Скијатос

Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
759
Иди преку агенција и рентај скутер. Нема боље варијанта. Ма да за некои плажи скутер не ти врши работа.
 
Член од
17 февруари 2015
Мислења
89
Поени од реакции
5
Лани бев на Закинтос и поминав прилично ефтино.Оваа година сакам на Скијатос.Какви се цените,дали е многу поскапо од Занте?
 

>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Доста поскапо.
Зависи како сакаш да го поминеш одморот. Јас имам идено на двата острови можеби е поскапо на Занте но за мене не беше голема разкика во цена. Инаку Скијатос е прекрасен.
 
Член од
3 мај 2017
Мислења
42
Поени од реакции
19
Иди преку агенција и рентај скутер. Нема боље варијанта. Ма да за некои плажи скутер не ти врши работа.
да те прашам дали имап изнајмувано скутер на скијатос и колку пари кошта?
На северниот дел можно ли е да се вози со скутер ?
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.297
Поени од реакции
7.023
да те прашам дали имап изнајмувано скутер на скијатос и колку пари кошта?
На северниот дел можно ли е да се вози со скутер ?
Лани летото(2017) од 20 евра почнуваше скутерот. На северниот дел,колку што разбрав,нема патишта,освен со брот натаму не се оди.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.103
Поени од реакции
25.392
Скијатос е реалтивно мал остров 7-10 дена максимум се доволни пред да стане монотоно. Ако не се оди со сопствен превоз најпаметно е да се сместите во градот, освен ако не сакате да терате ептен пензиско. Навечер главните збиднувања се во градот, а автобуси нема па ако не сте сместени во градот ќе треба да плаќате многу за такси. Тоа важи и за другите туристички дестинации во Грција, секогаш гледајте да се сместите во местото каде што навечер е интересно а преку ден со автобуси и комбиња може да ги ловите плажите. Денски журки има на Банана бич каде што е шемата, Кукунарес е убаво ама знае да биде многу полно, ако ви е за раат плажа најдобра е Елени. Сите овие 3 се блиску една до друга и се на последната автобуска станица. Низ таа делница Скијатос (градот)-Кукунарес имате и уште неколку плажи и се ок. Убедливо најубав спомен ми остави Лалариа, таа тура со брод вреди да се земе. Бонус совеет-Земете си наочари за под вода, глетката е прекрасна и дефитивно го појачува целокупното доживување. Ако не ви се даваат многу пари за марка наочари, сосем задоволителни се од Џамбо за 250 денари.
Ако отиде со кола имате флексибилност да посетите повеќе работи како на пример манастирот Евангелистриа и некомерцијалните плажи во северозападниот дел на островот, ако сте по уживања во природа без гужви. Автобуси до таму нема, со кола се стига ама патот е песоклив. Има неколку плажи во тој дел јас успеав да ја фатам Мандраки и лезетски си го терав тој ден.
Многу важно ако одите со кола. На пристаништето во Волос има 2 трафики што нудат траект до Скијатос. Трафиките се споени една со друга и изгледаат како да ги држи една иста фирма ама две различни фирми од кои едната е многу поефтина. Разликата беше 80 евра помеѓу едната и другата фирма за кола + тројца патници што не е мала разлика да се опрчите +20 и кусур евра од човек за џабе, така да пазете да не се улетате.
Имате и тури со бродчиња, прогуглајте што ќе ви фати око.
Ноќниот живот е пристоен, кафичите имаат европски цени, а ноќните клубови се со бесплатен влез ама огин скапи. Чаша Смирноф беше 10 евра. Една чаша од доза 0.04 л.
Ова од тоа што ми текнува. Убав помин ако идете.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.142
Поени од реакции
25.269
Тие што ќе идете и планирате да изнајмувате скутер, само да ве предупредам, мене минатата година ми правеа проблем. Нејќеа да ми дадат скутер бидејќи немав возачка дозвола А категорија за скутерче, нашата Б категорија не покривала. Се убедував со тој да ми ја даде на "црно" со тоа што нема да ми даде осигурање за истата, ама нејќеше со образложение дека не му се ризикувало ако ми се деси нешто. Рентање на кола не ни помислувајте, изгор скапо беше.

Како и да е, ако сте сместени во градот, потреба за рентање на скутер или кола реално НЕМАТЕ. Имаат подобар возен ред од тој на ЈСП кај нас и доста фрекфентни им се автобусите со што ги покриваат скоро 80% од плажите.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
759
да те прашам дали имап изнајмувано скутер на скијатос и колку пари кошта?
На северниот дел можно ли е да се вози со скутер ?
Не рентав скутер. Генерално мислам дека не може со скутер на северниот дел. Евентуално со оние на 4ри тркала, полутеренски да ги наречам. Али има плажи на северниот многу јаки. Ние праевме хајкинг шема, бидејќи бевме сместени во Кукунариес и релативно блиску имавме опции за добри плажи, можеби најдобрите.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Не рентав скутер. Генерално мислам дека не може со скутер на северниот дел. Евентуално со оние на 4ри тркала, полутеренски да ги наречам. Али има плажи на северниот многу јаки. Ние праевме хајкинг шема, бидејќи бевме сместени во Кукунариес и релативно блиску имавме опции за добри плажи, можеби најдобрите.
Може пешки, јас бев до Мандраки и мислам уште една, баш е супер прошетката низ боровата шума.
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
167
Поени од реакции
81
Јас одам во август, планирам да рентам скутер за 10 дена, слушам дека прават проблем само не знам зошто.... до сега без проблем сме рентале на Лефкада и Крф, ако некој до сега успеал да изрента нека каже нешто инфо за да се снаоѓаме и ние :)
 
Член од
3 мај 2017
Мислења
42
Поени од реакции
19
Јас одам во август, планирам да рентам скутер за 10 дена, слушам дека прават проблем само не знам зошто.... до сега без проблем сме рентале на Лефкада и Крф, ако некој до сега успеал да изрента нека каже нешто инфо за да се снаоѓаме и ние :)
јас рентав лани на крф немаше никаков проблем , јас ке одам годинава пред тебе на скијатос па ке ти кажам
 
Член од
3 мај 2017
Мислења
42
Поени од реакции
19
Даваат скутери и коло без никаков проблем , само пари да им наброиш и да имаш соодветна возачка.50цц не даваат со Б мора со М.Цената на 50ки е од 12 до 17 евра.Реално 50ка ви врши работа само за јужниот дел , северниот или нешто поголемо 150-200 , четирицикл или кола.Ако ме ве бива за возење мотор поарно ме зимајте патот е катастрофа не е асфалтиран , земја е некаде треба преку река да се помине така да ако не знаете да возите добро воопшто не зимајте зошто нема со фул осигурање сите се со third-part(знаат дека големи се шансите да паднете).Јас рентав кола ако некој е заинтересиран нека пише пм ке му објаснам каде да најде најефтино.Јас се исценкав ја земав за 25 евра бензинец.Инаку се од 32е па нагоре.Тури до лалариа и кастро има за 15евра.На кастро може и со мотор и кола да се оди на лалариа само со брод.Има и други тури шо нудат до скопелос , мама миа , блу кејв се по 25-35 зависи кој шо нуди.Лежалки 10че , фрапе 3евра , пиво 3евра на плажа.На кастро платив 12 евра за две фрапеа , 4 води и едно пиво. Ако нешто друго ве интересира прашајте , поздрав.[DOUBLEPOST=1531137436][/DOUBLEPOST]Даваат скутери и коло без никаков проблем , само пари да им наброиш и да имаш соодветна возачка.50цц не даваат со Б мора со М.Цената на 50ки е од 12 до 17 евра.Реално 50ка ви врши работа само за јужниот дел , северниот или нешто поголемо 150-200 , четирицикл или кола.Ако ме ве бива за возење мотор поарно ме зимајте патот е катастрофа не е асфалтиран , земја е некаде треба преку река да се помине така да ако не знаете да возите добро воопшто не зимајте зошто нема со фул осигурање сите се со third-part(знаат дека големи се шансите да паднете).Јас рентав кола ако некој е заинтересиран нека пише пм ке му објаснам каде да најде најефтино.Јас се исценкав ја земав за 25 евра бензинец.Инаку се од 32е па нагоре.Тури до лалариа и кастро има за 15евра.На кастро може и со мотор и кола да се оди на лалариа само со брод.Има и други тури шо нудат до скопелос , мама миа , блу кејв се по 25-35 зависи кој шо нуди.Лежалки 10че , фрапе 3евра , пиво 3евра на плажа.На кастро платив 12 евра за две фрапеа , 4 води и едно пиво. Ако нешто друго ве интересира прашајте , поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom