Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Лоша споредба ти е со Граѓанската војна во Шпанија, во Сирија нема никаков идеолошки судир како сакаш гледај колку и да се обидува да му се даде некој таков шмек на бизнис интересите на едни од најмоќните земји во светот.Исто како и граѓанската војна во Шпанија помеѓу 1936 и 1939 година, само што граѓанската војна во Сирија трае повеќе од 2 пати подолго од граѓанската војна во Шпанија, а правецот во кој се одвива војната во Сирија воопшто не е во корист на тие кои сакаа истата да се случи, и се разбира, граѓанската војна во Сирија е многу посмртоносна во споредба со граѓанската војна во Шпанија.
За жалење се Сиријците, но и остатокот од светот е за жалење, бидејќи западот очајнички бара бојно поле и повод за почеток ако не на Трета Светска Војна, тогаш барем за регионална или континентална војна која би потраела повеќе од 5 години.
Првата посета на странска држава од страна на Доналд Трамп како претседател на САД не беше од чиста случајност неговата посета на Саудиска Арабија, исто како што и продажбата на американско оружје во вредност од 350 МИЛИЈАРДИ американски долари на Саудиска Арабија не беше чиста рутинска бизнис зделка, туку е деловен договор за нови крвопролевања, исто како што и договорот за ненапаѓање помеѓу Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз од август 1939 - познат како Договорот Молотов-Рибентроп - не беше ама баш никаков мировен договор, туку беше договор за поделба на Полска и за советска окупација на балтичките држави и на територии од Финска и од Романија, како и за нови крвопролевања во Европа.
ДАЕШ/ИСИЛ ако ја поистоветуваш со комунистичката интернационала, и тие се формирани од доброволци од цел свет кои едните ги обединуваше политичка идеологија овие другите исламот, режимот на фамилијата Асад да го поистоветиш со Франко, исто како тогаш така и сега се поддржувани од неколку моќни земји

Шала на страна, ова е сега далеку од граѓанска војна, а тек ќе видиме како ќе се развива. Во секој случај се топовско месо, а власта на Асад е на колена и никогаш повеќе нема да ги држи така конците во Сирија како некогаш.
Пријателите чекаа да падне на колена да му тркнат во помош, иако се знаеше дека е само прашање на време кога ќе „запролети„ и во Сирија, на крајот од денот ќе се договорат русите и америте, фамилијата Асад ќе оди во историјата а загинатите сиријци нема враќање, она шо било држава сеа е руина.
Настрана шо русите му приредија и промена на устав и драстично намалување на моќта како претседател.
Саудиска Арабија моментално е под опсада од фамилијата чие име го носи, во буквална смисла, пола естаблишмент е во карантин, а пола армија им е составена од платеници од претежно соседните посиромашни земји, Макијавиели напишал дека секоја битка која треба да ја водат платеници е продадена...тоа модерно вооружување на саудијците може да ја дожививее истата судбина како она кое го поседуваше војската на иранскиот Шах Пахлави.
И ден денес пола иранско вооружување, посебно авијацијата им е од американско потекло, така да не му давам некое особоено значење, барем не во рацете на племенска заедница како Саудиска Арабија.
САД и Русија никогаш не биле колонијално присутни на Блиски Исток за разлика од европските демократи, према тоа влијанијето нивно во овој дел од светот е од поинаква природа и не така архаично.
Не ти стојат аналогиите според мене, без навреда.
Шаблонот на делување е секогаш ист низ историјата, методологијата е таа само шо средствата до некаде се промените, процесите итн.
Веројатно во игра е ставено редефинирање на Сирија со шо секоја страна ќе си задржи дел од своето влијание, под страни мислам на САД и Русија, пошто не може да постои паралелна власт во една земја а САД веќе ги признаа брадосаните тојота вориорс како таква, а курдите изглеа пак од трите подолгото, судбина ко нас

Ако ништо друго комшиите наши видоа нешто ќар од покољот во Сирија, русите ги вооружија со српско, а америте со хрватско пешадиско вооружување и опрема курдите

Ова со употребата на хемиско оружје против цивили многу е голема веројатноста да е дело на некоја регионална сила, барем шо се однесува на доставата на гасот, за употребата има таму кандидати еден куп шо нема ни да трепнат пред да го активираат.
П.С Бројот на загинати во најголем дел се должи на артилерија, авијација итн. пошто докажано е дека макс 5% од оние кои се во борбени услови пукаат да убијат, ова истражување е од ВСВ, тек сега со модерно пешадиско вооружување бројките треба да се далеку поголеми, само еден куп видеа има кај шо се гледа шо се случува и кои се воини се собрани на куп таму

Битно ги сакатија цивилите.
Последно уредено: