Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И

Име И Презиме

Гостин
Многу работи зависат кај оваа влада, од влезот во НАТО и од датумот за почеток на преговори за ЕУ.
Точно е, исто како што многу работи (не) зависеа од претходната власт.Некој премногу оптимистички го црпнаа и инсталираа за потрчко.За среќа малце се освести....
Ке го клизнаат ко вмро.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Поголеми firomets и фиромјани од такви како тебе нема. Ама човек на некого што не сака да ја признае реалноста дека дел од народот му е дно во однесување не може да му даде, може само да му земе...[DOUBLEPOST=1525126263][/DOUBLEPOST]

Повели кажи еден пример кога Русија и помогнала на Македонија?
Ни помага сеуште моментално. Со тоа што не блокира за во нато и еу преку Грција.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.478
Поени од реакции
81.925
Ни помага сеуште моментално. Со тоа што не блокира за во нато и еу преку Грција.
Ја мислев ќе кажеш - ни помага со тоа што не ни фрлила атомска бомба.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Хахахаххахахахахаххахахахаххахахахаххахахах ме изнасмеа другар жими се. Леле за какви пациенти плаче Демир Хисар, леле, леле. Па ја да живеам во некоја држава, а да јадам гомна за истата би скокнал од највисоката зграда, без размислување.
А би ја нарекувал ли ФИРОМ истата? Како цитираниот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.971
Не бе, на погрешно место го испратиле пајакот, сите тие луѓе таму се чесни и достоинствени граѓани кои ги почитуваат законите.

Само нека припазат џандарките да не се удри некоја од нив во пајакот.

Во меѓувреме, доаѓа живот за месарниците.

http://artkujna.mk/нема-веќе-чварки-и-колбаси-кај-лазе-и-ба/

Нема веќе чварки и колбаси кај Лазе и Баце

03/05/2018

Агенцијата за храна и ветерина им изрекува казни на малите месарници кои до неодамна правеа свои колбаси, пача, чварки и други традиционални месни преработки повикувајќи се на европската регулатива 853.



Ако досега сте се снабдувале со домашни колбаси, со пача, чварки и други традиционални месни преработки од своите проверени локални месари, тоа повеќе нема да биде возможно.

Купувачите веќе не можат да купуваат колбаси, суво месо, чварки, пачи и други специјалитети кои се произведуваат од локалните месарници и се дел од традицијата во нашата, како и во соседните држави.

Според нашите информации, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе подолг период им изрекувала ригорозни казни (и до 5 илјади евра) на малите месарници во кои до неодамна сите се снабдувавме со нашите омилени традиционални деликатеси.

Според месарите кои ги прашавме зошто во нивните месарници повеќе ги нема овие производи, Aгенцијата, со изговор дека се грижи за здравјето на купувачите и дека се прилагодува на европските регулативи, всушност врши хајка, забранува и изрекува ригорозни казни, накусо, спроведува мерки со кои го уништува производството и бизнисите на локалните месарници во државава.

Истото, велат тие, се одразува и на домашното производство на свинско месо од причина што повеќе од 70 отсто од квалитетното свинско месо се продава токму во овие мали месарници, a сушените производи се произведуваат од свежо свинско месо.

„Не сакаме да зборуваме јавно затоа што се плашиме да не си навлечеме уште поголема белја, но купувачите ги препознаваа и се уште ги бараат нашите производи како високо квалитетни, иако се поскапи во однос на индустриски произведените слични производи кои се прават исклучиво од увозно, замрзнато свинско месо кое секогаш е со сомнителен квалитет. Со овие мерки се доведува во прашање натамошната егзистенција на нашите продавници, кои вообичаено ја работат оваа работа со генерации, од колено на колено.

Ние и онака едвај опстануваме во борбата со големите супермаркети и големите домашни фирми кои имаат поголем број на продавници и продаваат поефтино, најчесто увозно и месо со послаб квалитет од домашното месо.

За разлика од Македонија, во сите соседни земји, па и во земјите-членки на ЕУ не постои пример каде се забранува, казнува и оневозможува продажба на квалитетни домашни производи, произведени од домашно свежо месо“, велат тие.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак со одговор:

„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) не забранува производство и трговија со традиционални производи од животинско потекло како што се колбаси, суво месо, чварки, пачи и други специјалитети, во локалните месарници. Како институција одговорна за безбедноста на храната, Агенцијата работи согласно европската регулатива 853 која прецизно регулира дека месарниците можат да вршат димење на одредена категорија месо, но, исклучиво во одобрени објекти за оваа намена, а производите можат да ги ставаат во промет исклучиво во нивните објекти.

Согласно позитивните законски прописи кои ја регулираат безбедноста на храната, не е дозволено вршење на таканаречено услужно димење (чадење), активност за која во минатото биле направени отстапки, со цел да им се излезе во пресрет на месарниците да го искористат таканаречениот ситнеж кој останува по расекувањето на месото. Тоа од нивна страна се преработувал во производи како што се ќебапи, плескавици и исклучиво свежи колбаси, бидејќи, за производство на таканаречени димени производи, месарниците задолжително треба да имаат одобрен објект за таа намена, кој исполнува одредени законски услови од областа на безбедноста на храната и екологијата.

Согласно постоечката законска регулатива, месарниците кои се регистрирани во Агенцијата, дозволено е да произведуваат димени производи, но, само во одобрени објекти за ваква намена, а производите смеат да ги продаваат исклучиво во сопствените месарници.

Месарниците кои имаат одобрено објекти за производство на димени производи можат да ја разгледаат можноста ваквите производи да ги регистрираат како традиционални, но, согласно законските и подзаконските акти кои се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“.

Сепак, останува фактот дека кога станува збор за споменатата регулатива, не можевме да најдеме никакво ограничување на производството на вакви производи во соседните земји. Истото ни беше потврдено и од голем број месарници низ државава кои подолго време војуваат со АХВ и со државата за ова прашање.

На пример, соседна Србија која е и понапред од нас во усогласувањето со законските прописи на ЕУ, не само што внимава да го зачува производството на овие надалеку познати традиционални производи, туку, со цел да го заштити и законски да го регулира производството на малите домашни производители донела Правилник од 2018 година со кој им овозможува на сите мали производители на месо, млеко и млечни производи, производители на свинско, говедско, зајачко, пилешко, мисиркино месо, јајца, дивеч... , не само во месарниците туку и во домаќинствата и на фармите, особено во руралните општини, легално и непречено да произведуваат, па дури и да продаваат вакви производи.

Според малите месарници, нивната финансиска можност не е еднаква со онаа на големите производители за да можат да регистрираат такви објекти, па како што велат, затоа и се нарекуваат мали, традиционални производители.

„Изградбата на објектите кои Државата бара да ги регистрираат чинат стотици илјади евра што се финансиски и економски неисплатливи според обемот на производството кои го обавуваат овие субјекти. Дали ова не е истата онаа тенденција во која во налетот на отварањето на големите маркети и молови успеавме да ги затвориме сите мини маркетчиња, гранапчиња кои од памтивек се основа на домашното пазарење кај нас а се под превозот на брзото прилагодување и итањето кон ЕУ, на товар на традицијата, здравјето и буџетот на граѓаните“, велат тие.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.971
Од каде го ископира ова? Кој е неписмениот што напишал „чварки“? Барем уште „кобасици“ да напишел, па да е комплет.
Како сакаш читај го, поентата е во тоа дека ваквата таканаречена "законска регулатива" на плавите жолтици удира по малите месарници кои и онака едвај врзуваа крај со крај додека пвеводбениците на власт.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Помага помага ама на збор само.
Помага и на дело. Не признаа како Република Македонија, ни вратија долг од времето на Југославија, се обидува да не оддалечи од злото нато и еу кои ни ја растураат државата заедно со сад.

Сум рекол и порано, ќе кажам и сега, само РУСИЈА ни е спасот.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.675
Поени од реакции
28.116
Од каде го ископира ова? Кој е неписмениот што напишал „чварки“? Барем уште „кобасици“ да напишел, па да е комплет.
Штo е битнo кaкo е нaпишaнo бе.Акo ти светнaт метaк местo куршум пoлеснo ке ти биде?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Како сакаш читај го, поентата е во тоа дека ваквата таканаречена "законска регулатива" на плавите жолтици удира по малите месарници кои и онака едвај врзуваа крај со крај додека пвеводбениците на власт.
Па очекувано е. Кај да е... и краставиците ќе мора да се „пушка“ прави. Нели ЕУ стандардите се тие. И ракија нема да може да правиме „по дома“. Се надевам дека нема да воведат стандарди за димензии и карактеристики за луѓето (мин висина, боја на коса, кожа...).[DOUBLEPOST=1525354089][/DOUBLEPOST]
Штo е битнo кaкo е нaпишaнo бе.Акo ти светнaт метaк местo куршум пoлеснo ке ти биде?
Не е битно, ова го докажува ниското ниво на писменост на луѓето. Само толку. Секој со својот ум и капацитет.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.708
Поени од реакции
11.971
Па очекувано е. Кај да е... и краставиците ќе мора да се „пушка“ прави. Нели ЕУ стандардите се тие. И ракија нема да може да правиме „по дома“. Се надевам дека нема да воведат стандарди за димензии и карактеристики за луѓето (мин висина, боја на коса, кожа...).
Па вообичаено сите идиотизми - и на пвеводбениците и на плавите жолтици - ги правдаат со нивните таканаречени "европски стандарди" во кои се крстат.

Европски цени ≠ македонски плати <=> европски регулативи ≠ балканска корупција.

Од толку европеизација што ни ја донесоа пвеводбениците и плавите жолтици, уште малку и ќе заборавиме дека сме луѓе пред се`, а камо ли па Македонци.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Османи: Не го поддржуваме едностраниот предлог на Иванов за гувернер, не го прифаќаме Богов!

Е вакви типови кажуваат кој чинел, а кој не чинел. Па Богов за Фатмир е ВЕЛЕМАЈСТОР. Кога Фатмир се занимавал со монетарна политика. Плус, Фато е ПОЛИТИЧКИ послушник, а Богов е стручен човек (не е јавно политички експониран).

Не не... додека ние и забарите, и лекарите ги бираме по националност, а не по стручност... тури пепел... Османи знае нешто сем папагалски да рецитира?

Едно време рецитираше „победник со победник“... Изгледа сега таа песна не му одговара. Па до кога ние ќе живееме по (ниските) стандарди на ДУИ?[DOUBLEPOST=1525354529][/DOUBLEPOST]
Па вообичаено сите идиотизми - и на пвеводбениците и на плавите жолтици - ги правдаат со нивните таканаречени "европски стандарди" во кои се крстат.

Европски цени ≠ македонски плати <=> европски регулативи ≠ балканска корупција.

Од толку европеизација што ни ја донесоа пвеводбениците и плавите жолтици, уште малку и ќе заборавиме дека сме луѓе пред се`, а камо ли па Македонци.
Ние прво треба да го надминеме принципот први работни места (значајни) да се директорски, министерски, премиерски... функции. После може да зборуваме за држава. Види го капацитетот на пратениците колкав е. ДНО. Тоа е европеизација.
(Курц е исклучок во ЕУ и мислам дека е грешка на Австрија. Колку и да е способен, уште хормоните му работат).
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
На овој тупиов програмер да му кажеш „ќе те е**т десет црнци“, ќе се зафати со граматика и правопис „нееее, не се викаат црнци, туку припадници на црната раса“....и шупакот ренде ќе му биде, важно истерал некоја глупа поента.
Ја гноиш темава тупаво „програмерче“. Малку да пробаше со суштината на работите да се бавиш....не се викало кобасица, чварка...мрш!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom