Проблемот е во човечката инклинација нанадвор наместо навнатре. Секогаш, маж, жена не е битно, сите бараме некој или нештно што ќе не надополнува, soulmate, goal, job call it whatever you want. И следствено, кога нештата тргнуваат наопаку, кога вистинското лице на партнерот/партнерката конечно ќе излезе на површината, кога целта е достигната, кога кариерата остава празнина, тогаш настануваат проблемите. Што е решението тогаш? Ниту нова работа, ниту нов партнер/партнерка, ниту нова цел, ниту психијатри, ниту лекови, ниту пороци. Кога сме странци пред себеси, константно во потрага по некаква дистракција, нешто што ќе ни ги оттргне мислите од амбисот кој го чувствуваме во душата. Седни сам со себе, разбери кој си, суштински. Не си мисла, не си емоција, не си порок, не си улога. Едноставно постоиш, присутно, кратко време, во оаза на универзумот. Кога стануваш сведок на сопствените искуства, и добрите, и лошите, свесно ги менуваш сопствените чувства, мисли. Кога сам ќе ја исполниш својата празнина, тогаш си вистински спремен да сакаш и да бидеш сакан. Се останато е страдање токму поради немоќта едноставно да ги пуштиме нештата, поради страв, поради корист, небитно. Не знам што му се случило на дечкото, се надевам ништо лошо, самата ситуација е доста честа во денешницата, а решението на проблемот е толку едноставно што е несфатливо