца. Немаше во позадина никакво пазарење, никакви преговори, никакви игри околу името.

Поради тоа беше тужбата во Хаг.

Значи не добивме никаква позиција во Букурешт, ниту сме изгубиле нешто што го немаме со СК2014... Тоа се све политички приказни за дневнополитички поени, кои гледам дека успеале во својата цел.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Лично мој став е тоа, еве да повторам, старешините кои беа на терен требаше да ги ликвидираат сите тие штеточини, пошто како стојат работите ништо чудно да ги ослободат. Тоа беше пола населба таму воена зона, можеше само да шпекулира некој и ништо повеќе од тоа за како се одвивале настаните. Кога и да е, истите тие пак ќе прават проблеми.

Не глеам само шо врска има безпилотното летало, во услови на борба во густо населено подрачје може да обезбеди само термален потпис, ништо повеќе од тоа. Евентуално ако носеа од МВР транспондери за идентификација, друго тешко. Тетра системот посекако знаат дека сите наши „пријатели“ и „комшии“ го следат будно, така да не глеам проблем и тука.
Зошто дошло до таков куршлус а не била таа целта јас имам своја верзија, не знам за тебе. Ниту на МВР а уште поверојатно ниту на учките не било такво сценариото.

Е сеа не ја глеам потребата од употреба на шерифски изрази како истресе и слично ако сум погрешил нешто, така на друго место и тоа преку qr ако си админ, модератор или шо и да е на форумот. Секогаш сум коректен и очекувам исто. Посебно од некој кој треба да внимава на нивото на дискусија на формот кај сите членови.
Прво, извини за изразот.

Во врска со ситуацијат, не верувам дека некој од старешините бил спремен да ликвидира некој кој е веќе предаден зошто биле свесни дека ќе се соочат со меѓународен суд (ваљда).

Која е твојата верзија?
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.183
Поени од реакции
4.146
Ако биде изгласан импичмент на претседателот, за колку време би следеле претседателски избори?
За импичмент треба 82 пратеника да гласаат - за. Па потоа уставен суд да одлучува. Што значи дека минимално, дванаесет пратеника на ВМРО ќе треба да и го свртат грбот на партијата. Тешко тоа да се случи.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.640
Поени од реакции
26.162
За импичмент треба 82 пратеника да гласаат - за. Па потоа уставен суд да одлучува. Што значи дека минимално, дванаесет пратеника на ВМРО ќе треба да и го свртат грбот на партијата. Тешко тоа да се случи.
да те исправам ..81..
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Може да те банираме и да не' оставиш да си елаборираме на раат? :збунет:
Абе херои сте за тоа, симињам капа.

Субјективноста ви е најјакото оружје, кога не е по ваше бан, просто.


ПС. Има и многу сведоци, со таков арогантен однос и толку многу лични навреди (како што ги имате упатено на многу претходни постови) од ваша модераторска страна ќе го потонете форумов.
Вие треба да сте образот на форумов, а не опачината!
Аплауз @ Peja989
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.402
Поени од реакции
7.851
Прво, извини за изразот.

Во врска со ситуацијат, не верувам дека некој од старешините бил спремен да ликвидира некој кој е веќе предаден зошто биле свесни дека ќе се соочат со меѓународен суд (ваљда).

Која е твојата верзија?
Нема зошто,

Не знам јас кој за што е спремен, чисто мое гледиште изнесов. И овој Хоџа кажа дека е огромен успех да ликвидираш 8 припадници на посебните единици на МВР и уште близу 50 да неутрализираш. Да немаше преживеани учки тоа тешко дека ќе го изјавеше.
Од селекција до учество во акција знаеш колку ресурси се потребни да стигнат тие луѓе...настрана цивилен, чисто од воен аспект гледано. Личната трагедија не е за спомнување и црнилото кое ќе го носат тие фамилии цел живот.

Инаку тоа безпилотно летало единствено можеше да биде game changer ако го испратеа од Акротири или Италија, не верувам дека во Бондстил има таква класа. Ако е нашето од МВР или било кое регионално ти кажав што може да обезбеди.

Мојата верзија е неинформирана, не знам зошто сакаш да истресам пак нешто на форум. Затоа ќе си ја задржам за себе.

Добра ноќ.

:icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom