Тоа што не знаеш кој е Димитрије Туцовиќ ( во дебар маало има улица именувано во неков спомен) кажува доволно. Има он и други сведоштсва но секако ти не знаеш, не се изненадувам.
Не знам како Димитрије е релевантен за дискусијава и работиве кои ти ги зборувам. Уште помалку и тоа што не знам дека имало улица именувана по него во Дебар Маало. Можеби заради фактот што не работам како таксист па да ги знам сите улици во Скопје, или уште повеќе заради фактот што не живеам таму.
Нејсе, гледам на каде оди дискусијава. Се жалиш дека немало доволно конструктивизам а уствари си добар спинер. Вешто ги избегнуваш работите кои не ти одат во прилог и ја сегментираш целата дебата. Следно што ќе следи, веројатно во момент на фрустрација, сето ова ќе го сведиш на лични препукувања заради недостаток на аргументи.
Во суштина злосторствата на релација Албанци - Македонци е тема која да сум на твое место воопшто не би ја отварал. Не ти оди во прилог ниту тебе ниту на твоите истомисленици. Ако зборуваш за настани кои што се случиле многу одамна, во различни околности од овие денес, за времиња во кои тие работи биле вообичаени, јас само би додал дека за вас тие работи и денес се својствени.
Во 21 век, време во кое живееме во божемна демократија вие живеете во продолжение на тие настани кои се одвивале пред 100 години, тој тренд кај вас не е запрен. Смилковско е само еден пример од низата кои што ги потврдуваат овие работи. На погрешна адреса ги пласираш твоите изливи на обесправеност и жртва. Можеби сеуште палат таму некаде на запад, но овде, помеѓу македонското население сте одамна прочитани ко селски буквар.
Не треба јас да давам докази, ти треба кога викаш дека албанците не плаќаат струја или данок, бурден оф прооф.
Наброј ми колку албански олигарси има?
Зошто ти се докази? Целава тема ти е еден голем доказ за работиве кои што ти ги зборувам. Повеќе од евидентно е, дел од секојдневието каде низ разни теми доаѓа до израз фактот дека сте неосновано привилегирани во однос на законите кои што треба да важат за сите граѓани подеднакво. Само во вашиот случај тие важат помалку, зависно за кој закон се работи, дали ви оди во прилог или не.
А кога станува збор за албанската олигархија и криминал, богами тоа е опсежна тема, уште една која не оди во прилог на твоите неаргументирани ставови за безгрешноста и невиноста на албанското малцинство и политичари.
2001 направивте војна за наводни права, за образовни установи на албански јазик. Баш ме интересира каква разлика тоа направи во секојдневието на просечниот албанец, во кои сегменти тој напредна откако ги доби тие права а наводно ги немаше пред 2001. Како албанските образовни установи до сега продуцираа квалитетен кадар и колку тој го подобри и придонесе за квалитетот на живот во државата. Јас и мнозинството еве не гледаме разлика, ќе се надоврзам и зошто, кога веќе ја спомениуваш албанската олигархија.
Нели ДУИ заедно со Али е во коалиција со секоја власт од 2001 па наваму. Денес имаме судски постапки кои се водат за криминал во државните структури. Се правеа незаконски бизниси, се местеа тендери, избори...дали ти мислиш дека албанскиот владеачки блок беше имун на овие работи, почнувајќи од 2001 па наваму? И дека за тој временски период немаше поединци од албанскиот владеачка елита, бизниси кои беа поврзани со албанскиот дел од власта и на тој начин се стекнале на незаконски начин со лична корист.
Тоа е незибежно со гаранција. Тоа што Али и компанија ги нема на снимките е веројатно политички договор измеѓу ДУИ и СДС.