- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.089
- Поени од реакции
- 12.651
Точно, и јас се согласувам дека Скопски Саем - во сегашната состојба - е` нерентабилен.Реално саемот не беше рентабилен. Застарени хали во кои се одржуваа малце и подпросечни саеми. Ако се сеќаваш до пред 10 - 15 години кога немаше толку трговски центри во Скопје имаше секој декември и новогодишен саем и сите хали пукаа со роба секаква. Нема излагачи им паѓаше прометот а реално за некои модерни саеми од голем ранг немаше ни капацитет нити местоположба некоја во светов. Земајќи во предвид дека саемот долги години беше и е во приватна сопственост никој неќе да стопанисува нешто кое го носи во загуба.
Но еве, новиот сопственик има пари и планира да гради трговски и деловни објекти на истата парцела на која се наоѓа Скопски Саем, а на таа парцела има доволно слободен простор за изградба на трговски и деловни објекти без потреба од рушење на Скопски Саем.
Инвеститорот може слободно да ги обнови халите, може и да ги пренамени, и онака не се одржуваат саеми секоја недела, па може да ги издава под кирија во периодите кога не се одржуваат саеми, а истовремено може и да изнајде решение за планираните трговски и деловни објекти во кои би се вклопиле и халите.
Само треба да постои желба и волја за таков потег, кои очигледно ги нема кај овој приватен инвеститор.
Во вакви околности, државата треба да реагира, да го прогласи Скопски Саем за културно и историско наследство и да му даде статус на заштитен споменик, со што ќе бидат забранети било какви промени на структурата на халите и било какво рушење на халите, без разлика кој бил поранешен сопственик, без разлика кој е` сегашниот сопственик и без разлика кој ќе биде иден сопственик на парцелата и на објектите на истата таа парцела.
Но зајко кукурајко не делува како да планира да ги декорира трговските и деловните објекти кои новиот сопственик на Скопски Саем планира да ги гради на парцелата, како што ги декорираше со балони полни со боја и песок објектите од проектот Скопје 2014 кои беа изградени со народни пари.
Последно уредено: