Денес, среда, 12 септември 2018, со 438 гласа ЗА, 226 гласа ПРОТИВ и 39 ВОЗДРЖАНИ, Европскиот Парламент го изгласа озлогласениот закон за заштита на авторските права, со кој одговорноста за објавување на авторски содржини на било која Интернет платформа, во целост паѓа врз самата Интернет платформа, за што самите Интернет платформи ќе мораат или да платат за секое наредно објавување на линк од бил кој веб сајт со заштитени авторски содржини, или задолжително ќе мора да ги избрише објавените податоци превземени од било кој веб сајт со заштитени авторски содржини.
Озлогласениот член 13 од штотуку изгласаниот закон за заштита на авторските права предвидува секоја Интернет платформа да користи филтри за отстранување - или подобро кажано: цензурирање - на било кои Интернет содржини кои наводно потекнуваат од некој заштитен авторски извор.
Вториот озлогласен член 11 од овој штотуку изгласан закон за заштита на авторските права предвидува секоја платформа на која се објавени линкови или податоци од трети заштитени авторски извори, да им плати на тие конкретни авторски извори за секој објавен линк и за секоја објавена содржина.
Како резултат на овие членови од овој штотуку усвоен закон за заштита на авторските права, секое наредно објавување на видео запис, звучен запис или слика на Интернет, кој(а) би содржел(а) елементи од нечија заштитена авторска содржина, ќе биде предмет на брзо и инстантно бришење од Интернет платформата на која е` објавен(а).
Вратите на Интернет цензурата во ЕУ почнуваат да се отвораат.
Бог нека им е` на помош на сите кои живеат во држава членка на ЕУ, а на нас Македонците ова нека ни дојде како само една причина повеќе зошто треба да се држиме од било какво членство во ЕУ.
https://www.pravdiko.mk/evropskiot-parlament-izglasa-zakon-koj-mozhe-da-ja-unishti-zabavata-na-internet/
Европскиот Парламент изгласа закон кој може да ja уништи забавата на Интернет
Објавено: 12/09/2018
Пратениците во Европскиот Парламент денеска гласаа за авторските права на Интернет, предлог за директива за авторските права на дигиталниот пазар, кој неодамна предизвика многу контроверзии во цела Европа.
Предлогот за директивата, која по тврдењата на Комисијата треба да се воведе во 21 век и да осигури дека авторите на музика, филмови и вести ќе бидат правично платени за својата работа, беше почеток на една од најжестоките лобирачки војни во историјата на официјален Брисел, во кој силите ги одмерија медиумските куќи и Пол Мекартни, од една страна, и поборниците за слобода на Интернет, од друга.
Европскиот Парламент во јули го отфрли предлогот што претходно беше усвоен од страна на надлежната Комисија за правни прашања, но денес пратениците повторно гласаа за тој предлог.
Критичарите на директивата сметаат дека таа може сериозно да ја поткопа слободата на говорот на Интернет, би влијаела за укинување на популарните мемиња, би го закочила развојот на дигиталната технологија во Европската Унија, значително би го отежнала работењето на помалите компании и би го усложнила животот на корисниците на Интернет.
Особено се критикува членот 13, кој одговорноста за контрола на користењето авторски содржини целосно ја префрла на конкретни Интернет-страници, притоа воведувајќи ја идејата за автоматски филтер на содржини, со кој де факто би се забранило користењето на популарните мемиња, како, на пример, Grumpy cat, но и цитатите од „Википедија“ и разни други работи кои се вообичаен и нераскинлив дел од секојдневната Интернет комуникација.
Членот 13 не предвидува правна санкција за проблемите што може да произлезат како резултат на грешките кај автоматските филтри, со што се отвора прашањето за тоа како ќе се решат постапките при погрешно отстранување на содржини од Интернет.
Извор: Макфакс