Не застана никогаш пропагандата, само менува интензитет во зависнот од потребите.
Чист пример со балисти, шверцери т.е хулиганите од пред некој ден, чиста провокација. Од 100 хулигани 90 се овци а 10 волци, тие 10 волци знаат точно како треба да ги натераат тие 90 овци да блеат а само 1-2 од волците знаат зошто тоа го прават. Затоа кај нас тие луѓе стануваат цариници, инспектори, директори и раководители по јавни претпријатија и разно разни буџетарски инстанци.
Во меѓувреме пак старото добро каури и ш*иптари. За појачање се уклучва по некој поп и оџа.
Не дека се е исценирано, постои нетрпеливост што е факт, само сето тоа добро се става во одреден контекст по потреба.
Еве овој шо видовме сите кај шо бара мито го ослободија, невин бил
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
ај за Глобал никој не навлезе во доказите па да се види црно на бело шо се дешавало и остана неразјаснето за пошироката јавност, ама ова сега е здраво дупење.
Утре овој па другиот гарант ќе го осудат, не дека е невин, исто како другиот, ама муабетот беше правда и мир. Сеа ниту правда а како изгледа ниту мир во догледна иднина. И сеа ќе има протести шо е сосема оправдано, неможи вака.
Исти qr со името, нема промена на Устав, нема двојзаичност и после пак дупење во мозок.
Ај да верува некој, ама после 2001 видовм шо се случи, територијалната реорганизација освен етничко чистеење друго ништо не донесе, а и тој плебисцит немаше да помине без ДПМНЕ. Исто сценарио сега со името, ако ДПМНЕ запне нема шанси да помине освен на некој тежок фалсификат. Само проблем е шо им одговара на сите некој политички да изгори и да се вратат во старата добра шема сите топтан а нашите „пријатели“ ги заболе шо владее тука клептократија, и тоа ни се разјасни.
Еден куп луѓе шо ја поддржаа промената на власта ќе гласаат против промена на име или воведување на двојазичност.
Нека бараат некој модус кај шо во билатерални односи ќе не викаат како сакаат грците и исто нека се користи во мултилатерални ако и јунанситанците се дел во спротивно нека одебат. Нека има промена во Устав да поддржи вакво нешто и тоа е тоа. Во спротивно нема шанси, само со репресија и фаслификат може да помине Република Илинденска МКД за севкупна употреба.
Не ми е јасно само дали имаат два грама памет дека видео изјави има од шо брчеа и за името и за двојазичноста, сеа да има избори изглеа не им е јасно како ќе си поминат.А и не им менува ништо, посекако топ си беа.