- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.853
- Поени од реакции
- 9.767
Со неадекватна покриеност на деснокрилната позиција немаме баланс и форсираме еднодимензионални напади по таа страна. Штета што најпрвин мислевме дека Санчез се планира за таму, а не испадна така. Најголема штета е што се наруши ротациониот менаџмент на Рашфорд и Марсијал и од тука Марсијал се уплаши од конкуренцијата па турка трансфер сега. Иако мислам дека може сега по таа страна да добива повеќе шанса при ротација Марсијал, а Рашфорд да му биде чист бекап на Лукаку нешто што и било првичната намера на Мурињо за следната сезона.
Санчез полека се вклопува во тимот и неговиот придонес од многу аспекти очекувам да биде поголем во наредната од тој што би го имале Марсијал и Рашфорд пред се во завршната фаза на нападите кога треба да се поентира и асистира. Плус се гледа дека гине на терен и ора напред назад без престан. И баш Санчез е одличен пример за двајцата кој би им помогнал многу во иднина. Колку да е конкурент ќе им помогнеше многу во нивниот развој и баш како млади треба да размислуваат похрабро и да се борат за својата позиција затоа што со ништо не станале незаменливи, па ај на 20/21 година ќе глумиме ѕвезди и ќе бараат загарантиран првотимски статус.
Да не сум погрешно разбран. Пишав и претходно, а и сега повторно. Заминување на Марсијал ќе биде од голема загуба на долг рок поради тоа што губиме потенцијал кој може да експлодира во наредните години. Играч кој би имал иднина на ниво која би ја имале Мбапе и Дембеле. Сепак не ми се свиѓа тоа што карактерно очекував да се бори за својата позиција, а и кога имаше можност да ја освои пред Рашфорд (во периодот кога Рашфорд беше повреден) се почувствува комотно и одигра скромни партии како првотимец. Ако се додаде дека клубов го доведе како најскап тинејџер и ризикуваше во него ненормално во тој период плус во периодот кога имаше фамилијарни проблеми и не му беше паметот на терен доби целосна поддршка од клубот и Мурињо и еден период беше поштеден, мислам најмалку што заслужува Јунајтед за возврат од него е да се бори за своето место, а не да бара загарантирано место. Има солидна сезона со добра статистика на терен, но и доста неконстантни партии. Како и да е, не би добил некоја позначајна минутажа од оваа што би ја имал кај нас во некој од заинтересираните клубови.
Верувам во неговите фудбалски способности и мислам дека после Кристијано за прв пат имаме играч кој може дури и да го надмине секако доколку има во главата. Голем фактор за неговиот развој е неговиот карактер. Кристијано на пример беше понеталентиран во некои сегменти од него, но имаше борбен карактер и со напорен тренинг се бореше за својата позиција, па дури го исфрли еден РВН од Јунајтед, а Руни кој го сметаа за поголем талент од него испадна во негова сенка. Тоа е карактер на шампион.
Доколку се одлучи за заминување, со сигурност ќе се насочиме на голем трансфер во офанзивата. Се ми мириса на Бејл, а нема да ме чуди и Вудвард да проба да искешира и за Дибала.
Како и да е, најдобра ситуација за нас со Марсијал доколку се одлучи да бега е да се пушти на позајмица каде би имал повисока минутажа и по Санчез да си го добие местото на подолг рок.