ОХБ книговодствено по докапитализацијата е точно 7277, без профитот од Кв 1. Наскоро ќе дознаеме колку е и сосе профитот.
Инаку цената расте на крилата на шпекулациите дека СГ сака да ја продава банката, во духот на скоро сите странски инвеститори затекнати во МК по смената на власта, кои бесомучно продаваат и си го повлекуваат капиталот надвор. Нема тоа врска нити со маркет/бук нити со п/е.
Еве и веста за СТБ, дека ЦЕЛАТА добивка од 35М јура ја повлекува како дивиденда, покажува како ја ценат економската ситуација во земјата. Истото ќе го направеше и ТНБ само беа спречени со новата регулатива за адекватност на капитал. Зошто не го делат оптимизмот на домашните инвеститори за мене е голема мистерија, но ме прави исклучително претпазлив.
Во меѓувреме Курто и Мурто си ги продаваат едните исти акции еден на друг и им ја дигаат цената. До кога ќе видиме. Едно само знам: без прилив на свеж капитал растот на МСЕ е неодржлив