UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако најдете снимка од друг агол за играта со рака стајте. Не знам дали беше внатре или надвор. Иначе дека мораше да го суди тоа, нема збор.
Внатре беше.

Иначе ко ќе ги споредам Кимих и Левандовски денес мора да се каже дека едниот (Кимих) имаше голема партија и по секоја цена сакаше да игра финале а другиот (Левандовски) го снема и не покажа никаков напор или желба за победа. Ако добие Баерн солидна понуда мора да го даде Лева. И Вагнер може да даде 20 голови во лигата а во ЛШ не е нешто послаб од Лева.
 
Ако евентуално Ливерпул игра финале против Реал, играчите а и Клоп ќе треба да се надминат самите себеси да би издвоиле победа. Машини се Реал и без игра можат да ти учукаат пар комада, да не знаеш што те снашло. Искуството и квалитетот е на страна на Реал, како и реномето кое го уживаат во Европа од изминатиов период, со оглед на тоа што ќе имаат шанса да освојат три по ред.

Пеколно тешко ќе биде.

П.С. Секако, мора прво да се „завери карта“ за у финале, преку Рома.
И против судии нека се спремаат :D
 
Настрана пеналот шо не го свирна ама колку фалеше Робен на оваа утакмица тоа чудо едно. Овие како да се плашеа да шутнат кога ќе дојдеа до шанса, Милер одвратниот мртовец, Левандовски не постоеше и вечерава и во Минхен, ни еден играч немаат Баерн од клупа шо ке влези како џокер во нападот, мора да си пазарат крила и напаѓач на лето. Атлетико кој игра ултра дефанзивен фудбал има повеќе напаѓачи и опции во нападот од баварците. Едвај чекам финале доколку се пласира Ливерпул, па мозокот ќе му го испијат тројката напред на оваа одбрана на Реал, уште па Васкез ако го игра пак на бек [emoji56] само шо и одбраната на Ливерпул не е поарна па ќе гледаме циркуз


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Па не го мислат само на форумов ова :D:D:D

Дефинитвно имаме многу среќа сезонава, ама нели тоа некад го нарекувавте „победнички менталитет“? :D

Ако евентуално Ливерпул игра финале против Реал, играчите а и Клоп ќе треба да се надминат самите себеси да би издвоиле победа. Машини се Реал и без игра можат да ти учукаат пар комада, да не знаеш што те снашло. Искуството и квалитетот е на страна на Реал, како и реномето кое го уживаат во Европа од изминатиов период, со оглед на тоа што ќе имаат шанса да освојат три по ред.

Пеколно тешко ќе биде.

П.С. Секако, мора прво да се „завери карта“ за у финале, преку Рома.

Реал моментално има послаба одбрана од таа на Ливерпул. Индивидуално сите се вон форма, освен Рамос кој е во форма но денес направи огромен број пропусти, на негов начин. Групно се изгубени, никаква компактност нема, еден влече офсајд друг не, еден оди на расчистување друг да ја смири, се удираат еден во друг, бековите ги нема...

На страна тоа Тони Крос игра катастрофална полусезона со ретки моменти на „класата е вечна“ ко против ПСЖ и Јуве, Касемиро е исто во ужасна форма, Реал едвај наметнува темпо сезонава, за разлика од претходните две каде што диктираа буквално се на теренот.

Ако се пласирате во финале, а Реал продолжи со ваква игра во одбраната и дефанзивниот среден ред, триото на Ливерпул ќе има 10+ шанси за гол уште во прво полувреме...
 
Улрих глупакот прими еден мега глуп гол и против Волфсбург на дебито ако не се лажам, непосредно после повредата на Ноер. Од 280 метри удар низ раце му пројде топката, све допре тогаш. Класичен второразреден голман, уз пат да умре за она што му го фати на Мбапе во Минхен.

Баерн мора пола екипа да ја менува ако сака успех, мада со назначувањето на новиот тренер и не ми изгледа дека ќе бидат посилни или дека атакуваат на такво нешто. Од сите на светот го избраа Ковач.....
 
И против судии нека се спремаат :D

Искрено искуството е на страната на Реал, и сепак имаат индивидуалци шо можат со еден потег да те решат( Роналдо, Бејл, Асенсио, Иско ...) Ама не гледам како оваа одбрана на Реал би се справила со Мане Фирмино и Салах, здравје ќе му земат памти ми збор, само да се средат во одбрана да не се изглупираат назад.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ај бе не сеери. Со пенал ве протнаа со Јуве. Никад тоа немаше да им го свири на нив ко што денесе ЧИСТ ко суза пенал не свиреше за нас. Што се праиш поштен бар поќутиси....

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Дали си ти океј човеку патриотски. Знам дека е 1ви Мај, ама не пијајте толку кога ви штети. Ако против јуве не беше пенал тогаш и баерн врска нема.
 
Како ви е интересно бе? 4то финале во 5 години.. ццццц.. Дај Рома нека прави чуда, пошто не знам за кој би навивал у пм.
 
Дали си ти океј човеку патриотски. Знам дека е 1ви Мај, ама не пијајте толку кога ви штети. Ако против јуве не беше пенал тогаш и баерн врска нема.

Епа против Јуве го свирна судијата, вечерва си замижа


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Како ви е интересно бе? 4то финале во 5 години.. ццццц.. Дај Рома нека прави чуда, пошто не знам за кој би навивал у пм.
Ако можеше за Тотенхем, сигурно можеш и за Ливерпул.
 
Искрено искуството е на страната на Реал, и сепак имаат индивидуалци шо можат со еден потег да те решат( Роналдо, Бејл, Асенсио, Иско ...) Ама не гледам како оваа одбрана на Реал би се справила со Мане Фирмино и Салах, здравје ќе му земат памти ми збор, само да се средат во одбрана да не се изглупираат назад.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Против Мане Фирмино и Салах среќа ќе имаме, коа сме ние играле одбрана бог да чува :D
 
Факт е да се констатира дека Реал не е истиот Реал од минатите циклуси на ЛШ. Но и глупаво е да се кажи дека Реал случајно стигнува до финале...судии и среќни околности бла бла. Имам замерка за Зидан само за реваншите со Јуве и Баерн. Многу слабо дефанзивно организирано ги почна тие два меча, воопшто непретпазливо дека противникот ќе нагази од прва секунда и ран гол може да им поремети се и баш во двата меча тоа им се случи. Но веќе костурот им е ист последниве 5 години и имаат набиено добро искуство, па знаат да ги вратат ваквите лоши изданија и тоа се покажа и денес. Примија ран гол, не ги фати паника и одма вратија соодветно за брзо време.

1/8 финале ПСЖ лагано си го поминаа, Јуве на првиот меч залудно е да се зборува - промаши Реал шанси за 0:5/6, за реваншот Јуве до 65та минута одигра тоа што го одигра за после тоа да се повлечи и пеналот не беше никаква спорна ситуација според мене, а и според добар дел од фудбалската јавност. А мислам дека Јуве ако дадеше гас во продолжението од третата третина од мечот ќе го казнеше таквиот Реал кој рака на срце во тој дел од периодот се разбуди и ја нагази топката во противничка половина. Сега со Баерн се коментира среќа и одбранбени грешки на Баерн. Првиот гол на Алијанц како падна? Марсело по корнерот одеше топката да му ја враќа на Улрих, а братот со друга топка стартува и организира контра баш по негова страна каде падна голот. Тоа не е грешка? Или денес Рамос кој му ја остави на тацна на Кимих? Тоа е организирана акција така? И сега ради такви погодоци треба и Баерн да се дискредитира. Си ги искористиле грешките и тоа е тоа. Факт е дека Баерн одигра машки и креира повеќе шанси денес па можеби и на голем дел преку к*р му е од Реал па сакаа нешто друго во финале, но Реал докажа не само оваа сезона, туку и во претходните дека доволни му се неколку шанси за да реализираат и направат разлика. Реално и овој Баерн е далеку од тоа што бил и се протна до вакво издание благодарение на генијалноста на Хајнкес (секоја чест за човекот) и сплетот на околности во претходните рунди. Немаше да биде незаслужено доколку Баерн го поминеше Реал, но Реал помина потешка патека и не е случајно финалист на 4 наврати во последниве 5 години.

Е сега финале најверојатно со Ливерпул. Зидан дефанзивно не ме импресионирал досега. Неутрализирањето на Салах и нападот на Ливерпул ќе му биде најголем тест на Зидан. Онолку воигран напад со генијалец во одлична форма кој се повеќе и повеќе напреднува ќе биде искушение за Реал кое го немал во минатите финалиња досега. Од друга страна искуството е на нивна страна и присебноста ќе им биде од голем бенефит во таков меч. Мислам дека годинава Ливепрул може да го изненади Реал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom