- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.135
- Поени од реакции
- 13.259
Некој случајно да не го имал следниов проблем, се надевам ќе успеам добро да опишам. Бидејќи доста трчам, и пред одреден период ми се блокира ногата десната, најпрво едвја одев на неа, сега само со тешкотии трчам, но и одмарав повеќе од месец дена. Болката беше таква што не можеш на една нога да стоиш, одма ти попушти, кај листот е некаде, но не е ни листот ни ахиловата тетива баш, туку само може да се почувствува околу коската цеваниата тие вени/жили или што и да се кога се стискаат, е сега интересното е што болката е и од внатрешна и од надворешна страна на ногата, значи 2-3 места минимум. Вака тешко се наоѓа на допир, бидејќи местата се повеќе внатрешни места, ама ако се поминува од страна на коската каде што се спојуваат мускулот со коската, се наоѓаат точки што болат. Нема крема со која не масирав, ама не поминува. Некој сличен проблем или да знае што би можело да биде? Решение чаре?