Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.479
- Поени од реакции
- 5.177
На цело ова следење на настаните барем ти треба да знаеш дека зборовите имаат други цели.Се започна со оваа изјава:
Инаку Александар Засипкин е руски амбасадор во Либан, на шо следеше одговор,
Ова е зародишот на заговорот за судир од пошироки размери. Дали се празни зборови или не, не знам, факт е дека изјавите ги даваат официјални лица, ако Дончо директно реагира нема ништо наивно во сево ова.
Настрана шпекулациите дека се работи за договорено сценарио околу Сирија, огномет за престиж.
Шо се однесува до сценариото на лансирање на бараж на крстосувачки проектили и на тој начин презаситување на сириското ПВО, беше земено во обзир чисто поради тоа шо е единствен начин да се постигне воздушна супериорност на сириска аероторија и на тој начин да има барем теоретски шанси да се направи обид за пресврт во ситуацијата, пошто друго нема, тешко некако.
Малку дигресија, сценариото за презаситување на сириското ПВО со крстосувачки проектили не е ни малку наивно, само шо е искористено во една од најсакапите симулации на борбени сценарија на Вооружените сили на САД која чинела некаде околу 250$ милиони, а тоа е Милениумски предизвик 2002.
Во оваа симулација на Црвени (неофицијално Иран) vs Плави (САД) сценарио е напад со повеќе борбени групи носачи на авиони со амфибиска компоненета врз непријателски копнени цели, вклучително и амфибиски десант...да не должам многу, за командант на Црвените е поставен пезниониран Генерал полковник на морската пешадија на САД Пол Ван Рипер со 41г искуство позади себе, кој токму со презаситување на ПВО одбраната на плавите со ракетно артилериски средства, пред се безпилотни, постигнува воздушна супериорност и тогаш започнува со авионски напади, со шо речиси сигурно во рамките на конвенционално војување ги доведува до пораз Плавите, при тоа целосно трајно неутрализира една борбена група на носачи на авиони.
За да не биде оваа скапа симулација дебакл за Плавите, не знам дали Ген. пол. Ван Рипер е ослободен од командата или чисто се негираат неговите наредби, па се штелува сево ова, знам дека истиот напишал борбен извештај кој е класифициран како воена тајна и не беше достапен за јавноста, барем не во целост.
Е сеа за терминот конвенционални средства или линеарно војување шо многу често го спомнувам е чисто поради тоа шо не верувам дека никој нема да посегне по неконвенционални средства поради фактот шо резултато е MAD (mutual assured destruction)затоа сега се случува нешто понакво, еве едно неодамнешно излагање на Генерал Данфорд, Началник на ГШ на ВС на САД, околу сивата зона на нелинеарното војување,
Шо уствари е сето ова според америте, е она шо случува во светот е општата примена на Герасимовата доктрина, која го носи името на неговиот соперник, Началникот на ГШ на ВС на РФ Валериј Герасимов, авторот на доктрината.
Она шо го направил е во суштина концептот на Вон Клаусевиц за Тотална војна применет во модерна дигитална ера, кај шо Шестата управа на Военото разузнавање на РФ задолжена за специјална војување настапува
Фактички евентуалното фаворзирање на Трамп од страна на русите, една од причините е токму ваквиот исход околу Сирија.
Зошто константно се избегнува директен линеарен судир,
Дали некој одел на вакво сценарио околу Сирија свесно или е само склоп на околности...чисто фактичката ситуација е таква каква шо е, русите победуваат и не прават фама околу тоа.
@jamajka Шукран за постот, прочитан е...состојбите на Блискиот исток не се толку комплицирани ако се иземе црното злато.
TOP NATO, RUSSIA GENERALS HELD FACE-TO-FACE MEETING TO DISCUSS CURRENT TENSIONS
Неопотвредено, во еден од ракетните напади позади кои наводно стои Израел уништен е ирански TOR M2U ПВО(најмодерна варијанта) систем.
Исто така во нападите убиен бил полковник на исламската револуционерна гарда и дваесет други иранци во Т4 базата.
Поводот бил индициите дека од таму се лансирани и/или координирани вооружени дронови врз територија на Израел, официјално еден е пресретнат и срушен.

Напаѓање на брод е објавување војна. Следен чекор би било бомбардирање на базите, па другиве ќе возвратат на носачите и така натаму.
Американците им кажаа на Русите што ќе бомбардираат. Овие не испукаа ниту куршум кон нивните ракети.
Него целата политика на САД кон Сирија е во некаква катастрофа. Нападов освен некакво медиумско влијание немаше ама баш никаква последица врз Асад. Впрочем, САД како да му кажуваат на Асад, користи го хемиското оружје, ние ништо не ти правиме, ќе бомбардираме празни згради. Ова што го направи САД е потег во погрешна насока за нивните интереси таму.
Во врска со заситувањето на ПВО, да, тоа е сосем возможна опција, но тешко изводлива. Пример Русите во Сирија, сите слоеви на ПВО ќе бидат штитени од воздух, што значи било кој надоаѓачки напад ќе биде однапред пресретнат и сите системи предупредени. Тоа дава можност за контранапад што во голема мера би го ограничил непријателот да изврши заситување на непријателското ПВО. Впрочем би го спречил комплетно од извршување на било каков успешен напад за уништивање на ПВО-то Но тоа е за Русија, Иран е сосем друга приказна.
