Каде се гушкачите на ГТЦ Скопје да го бранат Скопскиот Саем - уште едно обележје на пост-земјотресно Скопје на кое му се заканува рушење ?
Се` задоволија со спасувањето на ГТЦ Скопје од неокласицистичкиот идиотизам кој пвеводбениците и нивниот пастир го планираа, или премногу им е` удобно земањето плата за клатење врата изминативе година дена ?
https://sdk.mk/index.php/magazin/kompleks-trgovski-tsentar-zgradi-delovni-prostorii-za-7-godini-ke-se-izgradi-na-mestoto-na-skopski-saem/
КОМПЛЕКС СО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ЗГРАДИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА 7 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ НА МЕСТОТО НА СКОПСКИ САЕМ
1 јуни 2018
Трговски центар ќе има површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, 250 продавници и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили.
На местото на Скопски саем, за седум години ќе се изгради новиот комплекс „Ист гејт“, кој ќе содржи трговски центар, станбени и деловни згради.
Комплексот кој ќе го гради групацијата „Балфин“ ќе зафаќа површина од 152.000 квадратни метри, а вкупната инвестицијата ќе биде 350 милиони евра. Трговски центар кој според најавите на инвеститорот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија, ќе има површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, 250 продавници и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили. Резиденцијалниот комплекс ќе биде со 1.600 станови, ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри. Во комплексот ќе има и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67.000 квадратни метри.
Комплекс „Ист гејт“ ќе биде со 1.600 станови, ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри
„Нашата цел не е единствено да го прошируваме бизнис-портфолиото туку и да целиме кон повисоки идеи како индивидуи во средините во кои што сме активни. Искрено сакаме да го подобруваме животот на заедницата и нејзиниот развој, да ја заштитиме животната средина и да го збогатиме културниот и образовниот процес. ‘Ист гејт‘ ќе се придржува до сите овие вредности и затоа веруваме дека проектот ќе биде инспиративен не само за нас, туку и за Скопје, за Македонија, но и пошироко“, рече Самир Мане, претседател на групацијата „Балфин“ на вчерашната промоција на проектот.
На презентацијата на комплесот „Ист гејт“ која се одржа во првата хала на Скопскиот саем и вчерашниот настан беше последен пред уривањето, присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицкоски, министри во Владата, како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и на општина Гази Баба Борис Георгиевски.
А. АНТЕВСКА
Изгледа зајко кукурајко не планира да го декорира овој објект со балончиња полни со песок и боја.
https://standard.mk/ist-gejt-moderen-kompleks-zgradi-trgovski-centri-parkovi-vo-skopje/
„Ист гејт“ – модерен комплекс со згради, трговски центри и паркови во Скопје
јуни 1, 2018
Инвестиција од 350 милиони евра, преку 250 продавници со светски брендови и над 2.000 работни места ќе донесе проектот „Ист гејт“ што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје.
„Ист гејт“ е планирано да зафати 152.000 квадратни метри површина. Сместен на помалку од два километра од центарот на градот, во близина на главни сообраќајници, ќе има трговски центар, дел за домување и канцелариски парк од највисока класа.
Проектот зад кој стои групацијата „Балфин“ синоќа му беше презентиран на премиерот Зоран Заев.
– Ова ново мало чудо што вечерва го нудите преку екраните, а во пракса ќе биде здание што ќе го краси главниот град на Македонија, убеден сум дека уште еднаш ќе ја потврди вашата деловна креативност, ќе помогне во економскиот раст на Македонија, ќе отвори нови работни места и секако, ќе биде нешто кое што ќе биде наше, заедничко, истакна Заев.
„Ист гејт“ ќе содржи трговски центар со нето површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, резиденцијален комплекс со 1.600 станбени единици и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67.000 квадратни метри. Шопинг центарот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија и освен голем број светски брендови, ќе има многу содржини за забава, фитнес и паркинг за повеќе од 2.000 автомобили.
Станбениот комплекс ќе има паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри.
Во оваа фаза се размислува „Ист гејт“ да стане првата населба во Скопје чии што становите ќе бидат приклучени на природен гас за домаќинства. Покрај сегментите за шопинг и за домување, проектот ќе го содржи и првиот канцелариски парк во земјава од „А“ класа. Овие објекти ќе бидат сместени во непосредна близина на булеварот „Александар Македонски“, што на идните закупци ќе им обезбеди уникатна видливост. Целиот проект се планира да се комплетира во период од пет до седум години.
Автор на проектот е едно од најголемите архитектонски студија во Турција, Yazgan Design Architecture Inc. кое има освоено низа меѓународни награди како LEAF, European и International Property Awards за проекти како Hamamyolu Urban Deck – Eskisehir, YDA Center Ankara и за Volkswagen Arena Istanbul.
– „Балфин“ е компанија чиј бизнис е фокусиран не само на создавање економски, туку и на општествени вредности на пазарите на кои што работи. Искрено сакаме да го подобруваме животот на заедницата и нејзиниот развој, да ја заштитиме животната средина и да го збогатиме културниот и обрзовниот процес. „Ист гејт“ ќе се придржува до сите овие вредности и затоа веруваме дека проектот ќе биде инспиративен не само за нас, туку и за Скопје, за Македонија, но и пошироко, истакна претседателот на „Балфин“ Самир Мане.
„Балфин“ го реализира „Сити мол“, а стои и зад други проекти меѓу кои Rolling Hills Luxury Residences и Green Coast Resort, како и мрежата на продавници „Нептун“.
https://www.brif.mk/ist-gejt-moderen-kompleks-so-zgradi-trgovski-tsentri-i-parkovi-vo-skopje/
„Ист гејт“ – модерен комплекс со згради, трговски центри и паркови во Скопје
June 1, 2018 12:14
Инвестиција од 350 милиони евра, преку 250 продавници со светски брендови и над 2.000 работни места ќе донесе проектот „Ист гејт“ што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје.
„Ист гејт“ е планирано да зафати 152.000 квадратни метри површина. Сместен на помалку од два километра од центарот на градот, во близина на главни сообраќајници, ќе има трговски центар, дел за домување и канцелариски парк од највисока класа.
Пороектот зад кој стои групацијата „Балфин“, синоќа му беше презентиран на премиерот Зоран Заев.

Извор: МИА