Вакцини (општа дискусија)

Член од
26 април 2018
Мислења
170
Поени од реакции
105
Треба задолжителна да биде секоја вакцинација. Јас сум вакцинирана од се за што имаше вакцини и детето ги прима редовно сите вакцини.
Не ни треба outbreak на искоренети болести.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кога ги слушам contra аргументите од луѓе за вакциниве делува како пола Македонија да има учено во специјална паралелка.
 
B

Bafra

Гостин
Кога ги слушам contra аргументите од луѓе за вакциниве делува како пола Македонија да има учено во специјална паралелка.
E де не срами се од сограѓаните, кажи некои нивни поинтересни контра аргументи.

Еве мене никако не ми е сфатливо како твое вакцинирано, заштитено дете се плашиш дека ќе се заболи од невакцинирано дете.
Не дај боже и да заболи, нели аргументите се дека полесно се пребродува болеста против која имаш вакцина. :toe:
Повеќе би требало да се плашат тие "неодговорни" мајки него одговорните ама некако имам друг впечаток
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

А детето со имунодефициенција што не смее да се вакцинира? А детето што се лечи со хемотерапија? А детето што прима имуносупресивна терапија? Или нив кој ги шиша, природна селекција, а?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
E де не срами се од сограѓаните, кажи некои нивни поинтересни контра аргументи.

Еве мене никако не ми е сфатливо како твое вакцинирано, заштитено дете се плашиш дека ќе се заболи од невакцинирано дете.
Не дај боже и да заболи, нели аргументите се дека полесно се пребродува болеста против која имаш вакцина. :toe:
Повеќе би требало да се плашат тие "неодговорни" мајки него одговорните ама некако имам друг впечаток
Ме претрка @AlternativeF , има еден куп деца кои НЕ СМЕАТ во периодот да примат вакцина поради процеси во нивното тело и ова кога ќе им го кажеш на тие ретардите ти викаат - е кај се видело мало дете болно од рак? :bravobe:

Другите аргументи се дека имало формалдехид во вакцините (во крушата на пример има 20 пати повеќе формалдехид отколку во вакцината само ајде), дека не програмирале преку вакцините да сме биле зависни од технологија :lolzz: и и и и омиленото мое - немам примено две вакцини па немам фатено настинка во животот :чда::чда::чда:

Мислам ајде да имаш некои издржани аргументи кои се научно засновани ама проблемот е што таквите аргументи може да ти ги даде само човек што прочитал 3500 + страни во животот кои се состојат од имунологија, епидемиологија, физиологија, патофизиологија, патологија и останати гранки, сигурно не тетка Миланка од Ракотинци што мисли дека е попаметна од некој што 30 години истражува(л) во полето.
 
B

Bafra

Гостин
А детето со имунодефициенција што не смее да се вакцинира? А детето што се лечи со хемотерапија? А детето што прима имуносупресивна терапија? Или нив кој ги шиша, природна селекција, а?
Не сум доктор, па да прашам дал сум те сфатил:
Сакаш да кажеш дека овие што ти ги наброја се загрозени од невакцинираните а од вакцинираните кои во голем број сепак ги добиваатистите болести од кои би требало да се заштитени и се во голем број од нив нема ризик за тие што ти ги наброја ....[DOUBLEPOST=1524835541][/DOUBLEPOST]
Ме претрка @AlternativeF , има еден куп деца кои НЕ СМЕАТ во периодот да примат вакцина поради процеси во нивното тело и ова кога ќе им го кажеш на тие ретардите ти викаат - е кај се видело мало дете болно од рак? :bravobe:

Другите аргументи се дека имало формалдехид во вакцините (во крушата на пример има 20 пати повеќе формалдехид отколку во вакцината само ајде), дека не програмирале преку вакцините да сме биле зависни од технологија :lolzz: и и и и омиленото мое - немам примено две вакцини па немам фатено настинка во животот :чда::чда::чда:
Добро морам да ти признаам читаш интересни пациенти.
Ама нели е можно да токму вакви аргументи да се намерно пуштени за нормални луѓе кога ги читаат да речат стварно овие се фолијаши и да продолжат со планот на здравствениот систем :sneaky:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не сум доктор, па да прашам дал сум те сфатил:
Сакаш да кажеш дека овие што ти ги наброја се загрозени од невакцинираните а од вакцинираните кои во голем број сепак ги добиваатистите болести од кои би требало да се заштитени и се во голем број од нив нема ризик за тие што ти ги наброја ....
Вакцинираните во голем број ги добиваат болестите? :D Мајко мила :D
Тргнав да ти образложувам ама се премислив на пола реченица, искрено, немам нерви. Те поздрави 17ти век и епидемиите на магарешка кашлица. Се надевам пуштањето крв ќе им помогне на заразените бебиња. Може и по некое чајче да фрлиме де, да не е без ич.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.344
Поени од реакции
84.553
Ја сум за вакцинирање и моето дете до сега ги прими сите вакцини, мада:

- ако вакцините кај нас се ОК, тогаш зашто е јавна тајна дека веќе деценија, побогатите си плаќаат и у Грчка си ги вакцинираат децата?
- како тоа генерациите 70-ти,80-ти,90-ти немаат примено неколку од новововедените задолжителни вакцини (HPV или Рота ако е таква и др.) и ништо не им е?

Моето дете нема HPV да прима, знам цели генерации што не примиле HPV или Рота не глеам некој проблем да имаат.

Инаку да - да има епидемии на заборавени болести у 21-ви век заради фолијаши е смешно али јебига - реално.
 
Последно уредено:

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
- ако вакцините кај нас се ОК, тогаш зашто е јавна тајна дека веќе деценија, побогатите си плаќаат и у Грчка си ги вакцинираат децата?
За ова и јас имам слушнато... а колку чини една вакцина да се купи во Грција?
 
B

Bafra

Гостин
Вакцинираните во голем број ги добиваат болестите? :D Мајко мила :D
Тргнав да ти образложувам ама се премислив на пола реченица, искрено, немам нерви. Те поздрави 17ти век и епидемиите на магарешка кашлица. Се надевам пуштањето крв ќе им помогне на заразените бебиња. Може и по некое чајче да фрлиме де, да не е без ич.
Што, вакцинирано дете против некоја болест е имуно на истата болест... :confused:
Штета што се откажа на пола реченица, а баш можеби ти ќе ми објаснеше тоа што кажав дека не ми е сфатливо
Еве мене никако не ми е сфатливо како твое вакцинирано, заштитено дете се плашиш дека ќе се заболи од невакцинирано дете.
Не дај боже и да заболи, нели аргументите се дека полесно се пребродува болеста против која имаш вакцина.
А за 17век поздравите чувај ги за тие што живеат по тие норми и правила. Како немање хигиена, слаба исхрана и сл.
Тогаш им викале испуштај крв и тие слепо верувале. Ти нешто не ми изгледа дека ги преиспитуваш денешните препораки, па имате сличности . Можеби за 100 години и за тебе исто ќе зборат :D

За нервите чајче од валеријана убаво ќе ти дојде, а можеш и од твоите апчиња. Изборот е твој :pipi:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
До сега за 2018та 30 случаи морбили и 20 случаи пертусис во МК. 90% се кај невакцинирани деца. Додека пред 10 години имаше по 0. Кај и да и овој број ќе порасне...а за 20 години кога женските деца ќе станат жени може да се очекува и конгентлен рубеола синдром. Значи место “аутизам“ од МРП ќе има микроцефалија, срцеви мани и останати проблеми кај внуците на антивакцерите.
Страмота во општина Центар 40% покриеност од МРП а во Шуто Оризари 85% кај мали деца...што ти прави полуписмени луѓе и натурализам филозофија и теории на заговори. Интернет очигледно не е за секој.:facepalm:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Епидемија на мали сипаници во училиште во Северна Каролина, каде скоро 70% од децата не се вакцинирани. Добро што сега засега ова се лесни болести, што ќе биди ако се појави нешто пострашно како теберкулоза.

Инаку за сите што се акаат од земја за врската меѓу вакцините и аутизмот, за кој што нема никаква врска досега, еве прва студија, за статистички потврдена врска меѓу загадениот воздух и бременоста, за појава на аутизам.

https://edition.cnn.com/2018/11/19/health/air-pollution-autism-vancouver-study/index.html
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
15000 невакцинирани деца од морбили

http://www.iph.mk/epidemija-na-morbili-vo-skopje/
Видео: Епидемија на морбили во Скопје
Прогласена епидемија на морбили или ситни сипаници во Скопје. Од утре сите невакцинирани деца во Скопје нема да можат да одат во градинка. Во ваква состојба децата ќе се вакцинираат од 6 месечна возраст. Забраната е строга и мора да се почитува, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
02 јануари 2019
https://kanal5.com.mk/articles/361300/proglasena-epidemija-na-morbili-vo-skopje-zabrana-za-nosenje-nevakcinirani-deca-vo-gradinka

сега добро би било Велков, како еден од поборниците на тв против задолжително вакцинирање, да објасни што, како...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom