Претходно се дискутираше за казните, па да напишам еден мој став.
Се додека казните се вакви високи сите ќе посегнуваат по врски да ги кинат, бидејќи се астрономски суми за наши услови.
На пример со мој пријател Словенец споредувавме казните и за едно казнливо дело во Македонија казната е 550 евра а во Словенија е 90 евра, а разликите во животен стандард ни се повеќе од познати.
Целта на казните не е да уништи човечки живот како кај нас, туку да го опомени и да го удри таму каде што најмногу го боли во џеб, за да размисли друг пат дали би направил таква глупост или прекршок.
Кај нас казните се креирани од партиите да имат робовладетелски однос кон народот, да го држат во страв и да го заплашуваат со нив.
Се додека нема намалување како што имаше една политичка партија кај нас кампања за намалување на сите казни за 70 %, кај нас ќе е секогаш така.
Бидејќи кога би имал казна од 90 евра ќе ја платам без око да ми трепне, додека кога ќе имам 550 со која знам дека ради неа пола година нема да имам мир у куќа, ќе посегнувам на секој начин да ми се скине или у најмала рака ако не успеам ќе ме боли веќе кур и стално ќе си го повторувам прекршокот, бидејќи не за џабе се рекло, умрено магаре од волк не се плаши.