Прво треба да научиш што значи поимот "аргумент" а потоа да го употребуваш. Немаш аргументи или пак да не правиме муабет за реални ситуации во реален живот туку си изгледал неколку клипчиња од либертаријанци, (се кладам на Стефан Молинју иако не мора да значи), книга не си прочитал во животот, некој газда и локомотива на економијата секако не си, никогаш нема да возиш Астон Мартин, нормално се движиш во кругови кои се далеку од претприемачите од клипчињата кои ги гледаш, ама што ти прави пуста фантазија, сакаш да го гледаш светот од призмата на богатите иако не спаѓаш во таа класа. А тоа ти е почеток на ментална болест, кога си замислуваш дека имаш исти интереси со Џеф Безос.
Може да не упатиш на некои примери за успешни стартапи или барем класика отварање фирма со ортаклук, кредити подигнување нешто, било што само да нема партија и држава замешано, да видиме како е тоа во реалноста.
Или барем да дадеш пример како шивачка на нејзини 47 години ќе подигне кредит, каква кредитоспособност има со нејзини примања, има на шалтер на банка да прават интересни фаци, им се појавува шивачка за да земе кредит за почнување бизнис, замислувам таква сцена само што не е за смеење.
А може нешто ќе ни кажеш за истата за преквалификација, од каде пара, 2 месеца е назад со струја, вода пола година, на рабуш во колонијал 5000, реална состојба, како ќе оди 80км далеку секој ден на некој непостоечки курс, било како, измисли нешто ако треба.
Во тие видеата од по 10 минути не ти кажуваат дека трудот се овозможува од човек, значи човечко битие и не смее да се изедначува со капиталот по значење, затоа што капиталот нема ниту емоции, ниту треба да јаде, да пие и да биде во работоспособна состојба, не можеш да имаш секс со капиталот, не може да споделиш мака и да направиш муабет со него.
Ако повеќето луѓе во едно општество имаат консензус дека примањата
мора да бидат доволни за физички опстанок на едно човечко битие и одржување на работоспособност без компромитирање на здравствена состојба тогаш
мора да има законска минимална плата.
Пазарот тоа нема да го овозможи тука уште 200 години, нити е ова некаква состојба на голи прерии и секој почнува од нула како во САД во 18.век, парата е веќе завладеана од политика и олигархија и нема враќање, треба да се мисли што понатаму во реалноста.
Една од причините што не мрднува стандардот напред 27 години е тоа што нема потрошувачка која ќе го стимулира растот, која ќе генерира нови работни места, а нема затоа што добивката (не профитот, бидејќи од него се одзема трошокот за плати) е поделен на таков начин како што е, не знам таму џини индекс, РМ на последно место во Европа или како и да беше, во друштво на Буркина Фасо.
Ако си играме општество (а си играме 27 години) тогаш ќе немаме правила на игра за оние кои го најмуваат трудот и многу нормално што сите ќе сакаат или да заминат или на државно. Тие се резултатите на "претприемачите" тука.
Извини што ја сведувам дебатата на лично ниво, немам цел да навредам, намали со тоа видеата, за твое добро, верувам дека си добро детенце