B
Bafra
Гостин
Можеш да кажеш што правеа САД пред да ја започнат својата окупаторска политика ...Е како бе тоа што праат е друг муабет... САД и неговите бизнисмени ја користат моќта на нивната држава да експлоатираат и цицаат ресурси од други држави... не ме јеби сега, на тоа се должи нивниот безгрижен живот, на експлоатација....Не е само кина, запустеја еден куп држави заради нафтата и нивните лични интереси... Или тоа не се брои... Ова што се дешава е буквално неоимперијализам..
Што е тука лицемерно? Баш заради таа ситуација ретко кој бизнисмен во Македонија може да пркне. Еве на крајот на краиштата кај имаш поголеми можности, тука или во САД, Германија и така натака, па затоа ни бегаат квалитетните кадри на запад, тука веќе се потешко е да најдеш квалитетен стручен кадар... И кога сме кај мене, јас моите пари не ги заработувам на грбот на ниту еден човек тука, јас моите пари си ги обработувам, плаќам данок за нив и допринесувам со тоа што ги трошам во државава. И сметам дека сите во Македонија треба да земаат плата најмалку колку што јас земам, за да почне да се осеќа обрт на средства и да може да им се отворат можностите на Македонските претприемачи и произведувачи... Но тоа не значи дека барам и инсистирам да им се дава на луѓето кои не се трудат и да се направи нова генерација на паразити....
Ти кажувам ти нешто ги мешаш поимите и времето.
Кога зборам за тебе мислам на тоа дека ете ти си доказ дека не е робовладетелство или имаш плава крв во тебе ... Значи сите имаат шанса, е сега кој како. И баш така ти твоите пари и те како си ги заработуваш, а на некого исто му носиш профит.
Додека ти си се развивал, формирал како професионалец во своето поле (што и да е) си инвестирал т.е. си го жртвувал своето време за лично унапредување, си го активирал мозокот, многумина тоа НЕ сме го правеле. Времето сме го трошеле на непродуктивни работи, пијанчење, денгубење итн. и после цацко ни е крив. Затоа те молам поштеди ме од бајките сите да земале колку тебе.
Сите ако ги имаат истите квалитети, одма ќе ти се намали платата.
