Вандализам, фрлање отпадоци, има и во Русија: и во запуштени провинцијски места, - и во сама Москва.
Пред ден-два, читам од човек професор во Јужна Кореја: отишол наутро на работа, кога гледа: пред влез на школа некој човек спие - со полни гаќи. Зашто Јужна Кореја има висока стапка на алкохолизам.
Германија, која редовно ја земате за углед зашто си штити свои интереси економски, тоа го прави зашто елитата е на курс на национално културно разнебитување на земјата. Тоа што во една Баварија одлучиле да се постават крст насекаде, и прифаќа емигранти, ефекти гледаме околу нас. Гледај ти демографски промени.
Меркел и Шојбле преку нивен начин на водство ги блокираа скоро сите демократски канали низ цела ЕУ. За тоа може подробно да се запознаете преку книгата на Јанис Варуфакис најнова. Или прашај западни-европјани што велат за нивни земји.
Русите 1980ите и 90ите, Кина 1960ите и 70те, сами се упропастија себеси. Народот кинески сам своеволно и своерачно си го демолираше скоро целото свое културно наследство. Тие немаат скоро никаква стара градба на цела територија на Кина.
САД: нивната пропаст НЕ е во минатото, туку во иднина, и тоа скора. Доларот се руши, воена супремација се губи, индустрија голема нема, школство упропастено, универзитестско образование во криза.
Главна разлика меѓу нивна и наша е во величина и географска позиција.
Кога се мисли како сме ние катастрофа како ниедна друга, треба да се разгледа наоколу, временски и просторно.
И скептичен сум за тоа како Австрија ќе била подобар сосед од Грција. Австрија... како прво, тие се нерехабилитирани нацисти. Гнездо и родна грутка на нацизмот. Пред 30 години да побараш соба во Виена, ќе те прашаа за твојот тен. Да не си црномурест? Откако сите дознаа Валдхајм бил нацистички офицер, тогаш, дури тогаш го изгласаа за претседател. Да се граничевме со Австрија може ќе копнеевме да се граничиме со земјата на славна култура, православна, топла, релаксирана и прекрасна Грција.
Вистина: ние сме пропаднати, и УШТЕ ќе пропаѓаме. Ајде да реално видиме што од тоа следува. Хаити е тип на најпропадната земја. Нејзиниот сосед Доминиканска Република - границата си стои. Слично и со низа други пропаст-земји. Крим е единствена територија анектирана. ... од една Русија ... Русија која е без толеранција за терористи во Сирија, и веројатно би била без толеранција кон тероризам во Македонија. Како и Кина, која има сообраќаен центар во Пиреј со транзитни рути кои сака да ги обезбедува.
Еден наш проблем е што гледаме на наша ситуација во МОМЕНТ. Без да видиме процеси.
1997 се распадна се сеќавате кој? Албанија. Демонстрација како Албанците
Албански се поделени. И такви се низ
цела нивна историја. И историјата ни покажа како здружување во заедничка држава може да генерира омраза помеѓу луѓе кои зборуваат ист јазик. Јазикот им е ионака доста различен на овие овде од тие во Албанија.
Joe Dalton ќе рече: тие се во секој случај обединети за заеднички цели на кои работат, исто како Израелците. Израелците бранат интереси на Израел борбено и одлучно исто како што нацистите бранеа интереси на Германија. Ако на соседен народ му убиеш 60 цивили туку-така, + се шириш на негова територија, кога ќе се обезбедиш од нив:? На Свети Никад.
И Кина и Русија се изразени конзервативци по меѓународно право, и ќе чуваат граници и државност на Македонија. ... Онолку колку тие се фактор во светот општо.
И една Велика Британија денес има скромен степен на сувереност, гледате како се изгуби „Брегзит“. Што е повторно само еден момент, затоа што ЕУ е близу до крајот со денешниот систем на управување. Што и да се случи со ЕУ, - да не прејудицирам - евроазиските интеграции бавно и сигурно ќе влијаат во насока на развој.
Затоа сакам да речам: колку и да работите одат на лошо, Македонија си има иднина. Има иднина како независно подрачје. Македонија има практично ЗАГАРАНТИРАН опстанок. И да нејзини жители се борат да ја снема, заради законитости од кои некои наведов, - нема да успеат. Вие ќе умрете, Македонија ќе продолжи ; притоа може да изрази жалење по повод на вашата смрт, ако сте биле за неа.