Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.706
Поени од реакции
36.371
https://www.porta3.mk/za-saem-za-skopje-koe-poleka-go-snemuva/

За Саем. За Скопје кое полека го снемува

30/03/2018

Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ достави до нашата редакција отворено писмо упатено до премиерот Зоран Заев, градоначалниците Шилегов и Георгивски, како и до сопственикот на локацијата на Скопски саем, г-дин Папранику. Во писмото се вели:

Ви се обраќаме со отворено писмо по повод уривањето на Скопскиот саем, кое треба да започне за неколку месеци. Од достапни информации во електронските медиуми, дознавме дека на местото на Скопски саем наесен ќе почне да се гради трговски центар и за таа цел ќе бидат урнати и халите на саемот.



Ви се обраќаме НИЕ, ГРАЃАНИТЕ на овој град, од сите професии и возрасти, претставници на архитектонската фела, членови на семејствата на проектантите на Саемскиот комплекс, пријатели на Скопје, поддржани од низа организации и компании. Сите обединети во крикот да се сочуваат саемските хали како еден од стожерните бранители на идентитетот на постземјотресно Скопје. Како непобитен дел од историјата на македонската архитектура и македонското стопанство.

Ниту една култура, ниту еден сериозен општествен конституент не може да опстојува доколку не го разбере значењето на зборот континуитет. Архитектонската мисла на 20-тиот век ја обележува модерната, која глобално е вреднувана како културна традиција. Во делата на модерната во Скопје се чувствуваат ликовни белези инспирирани од градителската традиција на ова поднебје. Прочистена од декоративност, со совршена функционалност, хумана во својата природа, модерната очигледно живееше во Скопје додека не се посегна по неа со проектот „Скопје 2014“. Со исчезнувањето на Скопскиот саем, ќе исчезне уште една трага на модерното Скопје, кое во чекор ги следеше светските архитектонски текови.



Изграден во 1972 година, како дело на четворица врвни домашни архитекти Димитар Димитров, Живко Гeлевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ, Скопскиот саем е распослан на 25.000 квадратни метри, од кои 16.000 се затворен простор во шест саемски хали, функционално и архитектонски обликувани и поврзани во оригинална целина, во духот на периодот на којшто припаѓа, модерната.
Почетоците на функционирањето на Скопскиот саем се поврзани со многу значаен настан за историјата и културата на Скопје, а тоа е одржувањето на Светската шаховска олимпијада, манифестација од највисоко светско ниво, прва (а и последна) од тој вид организирана во нашиот град.

Подоцна, Скопски саем беше дом на исклучителни фестивали, концерти на Боб Дилан, на Крафтверк, Молоко, на Симон Трпчевски...

Халите на Скопскиот саем во текот на 67-годишното постоење беа средиште на бројни саемски манифестации: Саем за мебел, Саем на книгата, Инфоком, Балканска туристичка берза, Саем на градежништво, Модна недела, Вински фестивал... Тука се правеше преглед на развојот на македонската економија, но се следеа и книжевните и културни трендови.



Денес на овој објект му е пресудена егзекуција без притоа да се прашаат ГРАЃАНИТЕ и стручната јавност.

Ние архитектите, градители по вокација, веќе половина година во затворени кругови дебатираме, емотивно се поддржуваме и се обидуваме да создадеме стратегија како да го заштитиме единствениот Саемски комплекс во земјава, кој ги одбројува последните денови на живот. Како да го спречиме натамошното исчезнување на примерите на расната архитектонска практика на постземјотресно Скопје. Овој објект е дел од тој смел проект на постземјотресно Скопје, во кој домашните творци и архитекти ги прифатија сите современи текови во архитектурата и создадоа вредни обрасци, не само за домашната, туку и за светската архитектонска продукција. Тој е дел од таа значајна архитектонска целина во градот и дел од идентитетската рамка во која делува архитектурата како дел од културата.

Ние, децата на проектантите, едноставно не можеме да се помириме со фактот дека културното, историското, професионалното, па и емотивното, како дел од творештвото на нашие татковци, може за секунда да се претвори во прашина и да се заборави. Нашите татковци, Димитар Димитров и Живко Гелевски, можеби тивки, молчаливи, но преполни со оригинални идеи и решенија, тие двајца кои не се двоеја, неразделно заеднички молчеа, заеднички работеа, тивко решаваа во договор и најголемо почитување и другарство, професионално и човечки, кое денес ретко го гледаме околу нас.

Бајо – Благоја Мицевски, добивањето на наградата за животно дело Андреја Дамјанов, го означи со говор во негов стил: „... Големо задоволство ми беше кога еден обичен човек, гледајќи во фотографија од Сајмиштето на ѕидот зад моето биро ме праша: Зошто олку цркви на мала близина? – Да ви кажам нешто, тие павилјони се места за медитација. Тука истражував со формата на кровот, со начинот на продирање на светлината за да се приближам кон таа цел. И уште се приближувам.“



Зошто токму овој објект, со толкаво значење и вткаени траги од знаењето и создавањето на НАШИТЕ претходници, да се урне за да се изгради уште еден трговски центар и деловно-станбени згради во Скопје? Ќе го нема она Скопје кое нам лично ни значи нешто. Повеќето објекти кои ни значат, повеќето простори кои, какви и да биле, сме ги сакале и сакаме да ги паметиме. Тие се дел од колективната меморија.

Убавото време ни ја зголемува неизвесноста околу иднината на просторот на
Скопскиот саем.

Затоа дозволете ни, НИЕ ГРАЃАНИТЕ да бидеме вклучени во донесувањето на вашата конечна одлука. Просторот на Саемот е ваш. Објектите се ваши. Но дозволете ни нашите сеќавања да останат поврзани со таа форма. Не го рушете. Задржете ја уникатната флуктуирачка и повеќенаменска моќ на просторот.

Начинот на кој се планира Саемот да исчезне од градот ѝ штети на иднината и на државата, на неговиот специфичен архитектонски идентитет, идентитет кој исчезнува.

Затоа вам ви се обраќаме. Да ги прифатите нашите причини. Да бидат и ваши причини. За хармонија на градот со нас граѓаните, на градот и содржината на објектите во него, бидејќи судбината на човекот се едначи со судбината на градот.

„Животот е краток, Скопје е вечно“ - Гане Тодоровски

Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ
..па кога ќе клаат една џамија онака среде сето тоа изградено од 350 милиони евра со 4 минариња по 30м! :facepalm:
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
eve use neso za `diskriminacijata`.
moze posle ova @puno kje prekine da mrsi muda za nacionalizam i kje mu tekne deka sistemot vo koj `negovite` politicari se nezamenliv del-go ebe vekje 18 godini. ali polesno e da se pokaze prstot kon drugite nego kon sebe koga se bara odgovornost.

diskriminacija.JPG
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.689
Поени од реакции
11.923
Тиранска платформа беше измислица, па повеќе од сигурно е` дека и Преспански договор исто така е` измислица.

За да не бидат насамо другарот Квислинг и другарот Петен, ќе им се придружи и комшијата Мусолини, чисто онака за да им даде благослов за нов Минхенски - пардон, Преспански договор.

И онака во тројка секогаш е` повозбудливо, ма да и во четворка со бате Бојо од Софија би било екстра возбудливо во фашистичкиот кревет под квислиншката постела.

https://telma.com.mk/skopje-i-atina-vo-ochekuvane-na-telefonskiot-razgovor-zaev-tsipras/

Скопје и Атина во очекување на телефонскиот разговор Заев-Ципрас

1 јуни, 2018 во 15.37 ч.



