Момци, како сакате вртете ја не му одат во прилог овие факти на Леброн. Никој не спори дека е играчиште, еден од најдобрите што некогаш го заиграл спортов, ама некои слепи дечишта ептен ја претеруваат у последно време, сквернават имиња на величини ко Меџик, Џордан, Коби и компанија. Нарочито ме нервира што замараат за Џордан, човекот кој и ден денес е поголем фактор од секој човек кој игра кошарка, човекот ради кого се менуваа одбрани, правила, човекот ради кого НБА стана глобален бренд, човекот ради кого се сменија многу работи во кошарката. Мене омилен играч ми е Коби, израснав со неговите игри, ама полека малце, Џордан, празно место па многу други. Ликот од двегодишна пензија се врати и рокна трипит без око да му трепне, едноставно имал мајндсет како никој до сега.
И доста замарање со вакви муабети, заврши сезоната, нека им е честита титулата на ГСВ, ако имаат фанови на форумов воопшто, се надевам следната ќе биде далеку поинтересна, барем финалето.