Ако гледаме приземно на моменталната состојба во контекст на нашите епски и легендарни евроинтегративни процеси, ќе видиме дека сега, како никогаш, има најголеми приближувања од наша страна (или преведено - најголеми отстапки).
Значи сега (ќе) имаме најголеми отстапки, во деценијската македонска одисеја, на отстапки и мафтања пред очи со морков.
Ако ова сега не вроди со плод (датум за почеток/членство во НАТО), туку се остане на декларативна подршка во евроинтеграциите - нешто што ни го сервираат и го јадеме со децении, тогаш се ствараат полека услови за некоја опција (ВМРО или СДСМ) да почне да размислува и практично за некој друг пат.
На почеток срамежливо, но постепено би можело да се создадат услови за посериозна политичка платформа која предвидува реално откачување од евро-атланските текови. Таа, би се трудела да профитира од никаквите резултати на нашите долгогодишни напори (од постојаното недофатливо растојание на морковот), а особено би профитирала од последните отстапки и попуштања на Заев, кои се вонсериски, во контекст на стандардните македонски напори.
Тоа би бил претпоставен пресврт на Македонија кој би траел со години.
Сепак, дури и во вакви погодени предуслови, тоа практично повторно би било нереално, со оглед на огромната политичко-економска зависност на државата од ЕУ, а сето ова би било и сосема невозможно ако нема конкретни понуди на економски, политички план и од некоја друга страна (Русија).
Околу една ваква претпоставена ситуација има уште доста фактори да се разгледаат (албанските интенции, НАТО и ЕУ опкружувањето и ред други)[DOUBLEPOST=1528300060][/DOUBLEPOST]
Можеа да ни продадат по ниска цена, или уште подобро - да ни подарат тенкови, авиони и хеликоптери во 2001 година, сигурно денес ќе бевме поинаква држава и многу попријателски ориентирани кон Русија.
ОК тоа и го направија (преку Украина), сепак на политички и економски план, па и на воен план, пак тоа се џуџести потези во однос на евроинтегративните процеси и се што ги придружува, од економски и политички аспект.[DOUBLEPOST=1528300210][/DOUBLEPOST]Или на кратко да срочам што сакав да кажам:
Вакво колосално пушење кај Албанците, Грците, Бугарите... ако остане без резултат, тоа може да води не само кон пораз на СДСМ, туку и кон почеток на постепено откачување на земјата од тие процеси, независно која политичка струја би била носител на тој почеток.