Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона

  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Истиот старт да беше врз играч на Јувентус тогаш ќе беше пресилен и чист црвен, вака не е. :D

Наполи останаа без најдобрите играчи и пак на крај се топ 3. Сега имаат повеќе играчи од кои на лето можат да земат убави пари од екипи од ПЛ и да ги инвестираат. Сари ќе го сменат и како што се пишува имаат повеќе опции како Џампаоло, Емери, Марселињо, Фонеска, Руди Гарсија.
 
Дај бе не бидете смешни за тоа дека вчера се судело во корист на Рома. Како што пиша и Пупоне, Раду беше веќе опоменат пред да добие црвен.
Факт е дека Лацио вчера играа грубо. Реален резултат е нерешено, ако се земе предвид целокупниот натпревар.
Инаку браво за курва норд! :aplauz:
Несомнено најиновативната тифо група. На никоја не и текнало до сега да направи кореографија со :гомце:. :icon_lol:
 
Додека главен конкурент на Јувентус за Скудето е екипа која против Мусачо и Запата створи само една шанса и тоа на јуриш во 93 минута, а во ситуација кога МОРА бар да проба да победи, овие ќе си освојуваат без проблем и 12 по ред ако треба.

Јес, Милан е екипа која одлично се брани откако е Гатузо на клупа, многу солидно и организирано делуваат и немаа многу пехови во одбрана, си има и тоа кредит, ама Наполи беше толку слаб и анемичен, што ме потсети на еден Милан пред сезона - две - три кога сите бродови беа потонати, а не се гледаше ни светло на крајот на тунелот од црнилата со кои зрачеа Бакаје Траоре и Кевин Констант.

Можда е рано, ради коректност треба да се почека, ама мислам дека Наполи толку ги исцица сезонава, што не само што нема шанси да ги надополнат овие 6 бода заостаток зад Јувентус, туку од следна сезона натаму ќе бидат се послаби и послаби. Ако не освоија оваа сезона, нема ни во блиска иднина. Створија таков баук медиумите,јавноста, навивачите дека ова е ТАА сезона кога Наполи е зрел да му го земе Скудетото на Јувентус, па створи и самиот Наполи ситуација каде сите карти ги фрли на таа маса, се откажа од Лига Европа, каде лагано можеа бар до финале со малку среќа, епа нека пушат курац сеа. Ќе се деси очекувано празнење и разочарување, нема бегање. Хамшик е во надолна линија, Мертенс го достигна зенитот и сеа ќе паѓа, Инсиње ако не е глуп ќе си замине, Кулибали виси више три мерката, Сари исто и чао џаци. Ова е некој мој впечаток, не мора да е така, ама се некако така ми мириса.

Искрено, мислам или сакам да мислам дека серијата на Јувентус можат да ја прекинат само миланските екипи. Е сеа со оглед на тоа дека за да освои Интер треба свемирот да направи заговор за тоа, мислам дека прв шампион на Серие А после Јувентус ќе биде оној кој беше последен шампион пред овие да ја почнат серијата. Не знам дали ќе биде за сезона, две, три, ама хашишот и змејот тоа го кажуваат, да знаете, јебига. :cool:

Ова предвиџање евентуално може да го поремети Рома која на крилата на ова изненадување што го напраи сезонава во ЛШ, со парите кои ќе им дојдат се појачаат квалитетно и прекинат да бидат супермаркет, може да створи амбиент и да се наметне за Скудето, ама исто мислам дека ќе им треба помош од свемирот за тоа.

Колку навивачки пост а? Ама шовебам, затоа е темата. :icon_lol:

што хашиш??? :D :D
 
што хашиш??? :D :D

За Интер треба свемирот да се помери а за Милан фестерот да праи журче секое полувреме со химната на ЛШ м?

пс: Дур сме тука, од кај беше муабетов за фестерот и ЛШ химната?
 
што хашиш??? :D :D
Моментално кинески хашиш користиме со змејот. Тешко го набавувавме заради рестрикциите на Кина и заради сумљивата позадина на газдава, ама без застој е засеа, фино ми делува и во перспектива. :icon_lol:

За Интер треба свемирот да се помери а за Милан фестерот да праи журче секое полувреме со химната на ЛШ м?

пс: Дур сме тука, од кај беше муабетов за фестерот и ЛШ химната?

Журчето може да им помогне само во европските соблекувални, во соблекувалната на Беневенто нема многу ефект. Ама па методите на фестерот се старомодни исто колку и краватите и изјавите негови, така што, прошло време е тоа.

А муабетот излезе после една изјава на Галијани во предвечерието на долгогодишната темнина која го опфати Милан, таму во 2009 година кога му го унакажавме животот на Леонардо и го натеравме да го напушти она што знаеше мајсторски да го прави за да се зафати со тренерска работа за која беше дудук.
Милан тргна тогаш лошо во Серие А, а ја победи првата во ЛШ со Марсеј. Ги свиреа навивачите после ремија со Бари и Болоња, мислам дека тука улета и пораз во градското дерби итоа јак пораз, а Галијани изјави дека очигледно им пријала појше музиката од ЛШ (демек затоа го тепавме Марсеј, не знам зошто сме толку полоши во Серие А). Уствари уште тогаш се надзираа контури на дупката во која се паѓаше, ама Адриано, досетлив ко што го дал Берлускони, доскочица кажа за да маскира потенцијална криза и тоа му остана еве као основа за ремет досеа. :)
 
Последно уредено:
Дај бе не бидете смешни за тоа дека вчера се судело во корист на Рома. Како што пиша и Пупоне, Раду беше веќе опоменат пред да добие црвен.
Факт е дека Лацио вчера играа грубо. Реален резултат е нерешено, ако се земе предвид целокупниот натпревар.
Инаку браво за курва норд! :aplauz:
Несомнено најиновативната тифо група. На никоја не и текнало до сега да направи кореографија со :гомце:. :icon_lol:
nigde ne sporam za crveniot za radu zasluzen si bese, ama ova vrz parolo bese cist crven uste vo 30 minuta i kazi mi kako toa ne e sudemje vo korist na Roma, minatoto derbi kolarov ne go ni doprea penal svirea, minatata sezona strotman padna penal svirea
 
За пеналот од Јуве ќе ги прашате навивачиве,тие се стручнаци што пресудуваат што е пенал а што не.
 
Можеби и немаше, ама тоа што сакам да кажам е дека не беше ист критериумот за двете екипи кога станува збор за доделување на картони. Скоро секој фаул на Лацио беше санкциониран со жолт, без разлика на интензитетот. За на крај на Раду да му биде покажан втор жолт без никаква претходна опомена, како што е обичај.
Не го правдам воопшто судијата, имаше овде дефинитивно основа за црвен картон. Го спаси можеби тоа што фаулот (во нормална брзина) немаше силен интензитет и не предизвика повреда туку Пароло веднаш се исправи.

Ова е слободна интерпретација на судијата, можеби требаше од ВАР да го повикаат да си ја прегледа одлуката, можеби гледајќи на монитор ќе сменеше во црвен. Бидејќи сепак е со отворен ѓон на доста незгодно место.
 
nigde ne sporam za crveniot za radu zasluzen si bese, ama ova vrz parolo bese cist crven uste vo 30 minuta i kazi mi kako toa ne e sudemje vo korist na Roma, minatoto derbi kolarov ne go ni doprea penal svirea, minatata sezona strotman padna penal svirea

Остар старт нема збор. Да беше обратна ситуацијата и јас ќе барав црвен во корист на Рома, меѓутоа се гледа дека после стартот Пароло го издржа дуелот и згора на сѐ стана да бара правда. Како и да е судиско убедување е, коешто во овој случај ве прави да се чувствувате оштетени.
 
Значи црвен треба да добие само ако му ја скрши ногата?
 
Значи црвен треба да добие само ако му ја скрши ногата?

Значи ако му ја скрши ногата добива црвен, а во секој друг случај е судиско убедување, коешто зависи од многу фактори.
 
Значи ако му ја скрши ногата добива црвен, а во секој друг случај е судиско убедување, коешто зависи од многу фактори.
Ти нема баш многу логика муабетов:LOL:
 
Значи ако му ја скрши ногата добива црвен, а во секој друг случај е судиско убедување, коешто зависи од многу фактори освен ако не се работи за играч на Јувентус. Тогаш Пароло добива втор жолт за симулација и го бркаат на клоци од терен затоа што ако чекаат носилка ќе продолжи судијата 10мин #хехе.
 
Значи ако му ја скрши ногата добива црвен, а во секој друг случај е судиско убедување, коешто зависи од многу фактори.

Да, од многу фактори зависи судиското убедување. Посебно од тоа за кој тим се работи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom