ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Да не те подлажнуваат малце? Фронтенд дивелопери со по 6 години искуство не земаат по толку, и тоа зборам за луѓе кои работат во странски фирми тука во Македонија.
 
Зависи како ке се договориш. Спремај добро портфолио, и не попуштај.
Искуство од 2 колеги од факс, двајцата без искуство.
Едниот почна со 20к плата (frontend), другиот со 60к денари(mobile,хибридни апликации). Ако добро се спремаш за интервјуата и аплицираш во поголема фирма, би требало да можеш 50к+ за почетна плата.
И секако, внимавај во кои фирми ке аплицираш, некои замараат основи, некои се посветуваат на практични прашања. Добро е однапред да знаеш што ке те чека на интервју.
Имам другари што работат на вакви слични позиции плата од 350 евра до 700 евра
Инаку за фронтенд платите се до кај 350 евра
 
Зависи што фронтенд, девелопери што работат со ангулар може да идат и над 1000 евра (зависи од човекот), дизајнери можно е да се помалку платени. Ама луѓе со искуство од проекти лични/од факс да земаат околу 60 К, е такво нешто немам сретнато.
 
Да не те подлажнуваат малце? Фронтенд дивелопери со по 6 години искуство не земаат по толку, и тоа зборам за луѓе кои работат во странски фирми тука во Македонија.
За платите им верувам, само незнам дали колегата е исклучок, или тоа се стандард плати во индустријата.
 
Некако не ми се верува толку да му е почетната плата без искуство или е еден од сто за кој се спремни да платат толку добро. Ама пак без искуство :unsure:
 
Мислење за ITCrowd фирмата?

Крајно сумњива фирма во која кога јас бев практикант, имаше повеќе практиканти отколку вработени... Значи сакаат луѓе за џабе да им работат проекти. Од друга страна и вработените не се платени добро, затоа им бегаат цело време. Сумите кај поискусните девелопери не знам какви беа, ама на мене како почетник после 3 месеци пракса ми понудија вработување со 15.000 денари плата. Секако дека одбив и тргнав да си ја барам среќата на друго место.
 
Добро барем научи ли нешто таму? Еве и нека е одреден период работење за џабе, ама да е корисно.
 
Крајно сумњива фирма во која кога јас бев практикант, имаше повеќе практиканти отколку вработени... Значи сакаат луѓе за џабе да им работат проекти. Од друга страна и вработените не се платени добро, затоа им бегаат цело време. Сумите кај поискусните девелопери не знам какви беа, ама на мене како почетник после 3 месеци пракса ми понудија вработување со 15.000 денари плата. Секако дека одбив и тргнав да си ја барам среќата на друго место.
Како што знам речиси сите почнуваат со таква плата во сите фирми.
 
Како што знам речиси сите почнуваат со таква плата во сите фирми.

Почетната плата обично се движи од 18 до 21 илјада, зависи од фирма до фирма. Под тоа мислам дека не вреди да се прифати.
 
Почетната плата обично се движи од 18 до 21 илјада, зависи од фирма до фирма. Под тоа мислам дека не вреди да се прифати.
Ако го имаш знаењето и сметаш дека заслужуваш повеќе, тогаш во ред. Но, како почетници мислам дека и со 200 евра би требало да сме задоволни. Барем платите во ИТ секторот растат од месец во месец, па не се нудат фиксни плати. Имам познаници што започнаа со 250, после 1 година стигнаа до 600. Сега им е уште повисока. Се зависи и до фирмата.
 
Зависи како напредуваат и колку време ќе останеш на таа почетната плата.

Некаде и од прва 400 евра ќе ти понудат, ама може на таа плата да останеш најмалку една година, а на друго место како почетник може да имаш 250 евра и покачување од 100 евра на секои 3 месеци што на крај на годината имаш над 1000 евра плус

Да додадам и дека ако некој навистина е многу добар во таа работа што ја работи може приватно да си заработи нешто плус и да не чека само од едно место, неколку проекти месечно и имаш дополнителна заработка.

Јас со жена ми плус работам и уште за две фирми. Работа има само еден ден во неделата кога имаат извоз, некогаш и два дена ама ништо страшно и треба да им средиме документи и да ги испратиме каде треба.
Тие фирми си имаат пресметано дека не им се исплаќа да вработат двајца кои мора да знаат германски и англиски, па подобро некој од дома да им средува за помалку пари.
 
Последно уредено:
Ако го имаш знаењето и сметаш дека заслужуваш повеќе, тогаш во ред. Но, како почетници мислам дека и со 200 евра би требало да сме задоволни. Барем платите во ИТ секторот растат од месец во месец, па не се нудат фиксни плати. Имам познаници што започнаа со 250, после 1 година стигнаа до 600. Сега им е уште повисока. Се зависи и до фирмата.

Да, зависи од фирмата. Сигурно има фирми што плаќаат фер и ако стварно те бива, можеш да стигнеш од 250 до 600 за една година. Ама има и фирми чии газди се мочковци, кај што lead developer без кој би пропаднала фирмата зима 900 евра, а за јуниори над 350 евра тешко. После 9 месеци работење во таква фирма, кај што се окозував од работа и стварно се трудев да се докажам, за да добијам покачување од 50 евра, решив да си фатам патот надвор.
 
Почетната плата обично се движи од 18 до 21 илјада, зависи од фирма до фирма. Под тоа мислам дека не вреди да се прифати.
Колеги земаат по 30-40к прво вработување.
 
Да, зависи од фирмата. Сигурно има фирми што плаќаат фер и ако стварно те бива, можеш да стигнеш од 250 до 600 за една година. Ама има и фирми чии газди се мочковци, кај што lead developer без кој би пропаднала фирмата зима 900 евра, а за јуниори над 350 евра тешко. После 9 месеци работење во таква фирма, кај што се окозував од работа и стварно се трудев да се докажам, за да добијам покачување од 50 евра, решив да си фатам патот надвор.

Види, ако не си бараш, нема да добиеш. А под барање мислам најави им само дека си идеш и ќе видиш како експресно ќе ти понудат повисока плата, нормално ако си им вршел некаква работа и ако си вредел. Барем у Македонија се кубури со кадар и тие јуниори кои што доаѓаат од факс директно обично имаат елементарни познавања така што тешко се наоѓа кадар, секоја чест на исклучоците. Бар моето искуство беше такво кога правев интервјуа со кандидати. Али пошто ти више си се снашол на страна тоа е уште поголем успех. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom