- Член од
- 16 мај 2016
- Мислења
- 488
- Поени од реакции
- 661
- Возраст
- 69
Без професионално искуство. Само со проекти од факс и пракса.50K - 60K без искуство?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Без професионално искуство. Само со проекти од факс и пракса.50K - 60K без искуство?
Имам другари што работат на вакви слични позиции плата од 350 евра до 700 евраЗависи како ке се договориш. Спремај добро портфолио, и не попуштај.
Искуство од 2 колеги од факс, двајцата без искуство.
Едниот почна со 20к плата (frontend), другиот со 60к денари(mobile,хибридни апликации). Ако добро се спремаш за интервјуата и аплицираш во поголема фирма, би требало да можеш 50к+ за почетна плата.
И секако, внимавај во кои фирми ке аплицираш, некои замараат основи, некои се посветуваат на практични прашања. Добро е однапред да знаеш што ке те чека на интервју.
За платите им верувам, само незнам дали колегата е исклучок, или тоа се стандард плати во индустријата.Да не те подлажнуваат малце? Фронтенд дивелопери со по 6 години искуство не земаат по толку, и тоа зборам за луѓе кои работат во странски фирми тука во Македонија.
Мислење за ITCrowd фирмата?
Како што знам речиси сите почнуваат со таква плата во сите фирми.Крајно сумњива фирма во која кога јас бев практикант, имаше повеќе практиканти отколку вработени... Значи сакаат луѓе за џабе да им работат проекти. Од друга страна и вработените не се платени добро, затоа им бегаат цело време. Сумите кај поискусните девелопери не знам какви беа, ама на мене како почетник после 3 месеци пракса ми понудија вработување со 15.000 денари плата. Секако дека одбив и тргнав да си ја барам среќата на друго место.
Како што знам речиси сите почнуваат со таква плата во сите фирми.
Ако го имаш знаењето и сметаш дека заслужуваш повеќе, тогаш во ред. Но, како почетници мислам дека и со 200 евра би требало да сме задоволни. Барем платите во ИТ секторот растат од месец во месец, па не се нудат фиксни плати. Имам познаници што започнаа со 250, после 1 година стигнаа до 600. Сега им е уште повисока. Се зависи и до фирмата.Почетната плата обично се движи од 18 до 21 илјада, зависи од фирма до фирма. Под тоа мислам дека не вреди да се прифати.
Ако го имаш знаењето и сметаш дека заслужуваш повеќе, тогаш во ред. Но, како почетници мислам дека и со 200 евра би требало да сме задоволни. Барем платите во ИТ секторот растат од месец во месец, па не се нудат фиксни плати. Имам познаници што започнаа со 250, после 1 година стигнаа до 600. Сега им е уште повисока. Се зависи и до фирмата.
Колеги земаат по 30-40к прво вработување.Почетната плата обично се движи од 18 до 21 илјада, зависи од фирма до фирма. Под тоа мислам дека не вреди да се прифати.
Да, зависи од фирмата. Сигурно има фирми што плаќаат фер и ако стварно те бива, можеш да стигнеш од 250 до 600 за една година. Ама има и фирми чии газди се мочковци, кај што lead developer без кој би пропаднала фирмата зима 900 евра, а за јуниори над 350 евра тешко. После 9 месеци работење во таква фирма, кај што се окозував од работа и стварно се трудев да се докажам, за да добијам покачување од 50 евра, решив да си фатам патот надвор.