Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bafra

Гостин
и второ - да има порамномерна распределба на заработките, односно пропорционално даночење. Не смееме да си дозволиме еден сопственик на текстилна фирма да земе сам месечна плата као 300 негови вработени и да чекаме чуда да ни се случуваат
А колку зема еден сопственик на БМВ, на БОШ, на Сименс, итн итн ... :tapp:
СФРЈ и извоз на странски пазари :pos: се било како подизведувач т.е. друг собирал кајмакот, како кумановци што сега идат за Ирак/Авганистан.
Е алма алма ради социјализмот и некоја си праведност и внуците ќе ти страдаат :anco:

Тие ја шират унијата за да си го шират богатството, не дека нешто многу не сакаат. Ќе ти даат - држи си ја културата, збори на кој сакаш јазик, ама економијата ќе ти биде така наредена да не си им конкуренција на нив и што е најбитно - тоа што е реално вредно од овде ќе си добие европски газда - си видовме со „златните кокошки“ Мобимак, електродистрибуција исл. (кои една Словенија не ги дава уште и уште се државни).
Е за ова (y)
Видиш како убаво знаеш, дека не е баш проблемот кај Македонецот, туку има појаки сили кои ти ја уништуваат економијата и можноста да напредуваш. Дека сме неписмени, алчни и неморални тоа е неспорно, но сепак не е цела наша вина.
Значи груевски и заев не ги бира народот, туку некој ти ги мести. Но ако покажеш знаци на непослушност ќе јадеш стапот :sakasuste: и пак ќе си легнеш на брашното.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
А колку зема еден сопственик на БМВ, на БОШ, на Сименс, итн итн ... :tapp:
СФРЈ и извоз на странски пазари :pos: се било како подизведувач т.е. друг собирал кајмакот, како кумановци што сега идат за Ирак/Авганистан.
Е алма алма ради социјализмот и некоја си праведност и внуците ќе ти страдаат :anco:



Е за ова (y)
Видиш како убаво знаеш, дека не е баш проблемот кај Македонецот, туку има појаки сили кои ти ја уништуваат економијата и можноста да напредуваш. Дека сме неписмени, алчни и неморални тоа е неспорно, но сепак не е цела наша вина.
Значи груевски и заев не ги бира народот, туку некој ти ги мести. Но ако покажеш знаци на непослушност ќе јадеш стапот :sakasuste: и пак ќе си легнеш на брашното.
А сега Бафра како што сме? Продолжи ја приказната. Тој извоз не чинел. Овој чини?
 
B

Bafra

Гостин
А сега Бафра како што сме? Продолжи ја приказната. Тој извоз не чинел. Овој чини?
Ајдеее почнавме само тоа што ти одговара такааа. Ти кажа- требало пропорционално даночење и дека нашите приватници земале големи плати.

Сегашново е само последица од претходното. Нема сдс да го критикувам за државен долг, кога тој пред него зголемил администрација од 120к на 180к, или потрошил за стиропор милиони евра. Но исто нема да викам против дпне, кога претходниот дозволи олигарси да ги уништат и испокрадат фабриките и земјоделските комбинати. Причинско последични.

Не одговори колку земаат сопствениците на БМВ и останати ....
Нормално дека не знаеш, бидејќи сметките им се Лихтештајн, Бахамите, Панама, а пропорционалното даночење е за сонувачи како тебе :P
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Признаваньето доjде после 4 големи водки и една мастика за капаче. Ама не доjде од водките, теку од мастиката. Мора да се слави мастиката?!
Битен е резултатот.
Целта оправдава средствата.
Да прашам пак, ако днес требаше РФ да признава РМ дали ке имаше истиот успех или прво ке се прашаше певачот Дачич и гркот Коциас?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Па некој Србин кој бил гостин кај Ефтов во емисија изјавил дека Рама по потекло е православен Влав :D
Тие се две спротивставени страни. Ете сега Рама бара нато да прави база кај нив.
А по некои мкд портали (народенглас.мк мислам беше) пишуваше дека Русија побарала да изгради воени бази во Македонија и Србија.

А немојте да мислите дека ако влеземе во нато, дека и тие нема да го побараат истото. И да не влеземе, ќе вршат притисок за да направат база во Македонија.

Подобро Руска база отколку терористичка.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Прати слика.Нека видат гомнариве како почна да функционира тој договор за добрососедство.Комуњари?
Прегледај го приврзокот 190125
От тоа решивте да правите евтина пропаганда?
Да припамтиме уште во почетокот на 2018 година, што беше казано заради бугарското председаване на ЕУ ке се користи референцата.
Софиja e задолжена да користи тоа име како председавач, както го користи и ЕК.
http://www.focus-news.net/news/2018/01/08/2474858/vecher-makedoniya-balgariya-reshi-v-bryuksel-za-nas-ste-byurm-a-ne-makedoniya.html

Евтино, многу евтино...
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Битен е резултатот.
Целта оправдава средствата.
Да прашам пак, ако днес требаше РФ да признава РМ дали ке имаше истиот успех или прво ке се прашаше певачот Дачич и гркот Коциас?
Денеска, вчера... И вчера и денеска, Русиjа некогаш немаше да признае Македониjа, ако Елцин не беше "врзал лизачите". За Русиjа, Косово и Македониjа немаат некоjа разлика. Ти ми речи, таа политика тогаш, добра ли беше или штетна и добра за кого и штетна за кого? Мислам дека многу од Вардарците ја намразиа Бугарија токму поради ова признание. И тогаш и сега, тие плачаат за Тито та реваат. За тоа е и таа желба за Путин сега.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Денеска, вчера... И вчера и денеска, Русиjа некогаш немаше да признае Македониjа, ако Елцин не беше "врзал лизачите". За Русиjа, Косово и Македониjа немаат некоjа разлика. Ти ми речи, таа политика тогаш, добра ли беше или штетна и добра за кого и штетна за кого? Мислам дека многу од Вардарците ја намразиа Бугарија токму поради ова признание. И тогаш и сега, тие плачаат за Тито та реваат. За тоа е и таа желба за Путин сега.
Мене не ми е битно коj и што реве днес. Jaс кажав само -поклон пред Желен и Елцин за признаването на РМ. Кога прашаш за кого е била тази политика штетна - да беше штетна за Грциja и Jгославиja,кои сакаха да цртат мапите. Добра беше и за новата држава и за Бугариja и за една Турциja например, добра беше и за една Албаниja погледнато от днешна точка.
Тоа дали некоj ке мрзи нешто и некого...тоа е негов проблем. Идеjaта за независна држава прв jа турка на масата на преговорите Андреj Лjaпчев во Букурешт и тоа одвоуване и создаване на РМ беше победа на тази политика от 1913 година и ако само делумно. Со РМ, Грциja и Србиja веке немат заедничка граница,а след некоja децениja ке имаме обединета Македониja во состав на ЕУ. Нешто от што се плашат некои луге.
 
B

Bafra

Гостин
Убаво си кажа човекот, треба пропорционално оданочување (какво што е сега), кое воедно е и поправедно оданочување - даночната стапка да биде иста за сите, со што никој не би бил дискриминиран, но сепак побогатите да платат повеќе.

Токму она за кое се залагаат сите левичари, квази-левичари и борци за едно и праведно општество за сите.
1. Дефинирајте Богат т.е. износ, колку треба човек да има за да биде богат. А и кој тоа одлучува врз основа на што ... во САД пред ц.ц. 100 години богати ги рачунале тие над 1 милион долари приходи, сега износот им е 250.000$ :D

2. Побогатите плаќаат повеќе. 10% од 1.000.000 е повеќе од 10% на 150.000 така што исполнет е условот.

@Almeida познат е неговиот став (про за социјалистичко-комунистичко уредување, аманет од дедо можда :D ) а намерата во големиот негов пост беше дека сопственик на текстилна фирма земал многу поголема плата од работниците, дека не е фер и треба да му се одземе поголем дел. :facepalm: Тој сака да кажува на кого колку му е доволно, а за себе сам ќе одлучува :D.

Ако толку бил добар социјализмот и комунизмот зашто западот не го прифатиле пред 100 години :toe: . Изгледа глупи, па сега (последниве децении) ги согледаа неговите предности и почнаа на голема врата да го спроведуваат. Нормално кризата сега која што иде, како последица на тие мерки, ќе ја правдаат со Русија, имигранти, муслимани, евреи итн итн.

Од глупост у глупост. Немаш одмор ти.
Дај бе не биди скржав, просветли не. Само кажуваш кој е глуп, а ти никако да се презентираш како мастер Јода. Дај да прочитаме твои мудрости, а не само просто толкување на некои историски договори и војни без да се прашаш за причини, корисност итн итн.
Еве по твое СФРЈ се распадна поради кои причини .....
ЕУ поради кои причини почнува да се распаѓа како СФРЈ ....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.675
Поени од реакции
28.116
Нa судењетo зa oбид зa убиствo нa Зијaдин Селa,бил презентирaн дoкaз(снимкa oд мoбилен) кaкo еден oд oбвинетите гo удирaл сo нoгa вo глaвa :pos:Тoa билo oбид зa убиствo :facepalm: А и дa плaнирaле пa дури и дa гo утепaa незнaм кoму тoa би му пречелo.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
@Bafra Ај не ме нервирај. Тој зема 70000 евра месечно, а тие по 9000. Ај овој другар ти со кој се лајкираш го знам дека само сака "од паторот да е, па и говно да е", него тебе шо ти е филмот? Да ти ги даам тие пари и да си го пораснеш детето, да го школуваш, ти да си тераш живот, одмор...голем мераклија си да ме хејташ, ама не извадил ниеден аргумент никогаш.
Позз
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Тие се две спротивставени страни. Ете сега Рама бара нато да прави база кај нив.
А по некои мкд портали (народенглас.мк мислам беше) пишуваше дека Русија побарала да изгради воени бази во Македонија и Србија.

А немојте да мислите дека ако влеземе во нато, дека и тие нема да го побараат истото. И да не влеземе, ќе вршат притисок за да направат база во Македонија.

Подобро Руска база отколку терористичка.
Западните амбасадори во Република Македонија веќе 27 години прават невидени преседани, постојано мешање во внатрешните работи на државата и во политичкото уредување на државата која на хартија пишува дека е суверена и самостојна земја !
Во деведесетите години беше исто, во 2001 за време на конфликтот беше исто, потоа за време на референдумот во 2004 кога некои западни амбасадори ни вртеа со саатите наназад, последниве неколку години па апла се мешаат во внатрешните работи на државава и дури и самите амбасадори влијаат врз највисоките власти во земјава !
Па за кој ку* ни е држава кога други ни ја управуваат, дај барем да се наречеме колонија !
Тоа му доаѓа исто како во твоја куќа(на хартија) ама друг од надвор да ти кажува што и како да правиш, што смееш, што не смееш !
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Тоа е тоа.
Jас се чувствувам како тотален економски лаик. Меѓутоа, имам чувство дека мнозинството македонци не се економски лаици, туку тотални абдали, tabula rasa. Дали тоа нивно ниво, тој нивен конформизам е плод на долгогодишно инсистирање на негово затупување - тоа не знам. Не сум човек што верува во завери, меѓутоа некои процеси кои се случувале во Македонија од кога јас ја памтам се многу симптоматични...ама тоа влегува во друга сфера на пропаганда, која не е баш дека не е поврзана со ова, меѓутоа е друга тема. Како и да е - клучно е што македонците немаат сенс за степен на добро и лошо. Ако лично направи некоја работа, добие тендер, вработување - тогаш државата е Швајцарија за него и не гледа лево и десно од себе. Клиентелизмот е број еден за регрутација на партиски пациенти. Од друга страна - многу сиромашните не знаат да им прекипи филмот, да кажат „доста е“...им уведуваат мерки со кои им се кратат пари, едвај преживуваат со тие што ги имаат „ама добро е, ќути, може и полошо“. Се' што е меѓу овие две крајности е или исселено или е на штрек, као запета пушка и ја чека секоја прилика да збрише, без разлика кој е на власт.
Зошто го пишувам сево ова? - Колкав треба да биде растот на економијата реално, за да се осети подобрување, ама реално (не како оние од првиот пример)? Веројатно треба да заредиме по ред неколку годии двоцифрен економски раст - што е во рамки на научна фантастика, нереално е.
Не е едноставно пласирање производ надвор, ама трагедијата е што не се ни истражува како тоа да се напраи. Не врши работа теглата ајвар за 5 евра. Прво и основно - германецот не е глуп и знае дека таа тегла не вреди 5 евра и нема да ти дозволи да ја извезеш таму за таа цена. Германците, Европјаните воопшто (тука не ги рачунам балканците) се прилично прагматични, практични, рационални ликови. Тие ја шират унијата за да си го шират богатството, не дека нешто многу не сакаат. Ќе ти даат - држи си ја културата, збори на кој сакаш јазик, ама економијата ќе ти биде така наредена да не си им конкуренција на нив и што е најбитно - тоа што е реално вредно од овде ќе си добие европски газда - си видовме со „златните кокошки“ Мобимак, електродистрибуција исл. (кои една Словенија не ги дава уште и уште се државни).
Ова ти што збориш за аутсорсинг.....не знам, не сакам да се праам паметен и да кажам дека го знам магичното решение. Прашање и дали има такво. Секогаш си се гледаме во нашиот микро-затуцан свет. И глобалната слика во економски план не е добра. И низ Европа во земјите има такви со голема невработеност (не како ова нашево, ама ја има).
Еден од главните фелери во нашето друштво е политиката кон надвор и нејзината нестабилност. Ние сме држава што успеа да се скара со Кина заради Тајван, па со јенките заради Русија, па шетаме лево десно ко глупи. Така не се праат пазари за извоз. И во Кина можеш да извезуваш (тропам - вино, ајвар, нешто....), ама како ќе те земе кинезот за озбилно, ако знае дека си овца народ шо е спремна да гласа за некој копук шо нема да каже на избори, а пак ќе го признае Тајван. И сами си ги кратиме пипците...
Еве, паторот одеше по тие фамозни роуд-шоу-а...го видовме плодот од тоа. Е сега ќе го кажам тоа што го знам за истите...дека оделе да се курцаат, да се шетаат на државна сметка и да се сликаат за вестите на латас. Имало случка во која потпишан меморандум за соработка - не го ни земале (тоа парчето хартија) со себе - значи дека к** ги заболело за после да пробаат да остварат контакт за некаква соработка од која би имала фајде државава. Сакам да кажам дека не се толку лоши роуд-шоу-ата, колку што биле гниди тие што ги праеле.
По мене, паметен економски планер, прво ќе треба да најде пазар за оваа земја. Многу се јаде гомна против СФРЈ, меѓутоа таа лига на неврзани народи што денеска ретардираниот стечаец од Фајром ја коментира као шетање на браварот по сафари, таа иста организација ги носеше нашите градежници по блиски исток, каде инжињерите мозок продаваа и сува пара идеше у државата, а веројатно и се извезувале работи, Застава знам дека се продаваше во некоја од тие земји - чисто како пример - кога би се продавала Застава у Германија? Обединетата македонска градежна оператива во Русија, во времето на СФРЈ има милиони, милиони долари донесено назад во државата, а сега во Скопје нема молер асален да најдеш....за градежна фирма да не зборам. Таа идеја не пропадна затоа што не беше успешна, туку заради тенденциозното надворешно парталење на СФРЈ и се виде чија идеја и каде преминаа сите поранешни републики од таа земја, што немаше толку голема врска со економијата како што денеска сакаат да прикажат некои злобници и наводното огромно задолжување. Денеска, поединечно сите држави должат стотици пати повеќе и имаат помал gdp.
Пишав и претходно....сдс ниту имаше план, ниту расположлив кадар во секторите економија, финансии, земјоделие и други засегнати сектори. Мафташе со пароли „500 евра“, ни како, ни кога (што е многу битно заради инфлација и опаѓање на вредност на парите, 500 евра беа многу пари во 1998-ма, сега се ташак...и сон за многу луѓе шо е трагично). За економијава треба многу, многу сериозни луѓе да седнат и да се растурат од работа и прашање е што ќе успеат да напраат (со најдобра намера) пошо повеќе од 30 години сме во фаза на самоупропастување и осиромашување.
Сигурно знам дека треба две работи да поправи - прво имиџот во странство. Јас знам дека не сме способни да произведеме македонско БМВ со огромна додадена вредност и дека некој ќе го купи како „докажан македонски квалитет“, ама барем да не сме „земја недојдија у која владее фамилијата, мијалкови, учк“....и второ - да има порамномерна распределба на заработките, односно пропорционално даночење. Не смееме да си дозволиме еден сопственик на текстилна фирма да земе сам месечна плата као 300 негови вработени и да чекаме чуда да ни се случуваат - а тоа уште го има и сдс абер нема од оправање...
Не дека и јас сум некој кој знае колку упатен во економските прилики и неприлики кои ја демнат државава и светот, ако сум дипломиран економист, повеќе научив надвор од факултетот низ вакви дискусии од колку додека бев студент.

Економијата ти е причинско последична наука. Една акција предизвикува низа други кои што во многу случаеви се релативно лесно предвидливи, ако се следат економските закони. Ние овде не измислуваме топла вода. Многу лесно може да се предвиди дека плата од 500 евра е тешко остварлива цел. До неа се доаѓа плански а сите гледаме дека оваа влада нема никаков план. Заев станува наутро и мисли што ќе прави денес, а преку ноќта заборавил што кажал и направил вчера. Човекот е одечка контрадикторност. Кога дава изјави зборува едно а утре самиот се демантира. Што ни говори тоа? - Дека ни тој, ниту некој внатре во владата има поим што прави, план едноставно не постои и тоа е толку очигледно.

Инаку, за народот. Сме ептен економски неписмени. И не постои претприемачки дух. Една од негативните работи за Југославија е токму тоа. Нашиот народ мислеше оти Југославија ќе биде вечна и политичарите тогаш не беа способни навреме да ги предвидат идните случивања. Затоа преку ноќ се најдовме со самостојна држава, во нов капиталистички систем на уредување и појма немаме до ден денес што да правиме. Фураме капитализам а живееме со социјалистички навики.

Ние уште го немаме разглобено поимот капитлизам. Самото име ни говори дека се е капитал со негов сопственик. И лекарот е капитал, и правникот, инженерот, програмерот...сите тие се ставени во служба на сопственикот на капиталот и создават вредност во негово име за минимален надоместок. Затоа имаме 1% богати и еден куп сиромашни. Затоа средната класа низ цел свет е во пад. Марксовите убедувања дека капитализмот има тенденција кон самоуништување по се изгледа дека ќе станат реалност еден ден.

Македонецот во глобала не го бидува за бизнис, ние не сме претприемачи, ние сме работници. Од секогаш подобро и посложно сме функционирале кога друг не командувал, кога сме биле окупирани. Македонецот не е за власт, ние имаме робски менталитет и сме во потрага по цврста рака. Еве скоро 30 години сме самостојни и што имаме постигнато? Кои цивилизациски придобивки ги имаме усвоено до сега? Не дека сме лош народ, баш сме мирољубив, само конгнитивните способности не ни се баш изострени на толку високо ниво.

Еве пример, јас имам приметено дека ние си патиме од синдром на нижа вредност. Се што доаѓа од надвор за нас е супериорно и инстинктивно самите се ставаме во инфериорна положба према другите. Затоа и делуваме толку мирољубиво према светот. Не сме гостопримливи, ние сме маѓепсани од туѓото а го мразиме своето. Се мразиме себеси и се движиме кон самодеструкција, ние сме имплозивен народ.

Колку за пример. Газдите во странските компании кај нас ставаат македонски шефови на погони кои што за ситен личен интерес буквално се изживуваат врз сопствениот народ. Се однесуваат како гестапо.

Инаку Југославија беше идеја пред своето време, многу напредна за моменталниот еволуциски стадиум во кој што се наоѓа човештвото. Беше експеримент кој што пропадна, очекувано. Само не требаше на таков начин да заврши, со војни и поделби кои што ден денес ги чувствуваме.
Споредбено пак, капитализмот е примитивна идеологија која што повеќе соодвестува со природата на човекот. Со неговиот егоцентризам, алчност, лицемерие... Само нема да трае уште долго во оваа форма.

Некогаш не е битна толку платата и материјалните богатства колку што за индивидуата е важна потребата за правда и еднаков третман пред законите за сите. Кај нас тоа недостасува. И за мене лично тоа некогаш е поалармантно од економските неприлики во државава. Да постои некаков ред и фер однос кон сите во склад со законите, тогаш малку од малку ќе се придвижи и економијата и ќе се подобри и стандардот и квалитетот на живот во државата.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.234
Поени од реакции
21.071
1. Дефинирајте Богат т.е. износ, колку треба човек да има за да биде богат. А и кој тоа одлучува врз основа на што ... во САД пред ц.ц. 100 години богати ги рачунале тие над 1 милион долари приходи, сега износот им е 250.000$ :D

2. Побогатите плаќаат повеќе. 10% од 1.000.000 е повеќе од 10% на 150.000 така што исполнет е условот.

@Almeida познат е неговиот став (про за социјалистичко-комунистичко уредување, аманет од дедо можда :D ) а намерата во големиот негов пост беше дека сопственик на текстилна фирма земал многу поголема плата од работниците, дека не е фер и треба да му се одземе поголем дел. :facepalm: Тој сака да кажува на кого колку му е доволно, а за себе сам ќе одлучува :D.

Ако толку бил добар социјализмот и комунизмот зашто западот не го прифатиле пред 100 години :toe: . Изгледа глупи, па сега (последниве децении) ги согледаа неговите предности и почнаа на голема врата да го спроведуваат. Нормално кризата сега која што иде, како последица на тие мерки, ќе ја правдаат со Русија, имигранти, муслимани, евреи итн итн.
Нема потреба да ти дефинирам ништо, очигледно не си ми го сфатил постот како што треба. Препрочитај го пак.

Ниту пак има потреба да ми објаснуваш за ставот и намерата на ликот што си го тагнал, јасни ми се неговите ставови. Тоа е став карактеристичен за југословенскиот шлајм кој сеуште дрка на Тито. Став на една мала група неспособни паразити, учени од мали дека државата треба да биде нивна дадилка. Дека дравата треба да ти даде, наместо да ти овозможи услови сам да создадеш. Дека државата треба да му земе на комшијата пошто е поуспешен, и да ти даде тебе пошто за кур не те бива. И така натаму.

ЕДИТ:
Те упатив да ми го препорчиташ постот, но сега гледам дека некој модератор го избришал. Не знам од која причина. Како и да е, еве го пак.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom