Големиот „родољуб“, фан и гуру на бетмен (од кинески пазар), трендо, дури денеска дознал дека сопругот на фејк-шарената (ова е дупли фејк) Ноли е сопственик на холандска фирма, таканаречен sweatshop (бангладеш стајл) во сред Македонија, конфекција во која вработените волонтираат или работат за џепарац. Мал чекор за трендо, а голем за сендвичите. Левица за тоа збореше многу одамна. Безобразлуков на истава особа, мислам на Ноли, отиде до таму што на први мај, денот на трудот, лансираше колумна со релативизирање на вредноста на празникот и потенцирање на „маката“ на сопствениците да водат бизнис у оваа недојдија и како и на нив им било многу тешко. Фирмата е рикната, луѓето немаат земено плати, а дотичниот „господин“ го нема нигде. Од ден на ден во државава само искачаат некои мали „фрицлови“ што гласно паламудат, а у позадина раката им е брцната у тегла мед и со кеиф глумат страдалници.
Пак да се вратам на трендо смрдлето и неговиот скоро развиен (недоразвиен) „патриотизам“ (од грижа на совест што спиритуалниот му еквивалент богдан риба ќенефи со државни крпи) - толку ли е големо Скопје за да не може да дојде до оваа информација порано? Како да се работи за некое номадско племе од Сибир што го нема во ниеден регистар, па треба да се лута по тундрата за да ги видиш, а не за професорка од Драмски факултет што секој ден става слики од Холандија. Кога ќе му прочитам вестите и коментарите ко иреал со линкуван КУРир да го читам.