Владата ги дели граѓаните по сите основи кога станува збор за државно вработување. Тогаш во прв план е националната припадност, партиска, верска, роднинските врски, личните интереси, припадноста во одредени кругови на моќ, тоа наше дете е, услуга за услуга...сите овие поделби и критериуми се во игра ОСВЕН критериумите за: компетентност, искуство, образование, репутацијата во областа на експертиза...сето ова е занемарливо, потпаѓа во категоријата "опционално".
Јас утре ако имам некаква административна потреба која морам да ја завршам во службите за јавна администрација, мене гајле ми е ако зад шалтерот седи Петре или Африм. Јас очекувам професионалност и ефикасност. Очекувам дека на тоа место работи најдобриот, дека е избран заради неговите квалификации а не заради неговата етничка, партиска припадност или дека и бил внук на директорката.
Да не отварам тема пак за јавните здравствени установи.
Се додека националната и партиска припадност се главен критериум за вработување, оваа држава ќе тоне.
Вработувањето на учкаров, член на терористичка организација која во 2001 ја загрози безбедноста на државата и уставниот поредок, ја доведе до раб на пропаст и војна во која загинаа млади луѓе...и тоа на позиција во која треба да има безбедносна улога, т.е да советува за безбедноста на државата и нејзините граѓани, е апсурд од епски размери, невиден преседан, уште еден во низата на оваа власт.
Од денес факултетите за безбедност во земјата комотно можат да се затворат. Ова е невидена деградација и потсмев на сите оние стручни лица во државава кои што припаѓаат на оваа област. По што по логиката на Заев ова е најкомпетентниот човек за ова работно место, нема други во државата.