Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Друго нешто приметив на темава шо е многу интересно. Тука има некои(а социјални мрежи се преплавени од такви) шо инсистираат на недостиг на едукација и противењето на договорот од нас го изедначуваат со ќосевизам. Значи ние не сме образовани, информирани, не сме свесни за придобивките, сме нецивилизирани, закоравени...

Да видиме тоа...
Прво, кои се формално темелите на западното општество? Устав и закони. Какви Устав и закони? Такви шо гарантираат права, слободи, еднаквост, справедливост, индивиуално/колективно самоопределување. Кој е гарант на овие вредности? Западното општество, преку повелбите како шо се магна карта, повелбата за права и слободи на човекот....разните нивни дооформувања и допрецизирања во организации како ООН, ЕУ...Дали Уставот на РМ е во согласност со европските/западните начела и вредности? Дали со менување или укинување на меѓународно загарантирани права, се врши атак врз европските вредности? Дали ако е тоа така, ваков договор, наметнат од трета страна, а на штета на основни колективни права и слободи на народите да се самоопределат, е сам по себе неевропски и секој шо го поддржува воопшто не размислува у духот на истите тие западни вредности со кои шо се кити?

Шо е преседан? У англосаксонско право, тоа е извор на правото. Во континентално право(нашето), тоа е еднорог(многу ретки примери постојат и начелно е забранет, оти мора да се води органот по закон). Шо вика меѓународното право кога една држава се обврзува пред најголемата светска организација (ООН) дека нема да попречува друга држава во нејзини интеграции под референца, а прави преседан и попречува? Во конкретниов случај, таквиот преседан треба да е рушлив и секое попречување игнорирано од секој сојуз/пакт/организација кој се темели на основните постулати зададени од ООН, кој, пак, е во конкретниов случај врв на таа хиерархија. Кога има таков преседан, двапати, какви гаранции може да се понудат дека нема да има и третпат? Жими мајка? Сменивме знаме на жими мајка, а кој се изгорел од млекото...

Шо е диктаторство? Имаше тези тука дека Иванов диктаторски постапувал кога одбивал да му даде мандат на Заев, а на основан сомнеж дека постои опасност од уставна ревизија. Претседателот, како дел од извршната власт, е во исто време чувар на Уставот и законите, чии измени(особено за побитни прашања) мора да поминат преку него и да стои негов потпис...Од тоа право, нема зошто да не бара од мандатар, ако смета дека е потребно, гаранции дека ќе се грижи за уставниот поредок. Ама, кога премиер, спротивно од овластувањето за што смее, а за што не смее да преговара(државни симболи, назнаки, ознаки...), си зема на себе монархистички карактеристики и спротивно на сите одредби препишани за него, преговара, донесува, соопштува и потпишува меѓународно-обврзувачки договор, скоро без внатрешна консултација ниту со парламент, ниту со претседател, за потоа да истите ги обремени со новонастанати последици од негово неприфаќање, тоа делување има многу елементи на диктатура. Своеволно, противуставно делување, наметнување заклучоци без консензус, а следуваат закани и присила(кога ќе дојде време за референдум, од западни дипломати, амбасади...)

Има уште, ама ова се основните работи, за да не забегуваме во муабети за ќосиња и да не ја вртиме работава на другата страна. Хипстер најмногу мрази кога ќе му речеш дека он е уствари глупо ќосе. :D
Апсолутно се согласувам! Тоа смрдлав предавник Заев да си оди во Бугариjа со се Струмица и Струмишко! Македониjа на Македонците!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Интресна работа, ова фер и избалансиран договор добива ново значење. Како е фер и избалансирано кога 90% од точките од договорот се обврски кои што ние треба да ги исполниме и завршиме, не само во наредниот период, ами ќе треба да се погрижиме да важат за век и веков, да се самолоботомизираме самите и генерациите што следат, а единствена обврска која што произлегува од договорот за грчката страна е: да не го блокираат нашето членство во нато и еу, дури откако во целост ќе ги исполниме сите критериуми од договорот.
Дури ни тогаш не постои јасна гаранција и претстава што подразбира тоа "исполнување во целост" за грчката страна. Што би значело дека можат да не блокираат и по најмал основ.
У секој договор треба да има и морков и стап за двете страни, ние добивме два стапа.
Ако веќе сме спремни за смена на име треба да ни дадат датум за влез 1.1.2019 или 2020 барем да знаеме дека имаме иднина.
Тоа што грција нема да не стопира, не значи дека по основ на корупција друга држава нема да не стопира.
Имаме еден тон работа за да бидеме квалитетна држава и со договорот само ни викаат името не е пречка.
Па да е само името пречка, немаше ни потреба да влегуваме во ЕУ. Тоа се тие дипломати од кариера кај Грците, што знаат со 2-3 изјави да направат пресврт, а нашите дипломати умреа со распаѓањето на Југославија.
Што е тука е, ЕУ ќе биде најрано 2025, а до тогаш нашите само ќе спијат и наместо реформи ќе си тераат со груевизамот, па после некој друг ќе не блокира.
Барем од најлошиот договор да имаше една позитивна работа за нас, ЕУ и НАТО за една година но и тоа не знаат да го искористат. Затоа ако мислите за подобра иднина за што побрзо време Бг пасош
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.201
Поени од реакции
16.622
И замисли се да се спроведе и друга членка вето да ни удри...
Очигледно дека е вршен страшен притисок врз грчка страна за што побрзо да не пикнат во НАТО. Нема шанси да си дозволат цел овој проект да пропадне, така да тоа се приказни за мали деца - дека некој друг би ни удрил вето.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Очигледно дека е вршен страшен притисок врз грчка страна за што побрзо да не пикнат во НАТО. Нема шанси да си дозволат цел овој проект да пропадне, така да тоа се приказни за мали деца - дека некој друг би ни удрил вето.
За НАТО нема, ама за ЕУ ?
имаш проблеми во судството, проблеми со медиуми итн. Ќе влеземе во Нато, ќе дојдат фирми (од нато членките) да инвестираат, оп инспекција, ова она и ете блокада од некоја од нив. Не е толку тешко тоа.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
сега кога ќе не примат во Нато, ќе купиме некој крш за скапи пари, како Хрватска што купи од Израел стари и изамортизирани Ф16, ама по цена скоро како нови...
Повероватно да плакjaте на некоj за Air policing, както Албаниja се чува от Италиja и за тоа плакja пари сека година.[DOUBLEPOST=1529262932][/DOUBLEPOST]
У секој договор треба да има и морков и стап за двете страни, ние добивме два стапа.
Ако веќе сме спремни за смена на име треба да ни дадат датум за влез 1.1.2019 или 2020 барем да знаеме дека имаме иднина.
Тоа што грција нема да не стопира, не значи дека по основ на корупција друга држава нема да не стопира.
Имаме еден тон работа за да бидеме квалитетна држава и со договорот само ни викаат името не е пречка.
Па да е само името пречка, немаше ни потреба да влегуваме во ЕУ. Тоа се тие дипломати од кариера кај Грците, што знаат со 2-3 изјави да направат пресврт, а нашите дипломати умреа со распаѓањето на Југославија.
Што е тука е, ЕУ ќе биде најрано 2025, а до тогаш нашите само ќе спијат и наместо реформи ќе си тераат со груевизамот, па после некој друг ќе не блокира.
Барем од најлошиот договор да имаше една позитивна работа за нас, ЕУ и НАТО за една година но и тоа не знаат да го искористат. Затоа ако мислите за подобра иднина за што побрзо време Бг пасош
Тоа за 2019-2020 са абсурди за ЕУ.
Почеток на преговорите -2018 или почетокот на 2019. Имате 35 поглавиja,па после тоа подпишуване на договор за стапнуване во ЕУ, после тоа 2 години сите држави ке мора да го ратификуват. Преди 2025 просто нема како да има влез во ЕУ. Да не зборуваме ако нешто от поглавиjaта се закочи...
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Тоа за 2019-2020 са абсурди за ЕУ.
Почеток на преговорите -2018 или почетокот на 2019. Имате 35 поглавиja,па после тоа подпишуване на договор за стапнуване во ЕУ, после тоа 2 години сите држави ке мора да го ратификуват. Преди 2025 просто нема како да има влез во ЕУ. Да не зборуваме ако нешто от поглавиjaта се закочи...
Не ја разбираш поетата, ако сме потпишале договор за менување на име, очекуваме да добиеме нешто за возврат влез во ЕУ за 1-2 години.
Ние добивме ветување за влез во ЕУ што може, а и не мора да се оствари за 10 години.
За нас сите полесно е да докажеме бугарско потекло од 6-12 месеци се чека, извадеме привремена бугарска лична карта и со живеење и работа во Бугарија од 3 години добиеме ЕУ пасош тоа се најмногу 4 години.
Ова е пазарот за обичниот човек
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Предавници, хемиски отрови фрлаат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom