Да прашам:
1. Се вртат тврдења дека односите помеѓу Русија и САД се полоши од оние за време на Студената Војна
2. Политиката на Америка предводена од Трамп е негативно настроена спрема Русија
3. За Русија се тврдеше дека учестувала во лажирањето на Изборите и помогнала во изборот на Трамп.
1. Како Трамп им иде на прилог на Русија и сакале Републиканците да дојдат на власт наместо Демократите ако ситуацијата помеѓу тие две земји моментално е на најлошо можно ниво?
2. Дали Русија има алатки со кој може да ја уценува САД па затоа им беше во прилог доаѓањето на Трамп?
Дали тоа се лажни лиферувани информации, пошто нема смисла да лобираш да ти дојде на власт некој кој ти директно сака да ти наштети.
Може објаснение за логика во контрадикторноста?
Одговорот ти е` едноставен:
1. Односите помеѓу САД и Русија никогаш не биле на добро ниво, дури ни во 1990-те години кога ЦИА му помогна на пијаницата Борис Јелцин да освои втор претседателски мандат на редовните претседателски избори кои се одржаа во 1996 година, Русите не видоа ништо позитивно од резиборот на пијаницата Јелцин;
2. Доналд Трамп победи на редовните претседателски избори во САД кои се одржаа на 8 ноември 2016 претставувајќи се` себеси како наследник на Роналд Реган, кој своевремено за свое дежурно плашило го имаше Советскиот Сојуз, а плавиот Трамп за свое дежурно плашило ги планираше Кина и нејзиното верно куче Северна Кореја;
Недоразбирањата помеѓу плавиот Трамп и Републиканците, е во тоа што кај Републиканците преовладува военото лоби кое го претставува никогаш незаситениот крвопролевач Џон Мекејн, кој сака Русија да им биде дежурно плашило. Тука лежи зајакот, плавиот Трамп сака Кина да му биде дежурно плашило, а крвопролевачот Мекејн и военото лоби сакаат Русија да им биде дежурното плашило.
Додека двајцата се караат, третиот - во овој случај Демократите - користи.
Демократите - засега - многу паметно играат: си молчат и воопшто не се спротивставуваат на американските бомбардирања врз сириска територија, бидејќи чекаат да дојде ноември 2018 кога треба да се одржат наредните редовни парламентарни избори за пратеници во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат.
Официјално, Демократите си молчат, а како што знаеме, молчењето значи одобрување, односно со своето молчење ги поддржуваат постапките на плавиот Трамп.
Неофицијално, Демократите се надеваат дека плавиот Трамп ќе направи некоја скапа глупост во Сирија, па да му ја истурат таа глупост на редовните парламентарни избори во ноември 2018 заедно со истрагата на Роберт Мулер која - како што и самиот Трамп вели - е најобичен лов на вештерки.
Русите дури и да имаат со што да го загрозат плавиот Трамп, нема да успеат, бидејќи баш кога би се обиделе, токму тогаш американските медиуми ќе застанат на негова страна и ќе ја претстават Русија како злонамерната страна, а плавиот Трамп како нејзина жртва.
На нив ќе се надоврзат и Републиканците, крвопролевачот Џон Мекејн и неговото воено лоби, и Русија ќе им биде дежурното плашило, а Демократите ќе мораат да продолжат да пребаруваат по валканите алишта на плавиот Трамп, со надеж дека ќе успеат да му извадат по некој нов скандал.