Мислам и оти целта на ваквиот договор беше ова, баш сега што се дешава. Различни интерпретации на договорот. Сега ќе следат дебати од еден куп самонаречени експерти кои што зависно од страната која што ги плаќа, ќе изнесуваат разни мислења во јавноста во обид да ја дефокусираат, да наметнат различни мислења за работите кои што се повеќе од јасни.
Целосно осакатување на националниот карактер на државата и создавање на една вештачка мултиетничка творевина налик Босна.
Ќе не убедуваат оти го зачувале јазикот, дека не е словенско македонски ами постоело објаснување. Исти курац. Јазикот е чепнат и осакатен.
Исто и со националноста. Немало да биде Северно Македонци ами македонец/Граѓани на Северна Македонија. Уште едно осакатување.
Менување на устав. Промена на членот за заштита на македонското малцинство во други држави. Со други зборови самонегирање. Негирање на геноцидот во Егејска Македонија и тамошното малцинство. Негирање на поделбата со Букурешкиот мировен договор. Со други зборови негирање на било каква нација со национални стремежи за создавање на своја држава пред 1945. Што би значело уште едно само негирање и директно потврдување дека сме нација создадена во некоја од лабораториите на Тито.
Референдумот е мачкање на очи, чиста формалност во која ако не биде успешен, според грчките медиуми (верувам дека е така) постоел план Б за предвремени парламентарни, каде ако победи Заев со коалицијата предавници, тоа би значело негирање на резултатите од референдумот и потврда на политиките на СДС-СМ за промена на името и идентитетот. Значи ебење во здрав мозок или нездрав, за секој оној што ќе гласа ЗА ваквиот договор. А верувам ќе ги има многу, на кои што до датумот за референдум добро ќе им биде испран мозокот.
Засега знаеме оти политичарите ни се пи*ки предавнички. Остана уште една шанса да видиме што народ сме. Ако се ова помине мазно како што му е планот, тогаш и го заслужуваме сето ова, ма дури и малку ќе ни биде.
На крај ќе излезе дека подостоинствена работа во оваа држава ќе биде човек да е Албанец, отколку Северно Македонец, со недефиниран јазик, националност, потекло, историја и култура.