Скопје и Атина во исчекување на телефонскиот разговор меѓу премиерите Заев и Ципрас. Се уште нема информација кога тој би се случил. Засега единствената информација која ја дава владата е дека ќе информираат веднаш штом телефонскиот разговор ќе се случи. Премиерот Зоран Заев завчера најави дека најдоцна до денеска ќе разговараат со Ципрас. Грчките медиуми објавуват дека доколку разговорот има позитивен исход, тогаш договорот, најверојатно, би се потпишал во Преспа на трилатерална средба, на која би присуствувал и албанскиот премиер Еди Рама.

Правниот тим на македонското МНР кое во Атина со грчките колеги ја доработуваше рамката која минатата недела ја договорија Димитров и Коѕијас за надминување на спорот, е вратен во земјава.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски синоќа на својот ФБ профил објави дека во Атина со тим од 3 дипломати од МНР направен е договорот за смена на името, со сите подробности, со ерга омнес и измена на Устав.

„Вчера во Атина, со учество на 3 дипломати од МНР, направен е договорот за смена на името, со сите подробности, со ерга омнес и измена на Устав; се чека главните советници за надворешни работи, Башановиќ и Калпадакис да организираат тел.разговор Заев-Ципрас за да се одлучат за одредницата Северна или Нова Македонија! , напиша Милошоски.

„Република Северна Македонија“ е името кое што е во предност во однос на останатите предлози на медијаторот оценуваат грчките медиуми, кои дури разгледуваат и можни датуми кога би се одржала средбата меѓу Заев и Ципрас. „Катимерини“ коментира дека премиерите би се сретнале најдоцна до средината на јуни, пред Самитот на ЕУ закажан на 28 и 29 овој месец, но локацијата каде што би се одржала средбата се уште не е позната. Подршка до лидерите на Македонија и Грција стигна од Стејт департментот од каде порачаа дека заедничко прифатливо решение за проблемот со името ќе биде во интерес на евроатлантската интеграција, економскиот просперитет, мирот и стабилноста во регионот.

Според извештаите во грчките медиуми Атина бара македонската страна да заврши со сите обврски, па потоа евентуалниот договор да се ратификува во грчкиот парламент, односно прво да се заврши со референдумот, а потоа договорот да добие зелено светло од грчките пратеници. Овие наводи се чини дека се потврдуваат со изјавата на портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос според кого нема да постои договор доколку не се прифати ерга омнес и уставна ревизија.

Игор Трајков
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.217
Поени од реакции
16.729
od lokalnite do denes, site sto se unapredeni vo administracija na grad skopje se albanci
tie se tie 40 000 glasa bez koi shilegov kje sonuvase da stane gradonacalnik.
zboruvaj mi za diskriminirani albanci.
Па во право е, не е поентата дали се Албанци или не, накај Арачиново гравитираат бизнисмените од Мавровка и Бит Пазар, овие, трговци де. И сеа они од нивните ќе трпат зулуми и самите ќе си патат, зашто некој решил натака да не казнува сообраќајни прекршоци. Као демек до сега казнувале, па ова новост е, хехе. Пуно е можда вечита жртва како обесправен, што се ноторни глупости секако, али за ова е во право, утре Бекир има да го шамара Пуно, а овој ќе молчи и нема да смее да помисли да се обрати у полиција, едино правдата у свои раце. Како Висар што јадеше ќотек, ама и тоа се забошоти брзо.

И кој е крив тука, шиповите, каурите или све у пакет што е на позиција?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.115
Поени од реакции
15.061
Онаа мрднатана Ди Џеј Марте Наумоска од Кичево ги сменила името и верата и преминала во ислам.
Прегледај го приврзокот 191610
Прегледај го приврзокот 191611

Еве какви ликови го донесоа Заев на власт.Знамето во позадина баш и личи.
Прегледај го приврзокот 191612
Би замолил да не се пишува повеќе за девојчево...татко и ми е близок пријател, и си има мака со неа. Едноставно ништо лошо не прави освен што е зависна од пажња и вака да се фали со глупости по ФБ. Таму каде природата си поиграла со некого...не треба ние да дополнително да ја потурнуваме во провалија.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.022
Има уште за работа, не би рекол дека сѐ е испродадено. Допрва следни главното. Откако ќе му се допосерат на името, уставот, идентитетот, двојазичност и тн., мислам дека следно на што ќе се работи е проектот "Швајцарија на Балканот".

Прашање на време е кога Заев, и куририте околу него, ќе почнат да зборат за некаква децентрализација, растеретување на централната власт, поголеми ингеренции на општините, придобивки за граѓаните. Се разбира, тоа ќе бидат флоскули со кои ќе се обидат да ја еуфемизираат поделбата на државата на кантони и региони, со изговор дека тоа ќе биде во корист на граѓаните. Региони кои подоцна би добиле автономија, и би прераснале во федерални единици - албанско и македонско говорно подрачје. И сето тоа ќе си помине без некои поголеми реперкусии.

Секако, од оваа временска дистанца сево ова изгледа смешно и неостварливо. Но, да не заборавиме дека и многу други работи како тирански платформи, албански ансамбли, двојазични униформи, двојазичност на цела територија, менување устав, промена на име и сл., изгледаа смешно пред некоја година, но сега гледаме дека се реализираат до последна точка и потточка.
Не бе што збориш тоа е само во главите на небањатите што ги лаже Грујо.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
https://www.porta3.mk/za-saem-za-skopje-koe-poleka-go-snemuva/

За Саем. За Скопје кое полека го снемува

30/03/2018

Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ достави до нашата редакција отворено писмо упатено до премиерот Зоран Заев, градоначалниците Шилегов и Георгивски, како и до сопственикот на локацијата на Скопски саем, г-дин Папранику. Во писмото се вели:

Ви се обраќаме со отворено писмо по повод уривањето на Скопскиот саем, кое треба да започне за неколку месеци. Од достапни информации во електронските медиуми, дознавме дека на местото на Скопски саем наесен ќе почне да се гради трговски центар и за таа цел ќе бидат урнати и халите на саемот.



Ви се обраќаме НИЕ, ГРАЃАНИТЕ на овој град, од сите професии и возрасти, претставници на архитектонската фела, членови на семејствата на проектантите на Саемскиот комплекс, пријатели на Скопје, поддржани од низа организации и компании. Сите обединети во крикот да се сочуваат саемските хали како еден од стожерните бранители на идентитетот на постземјотресно Скопје. Како непобитен дел од историјата на македонската архитектура и македонското стопанство.

Ниту една култура, ниту еден сериозен општествен конституент не може да опстојува доколку не го разбере значењето на зборот континуитет. Архитектонската мисла на 20-тиот век ја обележува модерната, која глобално е вреднувана како културна традиција. Во делата на модерната во Скопје се чувствуваат ликовни белези инспирирани од градителската традиција на ова поднебје. Прочистена од декоративност, со совршена функционалност, хумана во својата природа, модерната очигледно живееше во Скопје додека не се посегна по неа со проектот „Скопје 2014“. Со исчезнувањето на Скопскиот саем, ќе исчезне уште една трага на модерното Скопје, кое во чекор ги следеше светските архитектонски текови.



Изграден во 1972 година, како дело на четворица врвни домашни архитекти Димитар Димитров, Живко Гeлевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ, Скопскиот саем е распослан на 25.000 квадратни метри, од кои 16.000 се затворен простор во шест саемски хали, функционално и архитектонски обликувани и поврзани во оригинална целина, во духот на периодот на којшто припаѓа, модерната.
Почетоците на функционирањето на Скопскиот саем се поврзани со многу значаен настан за историјата и културата на Скопје, а тоа е одржувањето на Светската шаховска олимпијада, манифестација од највисоко светско ниво, прва (а и последна) од тој вид организирана во нашиот град.

Подоцна, Скопски саем беше дом на исклучителни фестивали, концерти на Боб Дилан, на Крафтверк, Молоко, на Симон Трпчевски...

Халите на Скопскиот саем во текот на 67-годишното постоење беа средиште на бројни саемски манифестации: Саем за мебел, Саем на книгата, Инфоком, Балканска туристичка берза, Саем на градежништво, Модна недела, Вински фестивал... Тука се правеше преглед на развојот на македонската економија, но се следеа и книжевните и културни трендови.



Денес на овој објект му е пресудена егзекуција без притоа да се прашаат ГРАЃАНИТЕ и стручната јавност.

Ние архитектите, градители по вокација, веќе половина година во затворени кругови дебатираме, емотивно се поддржуваме и се обидуваме да создадеме стратегија како да го заштитиме единствениот Саемски комплекс во земјава, кој ги одбројува последните денови на живот. Како да го спречиме натамошното исчезнување на примерите на расната архитектонска практика на постземјотресно Скопје. Овој објект е дел од тој смел проект на постземјотресно Скопје, во кој домашните творци и архитекти ги прифатија сите современи текови во архитектурата и создадоа вредни обрасци, не само за домашната, туку и за светската архитектонска продукција. Тој е дел од таа значајна архитектонска целина во градот и дел од идентитетската рамка во која делува архитектурата како дел од културата.

Ние, децата на проектантите, едноставно не можеме да се помириме со фактот дека културното, историското, професионалното, па и емотивното, како дел од творештвото на нашие татковци, може за секунда да се претвори во прашина и да се заборави. Нашите татковци, Димитар Димитров и Живко Гелевски, можеби тивки, молчаливи, но преполни со оригинални идеи и решенија, тие двајца кои не се двоеја, неразделно заеднички молчеа, заеднички работеа, тивко решаваа во договор и најголемо почитување и другарство, професионално и човечки, кое денес ретко го гледаме околу нас.

Бајо – Благоја Мицевски, добивањето на наградата за животно дело Андреја Дамјанов, го означи со говор во негов стил: „... Големо задоволство ми беше кога еден обичен човек, гледајќи во фотографија од Сајмиштето на ѕидот зад моето биро ме праша: Зошто олку цркви на мала близина? – Да ви кажам нешто, тие павилјони се места за медитација. Тука истражував со формата на кровот, со начинот на продирање на светлината за да се приближам кон таа цел. И уште се приближувам.“



Зошто токму овој објект, со толкаво значење и вткаени траги од знаењето и создавањето на НАШИТЕ претходници, да се урне за да се изгради уште еден трговски центар и деловно-станбени згради во Скопје? Ќе го нема она Скопје кое нам лично ни значи нешто. Повеќето објекти кои ни значат, повеќето простори кои, какви и да биле, сме ги сакале и сакаме да ги паметиме. Тие се дел од колективната меморија.

Убавото време ни ја зголемува неизвесноста околу иднината на просторот на
Скопскиот саем.

Затоа дозволете ни, НИЕ ГРАЃАНИТЕ да бидеме вклучени во донесувањето на вашата конечна одлука. Просторот на Саемот е ваш. Објектите се ваши. Но дозволете ни нашите сеќавања да останат поврзани со таа форма. Не го рушете. Задржете ја уникатната флуктуирачка и повеќенаменска моќ на просторот.

Начинот на кој се планира Саемот да исчезне од градот ѝ штети на иднината и на државата, на неговиот специфичен архитектонски идентитет, идентитет кој исчезнува.

Затоа вам ви се обраќаме. Да ги прифатите нашите причини. Да бидат и ваши причини. За хармонија на градот со нас граѓаните, на градот и содржината на објектите во него, бидејќи судбината на човекот се едначи со судбината на градот.

„Животот е краток, Скопје е вечно“ - Гане Тодоровски

Група граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ
Реално саемот не беше рентабилен. Застарени хали во кои се одржуваа малце и подпросечни саеми. Ако се сеќаваш до пред 10 - 15 години кога немаше толку трговски центри во Скопје имаше секој декември и новогодишен саем и сите хали пукаа со роба секаква. Нема излагачи им паѓаше прометот а реално за некои модерни саеми од голем ранг немаше ни капацитет нити местоположба некоја во светов. Земајќи во предвид дека саемот долги години беше и е во приватна сопственост никој неќе да стопанисува нешто кое го носи во загуба.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.260
Поени од реакции
81.412
Би замолил да не се пишува повеќе за девојчево...татко и ми е близок пријател, и си има мака со неа. Едноставно ништо лошо не прави освен што е зависна од пажња и вака да се фали со глупости по ФБ. Таму каде природата си поиграла со некого...не треба ние да дополнително да ја потурнуваме во провалија.
ОК, само кажи - примила ли ислам?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.217
Поени од реакции
16.729
Виктора е типичен малограѓански фиромец кој шири малициозни муабети. Пола држава се такви ко него, јебеш га.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Него нас западот ни наметна да се потценуваме и не уништи како ниска класа на луѓе да се осеќаме. Како тоа истиот народ на балканот до пред 30 години во една Југославија имаше чувство за државотворност просперитет и наука, а сега наеднаш ништо од тоа. Значи и сами сме криви ама многу големо влијание имаме од надворешни сили. Корупцијата дојде од запад. Како пред 30 години имаше минимална корупција а сега се е корумпирано? Мислам дека високо лице во британскиот политички живот има изјавено дека словените се многу вредно племе и затоа мора константно да се држат поделени и сиромашни за да работат во корист на западот и да останат корумпирани. На Југославија не и требаше влез во ЕУ бидејќи ги шиеше сите. И замислете беше земја со многу помал број на ресурси од една Нормешка и Шведска што значи дека шиела со знаење и индустрија. Се граделе цели централи и инфраструктура за електрична енергија во Ирак, Африка а се земало компензација ресурси кои ни недостасувале. Но раздели па владеј е од римско време па се применува и ден денес. Доведени сме до ситуација на општа апатија, инфериорност и чувство на неспособност. Идеализирање на системи од запад кои беа мачкина кашлица со тоа што ние го имавме. Оваа појава не се чуствува само во Македонија туку и во Србија, Хрватска, Словенија (најмалце), Босна и др. Со воведување на еврото најголем профитер е Германија со што го зголеми нејзиниот извоз. Така да ЕУ не е клуб за земјите како нас секогаш ќе бидиме трет свет и тешко некој бенефит дека ќе видиме. Јас лично имав некоја надеж за ЕУ ама како што поминува времево се гледа дека се е лага и е модерен империјализам на две три земји. Така да цел секс што го добиваме сега ќе биде залуден ние дури влеземе во ЕУ пола членки ќе напуштат.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.115
Поени од реакции
15.061
ОК, само кажи - примила ли ислам?
Абе каков ислам....девојчето е само хиперактивно и тоа најмногу на социјалните мрежи. Се претставува како диџеј, војник специјалец, медицинска сестра....

Но не треба јавноста да се занимава сои тинејџерски проблеми на едно , проблематично девојче,,
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Во Македонија никој не е задоволен од ништо и секој е против секого ... прашуваш рандом Македонец ти одговара абе ние сме мнозинство тука ама малцинствата имаат многу повеќе права од нас особено Албанците. Прашуваш рандом Албанец ти одговара не Македонците имаат повеќе права од нас Албанците и постојано не мајоризираат. Прашуваш некој Ром (Бацинела) ти вика абе ние сме најутепани од сите, сите други и Македонци и Албанци и сите останати имаат повеќе права од нас и.т.н. и.т.н.
И сите гледаат само да се догребат до власта и Аљи и Маљи и Амди и Рамче и Ќемал и Ѕинго и Минго и Петре за фотеља и кеш т.е. личен ќар !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom