Никој не се разочарал, од старт знам како одат работите и пишувам за тоа. На многу тука им требаше месеци да сфатат, а некои пак уште мислат дека така даваат државјанства. Не го величам Советот туку објаснувам милион пати дека не лесно како порано и се оди по закон последнава година и ако евентуално поминеш на Совет со потврда и слично, тешко дека ќе поминеш кај потпретседателката. За тие со стари документи, многу од посредниците или ве заебале и сами не сте свесни дека не ви се во ред документите или не кажувате детали и сл. Ако сакаш примери да ти напројам не е проблем, има многу луѓе со стар документи каде не пишува нациналност, а селото е 100% србоманско, има случаи со разлики во презимиња, посредникот не го поднел документот итн. А кога веќе си ставен на дополнителна година две плус не ти бегаат, макар и само да ти го вештачат документот.
Е да, секој има по некој пријател или пријател на пријател кој бил криминалец и земал државјанство и одма нема правда за нас.