Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Meѓународни договори може само да ги склучи преседателот на државата. Заев е премиер. Димитров министер. Никој од нив нема овјастување да склучи меѓународен договор. Со тоа директно се крши уставот на Македонија.

Не е така, претседателот ги потпишува (ако мисли дека треба) меѓународните договори. За договорот да стапи во сила претседателот мора да го потпише, прво после изгласано мнозинство од 31 пратеник, а ако не сака вториот пат МОРА после изгласано мнозинство од 61 пратеник.
 
Прво, никој не потпиша капитулација. За да потпишеш капитулација треба да водиш војна. Втора работа, знаете воопшто што е НАТО? Не те прашувам тебе, ги прашувам сите. Заебете ги глупостите на Миленко и на Мирко, размислете со главите. НАТО е најмоќниот воен сојуз во историјата на човештвото. И сега Македонија со помалку од 2 000 000 жители е дел од тој сојуз и има право, замислете го ова, да стави вето на некоја одлука на НАТО. Разбирате за каква моќ се работи?

Седнете малку по дома, размислете со тоа главите, не се лупајте во гради со Аце, остајте ги празните фрази како идентитет, предавство, дедовците, се се тоа тешки глупости.[DOUBLEPOST=1529244373][/DOUBLEPOST]
Ако сака нека е најмоќниот воен сојуз во вселената. Кажи ми реално што добиваме? За каква моќ се работи? Освен дуење его и лупање во гради како што си напишал подолу друго што добиваме? Да не случајно ние вето ќе им ставиме на САД ако решат да нападнат некаде? Па како што сме бескичмењаци сами ќе се понудиме да одиме во први борбени редови. Заштита на граници во ред. Мада како што реков ионака нема кој да не нападни без амин од западот. Ако планирале војна немало сега да прават притисоци за да помини договорот со кој нели би влегле во НАТО. Плати за војска такви работи ајде и тоа оок мада и дискутабилно е колку би го кренало никаквиот стандард. Друго?
 
Сега на ред е Иванов. Се случува пуч на државата, слично ко во Турција, но таму пучот беше над еден човек, а тука е над цел народ и држава.
Време е да извади војска на улица и да се уапсат Шеќерната, Зајко, Бемка, Мицко, Грујо.

Комитиве само песни пеат и бакљи палат.
Тврдокорни само заби покажуваат, а дело нема.
 
Не е така, претседателот ги потпишува (ако мисли дека треба) меѓународните договори. За договорот да стапи во сила претседателот мора да го потпише, прво после изгласано мнозинство од 31 пратеник, а ако не сака вториот пат МОРА после изгласано мнозинство од 61 пратеник.
Meѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува преседателот на државата.

Вака стои во устав како не е така?
 
Јас го кажувам моето мислење, ако не ти се допаѓа тоа е твој проблем. :)[DOUBLEPOST=1529243196][/DOUBLEPOST]

Чисто ме интересира, ако се оди на референдум и ако ОБСЕ и другите организации кои ќе го набљудуваат го прогласат референдумот за важечки, што е сосем извесно дека ќе се случи, што понатаму?

Сме го јаделе.

Затоа е најдобро да не излезе никој. Така ќе се поништи се, до 900.000 ако излезат проаѓа целава церемонија во вода, 900.001 граѓанин да излезе сме го јаделе, зошто?! Затоа што ќе го наместат референдумот! :сериозен:
 
Ако сака нека е најмоќниот воен сојуз во вселената. Кажи ми реално што добиваме? За каква моќ се работи? Освен дуење его и лупање во гради како што си напишал подолу друго што добиваме? Да не случајно ние вето ќе им ставиме на САД ако решат да нападнат некаде? Па како што сме бескичмењаци сами ќе се понудиме да одиме во први борбени редови. Заштита на граници во ред. Мада како што реков ионака нема кој да не нападни без амин од западот. Ако планирале војна немало сега да прават притисоци за да помини договорот со кој нели би влегле во НАТО. Плати за војска такви работи ајде и тоа оок мада и дискутабилно е колку би го кренало никаквиот стандард. Друго?

Реално добиваме подобра инфраструктура и влез на пари во државата. Плус добиваме стабилност во главите. Македонецот живее во константна параноја дека сите го демнат и се тепаат за неговата држава. Сето тоа постепено ќе изчезне од главите на Македонците, барем на оние помладите. Ќе растат со идејата дека се дел од моќна органзиација, а не вечен плен на соседите.

Мислиш дека тоа е малку?
 
Сега на ред е Иванов. Се случува пуч на државата, слично ко во Турција, но таму пучот беше над еден човек, а тука е над цел народ и држава.
Време е да извади војска на улица и да се уапсат Шеќерната, Зајко, Бемка, Мицко, Грујо.
:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:

На денот кога се потпиша смена на името, пола држава ти е во Грција, ти бараш војска на улица. Барем викендов да го промашеа.
 
Meѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува преседателот на државата.

Вака стои во устав како не е така?

Сега ти објаснив, нема смисла да повторувам. :toe:
 
Еве сегa некoјa aнкетa грaѓaните oптимисти зa дoгoвoрoт дaвaaт нa тв,oд 10 испитaници 9 шиптaри прaшaa :facepalm:
Вмрoните испaднaa мaли децa зa мештaљки у спoредбa сo oвие

Разликата од Сител до Телма е само тоа што Телма има УСАИД лого после вестите.
Дури и поподмукло работи Телма со фори од ваков тип, или онаа стара позната кога на Топ Тема кога ќе викнат троица за промена на името/законот за јазици, и еден против, и тука сачекуша му прават сите за да победи нивната идеја

Иначе референдумот во кој као се крстиме, гледајте го нешто како Венецијанската комисија што требаше да го пегла законот за јазици... и двете нема да се десат. Името ќе иде на сила, а законот ќе следува после.
Ако ФИРОМ беше кнедла што некој друг ни ја начукал и на нормален човек му доаѓаше мака да ја гледа, замислете што ќе биде со Северна што сами си ја начукавме.
 
Сега ти објаснив, нема смисла да повторувам. :toe:
Ти џабе објасни кога не си во право. Ја ти дадов како е напишано во устав. Со точни зборови ништо додадено ништо одземено. Ти сеа ако си толкуваш како што ти одговара само за Заев и Димитров да ги оправдаш тоа е нешто друго.
 
Не е така, претседателот ги потпишува (ако мисли дека треба) меѓународните договори. За договорот да стапи во сила претседателот мора да го потпише, прво после изгласано мнозинство од 31 пратеник, а ако не сака вториот пат МОРА после изгласано мнозинство од 61 пратеник.

Тоа е за ратификација.

Во Уставот стои дека меѓународни договори во име на државата ги потпишува претседателот, освен оние меѓународни договори кои се уредени со Закон во кои владата има можност да ги потпишува во име на државата и тие се однесуваат на оние меѓународни договори со кои се уредуваат односи од областа на економија, култура, одбрана..., но во никој случај договори од овој тип. За тоа ти кажува.
 
Лесно е да се извади нешто контекст и да се стави смајли. Мисли со главата, не се прави со сила паметна.
Stavreeeeee koe vadenje od kontekst ti si pisha taka pa smeshno mi dojde.
Demek nema da bideme Germany's bitch, toa sila e ili servilnost? :ROFLMAO:
 
Сега на ред е Иванов. Се случува пуч на државата, слично ко во Турција, но таму пучот беше над еден човек, а тука е над цел народ и држава.
Време е да извади војска на улица и да се уапсат Шеќерната, Зајко, Бемка, Мицко, Грујо.

Комитиве само песни пеат и бакљи палат.
Тврдокорни само заби покажуваат, а дело нема.
Која војска ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom