Тоа е тоа.
Jас се чувствувам како тотален економски лаик. Меѓутоа, имам чувство дека мнозинството македонци не се економски лаици, туку тотални абдали, tabula rasa. Дали тоа нивно ниво, тој нивен конформизам е плод на долгогодишно инсистирање на негово затупување - тоа не знам. Не сум човек што верува во завери, меѓутоа некои процеси кои се случувале во Македонија од кога јас ја памтам се многу симптоматични...ама тоа влегува во друга сфера на пропаганда, која не е баш дека не е поврзана со ова, меѓутоа е друга тема. Како и да е - клучно е што македонците немаат сенс за степен на добро и лошо. Ако лично направи некоја работа, добие тендер, вработување - тогаш државата е Швајцарија за него и не гледа лево и десно од себе. Клиентелизмот е број еден за регрутација на партиски пациенти. Од друга страна - многу сиромашните не знаат да им прекипи филмот, да кажат „доста е“...им уведуваат мерки со кои им се кратат пари, едвај преживуваат со тие што ги имаат „ама добро е, ќути, може и полошо“. Се' што е меѓу овие две крајности е или исселено или е на штрек, као запета пушка и ја чека секоја прилика да збрише, без разлика кој е на власт.
Зошто го пишувам сево ова? - Колкав треба да биде растот на економијата реално, за да се осети подобрување, ама реално (не како оние од првиот пример)? Веројатно треба да заредиме по ред неколку годии двоцифрен економски раст - што е во рамки на научна фантастика, нереално е.
Не е едноставно пласирање производ надвор, ама трагедијата е што не се ни истражува како тоа да се напраи. Не врши работа теглата ајвар за 5 евра. Прво и основно - германецот не е глуп и знае дека таа тегла не вреди 5 евра и нема да ти дозволи да ја извезеш таму за таа цена. Германците, Европјаните воопшто (тука не ги рачунам балканците) се прилично прагматични, практични, рационални ликови. Тие ја шират унијата за да си го шират богатството, не дека нешто многу не сакаат. Ќе ти даат - држи си ја културата, збори на кој сакаш јазик, ама економијата ќе ти биде така наредена да не си им конкуренција на нив и што е најбитно - тоа што е реално вредно од овде ќе си добие европски газда - си видовме со „златните кокошки“ Мобимак, електродистрибуција исл. (кои една Словенија не ги дава уште и уште се државни).
Ова ти што збориш за аутсорсинг.....не знам, не сакам да се праам паметен и да кажам дека го знам магичното решение. Прашање и дали има такво. Секогаш си се гледаме во нашиот микро-затуцан свет. И глобалната слика во економски план не е добра. И низ Европа во земјите има такви со голема невработеност (не како ова нашево, ама ја има).
Еден од главните фелери во нашето друштво е политиката кон надвор и нејзината нестабилност. Ние сме држава што успеа да се скара со Кина заради Тајван, па со јенките заради Русија, па шетаме лево десно ко глупи. Така не се праат пазари за извоз. И во Кина можеш да извезуваш (тропам - вино, ајвар, нешто....), ама како ќе те земе кинезот за озбилно, ако знае дека си овца народ шо е спремна да гласа за некој копук шо нема да каже на избори, а пак ќе го признае Тајван. И сами си ги кратиме пипците...
Еве, паторот одеше по тие фамозни роуд-шоу-а...го видовме плодот од тоа. Е сега ќе го кажам тоа што го знам за истите...дека оделе да се курцаат, да се шетаат на државна сметка и да се сликаат за вестите на латас. Имало случка во која потпишан меморандум за соработка - не го ни земале (тоа парчето хартија) со себе - значи дека к** ги заболело за после да пробаат да остварат контакт за некаква соработка од која би имала фајде државава. Сакам да кажам дека не се толку лоши роуд-шоу-ата, колку што биле гниди тие што ги праеле.
По мене, паметен економски планер, прво ќе треба да најде пазар за оваа земја. Многу се јаде гомна против СФРЈ, меѓутоа таа лига на неврзани народи што денеска ретардираниот стечаец од Фајром ја коментира као шетање на браварот по сафари, таа иста организација ги носеше нашите градежници по блиски исток, каде инжињерите мозок продаваа и сува пара идеше у државата, а веројатно и се извезувале работи, Застава знам дека се продаваше во некоја од тие земји - чисто како пример - кога би се продавала Застава у Германија? Обединетата македонска градежна оператива во Русија, во времето на СФРЈ има милиони, милиони долари донесено назад во државата, а сега во Скопје нема молер асален да најдеш....за градежна фирма да не зборам. Таа идеја не пропадна затоа што не беше успешна, туку заради тенденциозното надворешно парталење на СФРЈ и се виде чија идеја и каде преминаа сите поранешни републики од таа земја, што немаше толку голема врска со економијата како што денеска сакаат да прикажат некои злобници и наводното огромно задолжување. Денеска, поединечно сите држави должат стотици пати повеќе и имаат помал gdp.
Пишав и претходно....сдс ниту имаше план, ниту расположлив кадар во секторите економија, финансии, земјоделие и други засегнати сектори. Мафташе со пароли „500 евра“, ни како, ни кога (што е многу битно заради инфлација и опаѓање на вредност на парите, 500 евра беа многу пари во 1998-ма, сега се ташак...и сон за многу луѓе шо е трагично). За економијава треба многу, многу сериозни луѓе да седнат и да се растурат од работа и прашање е што ќе успеат да напраат (со најдобра намера) пошо повеќе од 30 години сме во фаза на самоупропастување и осиромашување.
Сигурно знам дека треба две работи да поправи - прво имиџот во странство. Јас знам дека не сме способни да произведеме македонско БМВ со огромна додадена вредност и дека некој ќе го купи како „докажан македонски квалитет“, ама барем да не сме „земја недојдија у која владее фамилијата, мијалкови, учк“....и второ - да има порамномерна распределба на заработките, односно пропорционално даночење. Не смееме да си дозволиме еден сопственик на текстилна фирма да земе сам месечна плата као 300 негови вработени и да чекаме чуда да ни се случуваат - а тоа уште го има и сдс абер нема од оправање...