Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
НАТО ќе ја брани Македонија од руска агресија

Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, пренесе РИА Новости.

– Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност – истакна Хачинсон на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Самитот на НАТО ќе се одржи на почетокот од јули во Брисел, а Македонија се надева дека дотогаш ќе биде решено прашањето за името и ќе стане 30-та членка на Алијансата.

НАТО ИМА ЖЕЛБА АМА НЕКАКО НЕ СЕ СИГУРНИ ДЕКА ЌЕ СЕ РЕШИ СПОРОТ
ВО МЕЃУВРЕМЕ 20 СТРАНИ НИ ИСПИШАЛЕ СЕА СЕ МИСЛАТ ВО МАКЕДОНИЈА ШТО ДА ПРАВАТ

Блиску сме до договор и во исчекување на одлуките на премиерот на ПЈРМ, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија Скај и објасни дека не е загрижен за задоцнувањето во процесот, бидејќи „на другата страна ѝ е потребно време за да го разгледа договорот“.

Заменикот на Коѕијас рече дека договорот е во интерес и на двете земји и „ги решава проблемите на таков начин што нема да се создаваат конфликти во иднина“.

оа е пакет решение, министерот откри дека е на околу 20 страници во кои се споменати сите прашања: иредентизмот, уставната ревизија, ерга омнес, името и развивање на агенда за соработка, а секако и временскиот рок во кој ќе се имплементира сѐ ова. Ние сме во исчекување – вели Аманатидис и изрази уверување дека договорот ќе биде таков што „ќе го прифати поширокото мнозинство во грчкото општество и поширокото мнозинство во парламентот“.


За денешните демонстрации, заменик шефот на грчката дипломатија рече дека Грција е демократска земја и секој може да протестира и да го изразува неговото мислење, но на сите оние што ќе учествуваат на протестите им порача дека би требало „да размислат и за последниците на нерешавањето на проблемот“.

– Она што сакам да му го кажам на народот е дека грчката влада ја разбира чувствителноста, секогаш ја зема предвид, но од друга страна постои и националниот интерес – рече Аманатидис и објасни дека нерешавањето на прашањето е на товар на националните интереси.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
znaci sve sto treba e dovolno nemakedonci da stanat pratenici nadvor od nacionalistickive partii dui/Aa/Besa/Dpa i da mrdneme od mrtva tocka
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.956
Поени од реакции
15.973
Па ај нека побараат екстрадиција на Драган Даравелски, Владислав Тамбурковски и бројни други криминалци кои повеќе од една деценија се` во бегство, бидејќи нели "нема правда = нема мир".

Ете пвеводбениците беа на власт повеќе од една деценија и не бараа нивна екстрадиција.

Ако плавите жолтици толку многу се желни да се изборат за правда, нека побараат екстрадиција и за Даравелски и Тамбурковски, беа судени во отсуство, но доколку бидат екстрадирани назад во Македонија, ќе имаат повторни судења.
моиже на сите тие да им го бричат со џамче :icon_mrgr:
Се екстрадираат убијци но и тоа тешко оди...ете овој што пред 20 години во н.Аеродром ја уби девојката со пепелник го испорачаа но бидејќи и таму направил криминал ама не сакаат да го ранат на државен трошок па ни го праќаат нам...
јас друго сакам да кажам, глупост е што ги бараме овие двајца а всушност нам ни е посран газот....ако треба да одговараат лица од мвр и убк пред се треба за ликвидации на невини лкуѓе ( случки како раштански лозја) и апсење и затварање невини лица (како случај Сопот, Масри и слични) ..Ренатчето е обичен партиски послушник плус нема осет за тоа што е правна држава а ЕУ стално тоа го напоменува...
На крај ќе ниу се случи и со променето име, идентитет и јазик да ни лупнат у фаца дека имаме партизирано судство, нема да треба Грција ВЕТО да употребува...[DOUBLEPOST=1528294938][/DOUBLEPOST]
The Sun ги разреши сите македонско-грчки прашаньjа!
https://www.thesun.co.uk/?s=Penka
па ние сме биле веќе и во Нато и во ЕУ:aplauz:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас знам дека нашите бегале од Леринско, Воденско, Костурско.... ама дека нашите бегале од Халкидики, Кавала, Драма, Солун....не. Така да таму сеуште се наши по ген...
1913 бегале од Халкидики, Кавала, Драма, Серес, Солун, Кукуш итн.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.246
Поени од реакции
81.391
znaci sve sto treba e dovolno nemakedonci da stanat pratenici nadvor od nacionalistickive partii dui/Aa/Besa/Dpa i da mrdneme od mrtva tocka
какви наивни кричри сте целава братија овде...

Прво и основно, ако тој бадинтеров принцип функционира како стриктно правило, зашто не му дозволија на Груевски да напраи коалиција со ДПА, него го тераа да праи со ДУИ?
Он ги задоволуваше тие бадинтерови мнозинства/малцинства со таа коалиција (во неа имаше и други малцински партии).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Знаев дека баш ти ќе се јавиш да ме цитираш. не сум должен да ти одговарам оти ти не си никаков фактор да ти полагам сметки, но еве, не, моите ставови не се на линија на грчките протестанти, повеќе се на твоите идеолошки сфаќања, крајно десно ориентирани националистчиња од двете страни на гранциата. а исто и нивната позицијата Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ е еднаква со твојата крајна цел.
Кај сум пишал јас дека сум експлицитно против влегување на Македонија во НАТО... Зарем НАТО би ми пречел во мојот национализам?? Па еве ги Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска се едни од најнационалистичките држави во Европа, па сепак се во НАТО....

Јас сум прагматичен човек и гледам реално на работите... НАТО за нас е недостижно поради некои причини... Ако Грција го тргне ветото по некоја случајност или по исполнување на условите, тука се Бугарија и Албанија да не попречат... Едоставно Македонија како држава не е предвидена да влезе во НАТО... Ако беше, ќе влезеше 2008, зарем мислиш дека може Грција некако да им опонира на САД.... Се знае такви обиди во минатото како завршувале, мала хунта голема хунта... Пападополус.

Така да тоа што слепо му верувавте на идиотот, дека антиквизацијата е во прашање и грдото лице на Македонецот, а сега што е зачинето со монти пајтон преговори со името зарем не ти збори дека си игра курот со цела нација.... Да не зборам за испадите ала оние кои ги мантраа против ДПМНЕ...

Ова мене повеќе ми личи на серија со хумор од типот на Ало Ало, отколку на држава.... Па сега ти уживај во животот и во демократијата...

Е сега колку ти и да глумиш неутрален сега и да се переш од одговорност, твојата реторика за време на „куртон револуцијата“ не беше во ништо поинаква од таа на овие што сега се на власт... Доколку Македонците ја сватат својата позиција, ќе можат да почнат да градат нешто, но доколку се залажуваат со ЕУ НАТО мантрите... живеат само со розеви очила....Може некогаш и некаде ќе го сватиш тоа... Но како што изгледа, ќе биде касно...[DOUBLEPOST=1528296184][/DOUBLEPOST]
1913 бегале од Халкидики, Кавала, Драма, Серес, Солун, Кукуш итн.
Колку има Бежанци ? Мислиш дека се повеќе од бегалците од 1949 ?
Преку сила од Егејска Македонија после Грчката окупација се исселени околу 30% од староседелците, вклучувајќи ги тука и Евреите, не верувам дека се повеќе..
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Колку има Бежанци ? Мислиш дека се повеќе од бегалците од 1949 ?
Преку сила од Егејска Македонија после Грчката окупација се исселени околу 30% од староседелците, вклучувајќи ги тука и Евреите, не верувам дека се повеќе..
Повеќе се, цели градови и села се иселени (етничко чистење).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Повеќе се, цели градови и села се иселени (етничко чистење).
Има ли негде податоци за бежанците, колку се естимира дека се и каде се населувани... Јас знам некоја скромна информација дека постоела размена на население и дека најголемиот дел се преселени во Бугарија на крајбрежјето, каде што претходно живееле Грци (Несебар на пример е цел со Бежанци)... Но бројки и конкретни податоци незнам. Ако имаш некој линк кај што можам подетално да прочитам пушти ми...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Има ли негде податоци за бежанците, колку се естимира дека се и каде се населувани... Јас знам некоја скромна информација дека постоела размена на население и дека најголемиот дел се преселени во Бугарија на крајбрежјето, каде што претходно живееле Грци (Несебар на пример е цел со Бежанци)... Но бројки и конкретни податоци незнам. Ако имаш некој линк кај што можам подетално да прочитам пушти ми...
Има, ќе ти пуштам ПП ако најдам нешто pdf.
(повеќе е книги)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Има ли негде податоци за бежанците, колку се естимира дека се и каде се населувани... Јас знам некоја скромна информација дека постоела размена на население и дека најголемиот дел се преселени во Бугарија на крајбрежјето, каде што претходно живееле Грци (Несебар на пример е цел со Бежанци)... Но бројки и конкретни податоци незнам. Ако имаш некој линк кај што можам подетално да прочитам пушти ми...
Гледав некои податоци од пред балканските војни, грци има околу 100.000 плус минус на територијата на Македонија. И тоа ни тие не се да речеме 100% грци, има доста прешалтани од нашите. Пред се поради тоа што грчката црква имала одврзани раце за да ,,лови" верници. Тоа(расцепкувањето на христијаните) секако и одговарало на портата. Инаку нашите биле околу 40-50% од вкупното население(милион и нешто од вкупно 2.2 милиони).
Податоците се за цела Македонија.

Има, ќе ти пуштам ПП ако најдам нешто pdf.
(повеќе е книги)
Прати ми и мене ако не ти е мака
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
1913 бегале од Халкидики, Кавала, Драма, Серес, Солун, Кукуш итн.
Во 1919-20 по грчко-турската војна. Тогаш Македонците се уште не знаат дека се Македонци, сметале дека се Бугари. Кога Грците ги мобилизираа во војската, ги прашаа: "Што сте?" Тие викаат- Бугари. "И како што сте Бугари, вие имате патент - на нож! Еве тука бајонет, без куршуми и паjдос атака на Турците!" Тие трчаат, викаат Ура, а Грците тренираат за нив да пукаат по редот на офицерот. Кога стана јасна таа работа, се почна масовна емиграција на 15-16 годишните во Америка закопани во кумурот на бродовите на пристаништето Солун. Во Америка сите работеле за Форд во Детроит, или на железницата. Така сме заминале и ние. Само Лазето Т'рповче го мрзело и избега во Канада да продава лажен алкохол, како профсоjузки бос. Таа емиграциjа е извесна, како емиграциjата на 16 годишните. Преди тоа ги жениле да направаат по едно дете и аjде.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Во 1919-20 по грчко-турската војна. Тогаш Македонците се уште не знаат дека се Македонци, сметале дека се Бугари. Кога Грците ги мобилизираа во војската, ги прашаа: "Што сте?" Тие викаат- Бугари. "И како што сте Бугари, вие имате патент - на нож! Еве тука бајонет, без куршуми и паjдос атака на Турците!" Тие трчаат, викаат Ура, а Грците тренираат за нив да пукаат по редот на офицерот. Кога стана јасна таа работа, се почна масовна емиграција на 15-16 годишните во Америка закопани во кумурот на бродовите на пристаништето Солун. Во Америка сите работеле за Форд во Детроит, или на железницата. Така сме заминале и ние. Само Лазето Т'рповче го мрзело и избега во Канада да продава лажен алкохол, како профсоjузки бос. Таа емиграциjа е извесна, како емиграциjата на 16 годишните. Преди тоа ги жениле да направаат по едно дете и аjде.
Моите се дојдени 1913 и многу добро знаеле што се - Македонци.
Така да, тие приказни може да ги продавате на деците или на некое друго место, во вашата држава.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Среќа немало пајак во близина можеше и да се повреди.
Кај да одиш има пајаци, кај нас проблемот е шо станавме колонија на пајаците.

Човекот се гледа дека не настапува пристрасно (партиски) и затоа не добива медиумска поддршка, да беше нечив досега хистерија ќе креваа неговите, вака за правдини во буквална смисла ич qr не ги боли ни едните ни другите. Со вакви сериозни обвинувања полицаец да излезе во јавност и никому ништо :icon_lol: мафијашка држава сме.

Спрега постои меѓусебна и се контролира секоја опшествена пора, колку е помало населеното место толку е спрегата посилна и создаваат вакум не може глас да пушти никој без нивни амин, не камоли нешто друго. Опшествен вакум имаат созадено.
Тоа дека се исти е многу погрешно толкување, не се исти туку се едно исто.[DOUBLEPOST=1528300870][/DOUBLEPOST]500 000 книги од Капиталниот проект завршија во подрум

Поголем дел од книгите од „Капиталниот проект за печатење и превод на книги“ завршиле во магацинот на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“. Таму се сместени стотици илјади книги од проектот на претходната Влада кои чинеле вкупно 9 милиони евра. Кога повеќе немало простор во магацинот на Универзитетската библиотека, книгите се носеле во депоата на Археолошкиот музеј и во Музејот на револуционерната борба.

Ревизорот утврдил дека во 2017 година, во залиха се 514.494 книги во вредност од 5 милиони евра.
„Ревизијата не се увери од потребата и националниот интерес за печатење на овие книги од причина што залихата на книги се зголемува со што не е постигната целта истата да стигне до крајниот корисник – читателот“, пишува во Извештајот на Ревизорите за финансиското работење на Министерството за култура за 2016 година, кога на чело беше Елизабета Канческа – Милевска.
Од увидот во документацијата, Ревизорите констатирале дека имало 11 проекти.

„На ревизијата не и беа презентирани документи од кои може да се утврдат критериуми за потребата за реализација на овие 11 проект и начинот на кои истите биле избрани освен заклучоците на Влада врз основа на кои постапувало Министерството за култура“.

Проектот започнал во февруари 2009 та со „Ѕвезди на светската книжевност“ кога Министерството за култура склучило договори со повеќе издавачки куќи во вкупна вредност од 4 милиони евра за издавање на 429 наслови во 1.000 примероци. Потоа следувал проектот „Врвови на светска филозофија, историја, психологија и психоанализа“, во 2013 година во вредност од 1 700 000 евра – за превод на 336 книги и за печатење, за што се одвоиле дополнителни 500 000 евра. Во март 2015 година започнува „Светско книжевно богатство„ и проектот „Антологија на светска поезија “. Ревизорите утврдиле дека издавачите на книги не ги почитувале овие договори и доцнеле со испорака на книгите, па се склучувале анекси, а Министерството за култура доцнело со исплатата. Дел од сметките треба да се платат оваа година кога треба да стигнат и уште нарачани книги.
Во текот на 2016 година, според Ревизорот биле потрошени повеќе од 13 илјади евра во ресторани без да има покритие за тоа, а била направена и сметка од 35 илјади евра за угостителски услуги од бифето на Министерството за култура.

Од службената картичка се плаќало за сместување и на други државни функционери во странство, освен за сопственикот на картичката, иако функционерите подигнале аванс од благајната за таа намена.

Ревизорот утврдува и други нерегуларности во работењето на Министерството за култура.

Театарот во Велес кој започна да се гради во 2008 , се отвори во 2014 година кога се одигра првата претстава. Во 2016 , Ревизорите утврдиле дека „инвестицијата се уште е во тек“. Роковите предвидени во основните договори се пробиени и многу постапки се водат со преговарања за непредвидени работи спротивно на законски прописи. Театарот започнал да се гради со нецелосна проектна документација кое е на ниво на основен проект без дефинирни изведени работи – а новите проектни документации било невозможно да се усогласат со основниот проект.

„Премерот во новиот изведен проект речиси два пати го надминувал обемот на основниот проект – поради ова спроведени се повеке постапки за јавни набавки и постапки за преговарање без оглас што создава ризик од немање конкуренција, транспарентност и еднаков третман на понудувачите“ пишува Ревизорот.

Исто така Ревизорот утврдил и дека бил склучен договор со странски добавувач за светлосна и тонска опрема во театарот во висина од 600 илјади евра, и ДДВ во висина од 100 илајди евра.

„Бидејќи објектот се гради во Велес, ДДВ треба да биде исплатено на сметка на буџетот на РМ. Ваквиот начин на работа не е во согласност со Законот за трговски друштва и има за последица неуплатување на ДДВ во буџетот на РМ“, пишува ревизорот и бара да се најде начин да се вратат погрешно уплатените пари.

Без технички прием бил пуштен во употреба и објектот „Стар театар“ и „Музејот на македонската револуционерна борба“ кој беше отворен на 8. септември 2014 година, 9 месеци пред извршениот технички увид.

„Користење на објектите без технички преглед не е во согласност со одредбите од член 87 од Законот за градење каде е утврдено дека градбата ќе се стави во употреба по извештајот од технички инжинери, за да не се изложат на безбедносен ризик субјектите кои го користат објектот“, пишува Ревизорот.

За изградба на новата Универзалната сала, ревизорите утврдиле дека е прифатен проект без да се има предвид дека поради типот на објектот, обликот, специфичната фасада и предвидените содржини по програмата и идејното решение е неколкупати поскап од првично утврдената вредност и не се реализира.
За Универзалната сала од Буџетот биле исплатени вкупно 600 илјади евра ( од 2011 до 2017) за изработка и ревизија на основни проекти за реконструкција или изградба на нов објект, но тие не биле употребени откако се увидело дека првичната и конечната цена е неколкукратно зголемена. Првичната проценка била дека објектот ќе чини 10 милиони евра, но по изборот на најдоброто архитектонско решение во 2015 година и изработката на техничката документација се утврдило дека новиот објект ќе чини меѓу 60 – 65 милиони евра (поради типот на објектот, специфичната фасада и предвидените содржини).

„Ваквиот начин на работење и повеќекратното менување на проектите кој поради идејното решение е со енормно повисока цена придонесува за несоодветно трошење на средствата. Препораката е Министерството за култура да го респектира стручното мислење во однос на чинењето на таквите објекти како не би се дозволило да се прават штети на буџетските средства, а потоа во зависност од расположливите средтва да се одлучи за проекти според кој би се изведувала градбата“ препорачува Ревизорот.

Доделувањето пари за проекти од национален интерес од областа на културата се вршело без воспоставени критериуми за определување на висината на средствата и врз основа на просудувањето на членовите на комисијата. Освен што не биле јасно утврдени критериумите ревизорите утврдиле дека за дел од проектите не била доставена „веродостојана документација каде биле потрошени парите“.

Поради сето ова ревизорот воопшто не изразува мислење за реалноста на финансиските извештаи за 2016 и дава неповолно мислење за финансиските трансакции во Министерството за култура.
Вистина како концепт, идеја овој проект беше одличен, меѓутоа мораше некој да го злоупотреби тоа за да може некоја далавера пак да се направи. За нестручниот превод е прашање дали ќе се отвори истрага некој да си понесе одговорност. Не може само филолог или овластен судски преведувач да се впушти во превод на стручна литература, резултатот е смешен.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Има, ќе ти пуштам ПП ако најдам нешто pdf.
(повеќе е книги)
Од наши кои живеат таму а се активни политички ми имаат кажувано дека извесен период за време на хунтата :icon_lol: правени се напори наши етнички македонки да се мажат за грци и тоа претежно припадници на воено безбедносни органи во јужните краишта на елада, меѓутоа не наишла на голем успех со операцијата. Претежно биле од семејства на т.н гркомани кои и онака не се декларираат како македонци, така да ништо од бизнисот.

Исто сите наши од Егејот кога служат задолжителен воен рок, после центрите за обука завршуваат на грчко-турска граница. Настрана третманот за време на служење воен рок.

Нема ова по книги а треба.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
500 000 книги од Капиталниот проект завршија во подрум



Вистина како концепт, идеја овој проект беше одличен, меѓутоа мораше некој да го злоупотреби тоа за да може некоја далавера пак да се направи. За нестручниот превод е прашање дали ќе се отвори истрага некој да си понесе одговорност. Не може само филолог или овластен судски преведувач да се впушти во превод на стручна литература, резултатот е смешен.
Е глеаш, вакви работи најмногу ме пи**ат од вмороните - као е нешто напраено за општо добро, а уствари к***ц добивме као народ - фрлени пари у г***а.
Ама просечен вморон се пали само лопата коа ќе се фрли, а како ќе се реализира целата работа - мање битно. Значи тотално контра-продуктивно - боље ништо да не праеле, ама така нема да тераат пропаганда.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom