Извини, до пред 2-3 години муабетот општо прифатен меѓу народот беше дека уште името било пречка. Тоа го збореше Грујо тоа го потврдуваа неговите гласачи. Истите тие гласачи кои сега викаат “нормално, не е само името”. Така да, мааааалце хипокризијата на двојка ако може да се намали да не биде истече лончето претече млекото.
Мислиш “изгоре лончето, претече млекото“!
Гледам ЕУ пак не стави на чекање, ништо од кристално чистата препорака за почекот на преговорите. Без промена на Уставното име никогаш нема да се постигне решение, никогаш. Од една страна го имаме народот кој е против таквата мерка, а од друга страна партиите кои притајно или сакаат да го променат името за бенефит или пак јавно прифатија друго име, како Тројан Заев на пример, и сега ќе се обидат тоа смешно име да стане (правен) обичај се со цел да дојде до прифаќање на истото, или во полош случај, општото незадоволство околу истото да се намали. Јасно ни е дека името е нерешлив проблем, дека никогаш нема да влеземе во таа ЕУ и дека 2 децениии тапкаме во место. Редно е повторно обмислување на целокупната идеја околу нашето членство во ЕУ.
Притоа секоја реформа која ни беше наметната ја спроведовме и секоја забелешка ја воочивме, и таму каде што се може корегиравме, како држава. ЕУ не направи ниту една отстапка, никогаш не вршеше притисок врз Грција и секогаш целиот притисок се истураше врз нас. Еве нека се промени Уставното име, ако така одлучи народот по облигаторниот референдум, но и Грција треба да направи извесни промени како подобрување на правата на македонците во Грција и официјално да се признае македонското малцинство во Грција и промена на имињата на административните зони. Ако се бара од нас да ги пречекориме црвените линии, секако, со согласност прво од народот, треба и тие да ги преминат своите зацрнати линии. Во спротивно општото незадоволство само ќе биде во постојан раст, како и одбивноста на нароот за името и барање алтернатива на ЕУ, која нема да не малтретира, уценува, заканува и правно да не силува.