Конфликтот во Сирија

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

Исто како и граѓанската војна во Шпанија помеѓу 1936 и 1939 година, само што граѓанската војна во Сирија трае повеќе од 2 пати подолго од граѓанската војна во Шпанија, а правецот во кој се одвива војната во Сирија воопшто не е во корист на тие кои сакаа истата да се случи, и се разбира, граѓанската војна во Сирија е многу посмртоносна во споредба со граѓанската војна во Шпанија.

За жалење се Сиријците, но и остатокот од светот е за жалење, бидејќи западот очајнички бара бојно поле и повод за почеток ако не на Трета Светска Војна, тогаш барем за регионална или континентална војна која би потраела повеќе од 5 години.

Првата посета на странска држава од страна на Доналд Трамп како претседател на САД не беше од чиста случајност неговата посета на Саудиска Арабија, исто како што и продажбата на американско оружје во вредност од 350 МИЛИЈАРДИ американски долари на Саудиска Арабија не беше чиста рутинска бизнис зделка, туку е деловен договор за нови крвопролевања, исто како што и договорот за ненапаѓање помеѓу Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз од август 1939 - познат како Договорот Молотов-Рибентроп - не беше ама баш никаков мировен договор, туку беше договор за поделба на Полска и за советска окупација на балтичките држави и на територии од Финска и од Романија, како и за нови крвопролевања во Европа.
Лоша споредба ти е со Граѓанската војна во Шпанија, во Сирија нема никаков идеолошки судир како сакаш гледај колку и да се обидува да му се даде некој таков шмек на бизнис интересите на едни од најмоќните земји во светот.

ДАЕШ/ИСИЛ ако ја поистоветуваш со комунистичката интернационала, и тие се формирани од доброволци од цел свет кои едните ги обединуваше политичка идеологија овие другите исламот, режимот на фамилијата Асад да го поистоветиш со Франко, исто како тогаш така и сега се поддржувани од неколку моќни земји :D

Шала на страна, ова е сега далеку од граѓанска војна, а тек ќе видиме како ќе се развива. Во секој случај се топовско месо, а власта на Асад е на колена и никогаш повеќе нема да ги држи така конците во Сирија како некогаш.

Пријателите чекаа да падне на колена да му тркнат во помош, иако се знаеше дека е само прашање на време кога ќе „запролети„ и во Сирија, на крајот од денот ќе се договорат русите и америте, фамилијата Асад ќе оди во историјата а загинатите сиријци нема враќање, она шо било држава сеа е руина.
Настрана шо русите му приредија и промена на устав и драстично намалување на моќта како претседател.

Саудиска Арабија моментално е под опсада од фамилијата чие име го носи, во буквална смисла, пола естаблишмент е во карантин, а пола армија им е составена од платеници од претежно соседните посиромашни земји, Макијавиели напишал дека секоја битка која треба да ја водат платеници е продадена...тоа модерно вооружување на саудијците може да ја дожививее истата судбина како она кое го поседуваше војската на иранскиот Шах Пахлави.
И ден денес пола иранско вооружување, посебно авијацијата им е од американско потекло, така да не му давам некое особоено значење, барем не во рацете на племенска заедница како Саудиска Арабија.

САД и Русија никогаш не биле колонијално присутни на Блиски Исток за разлика од европските демократи, према тоа влијанијето нивно во овој дел од светот е од поинаква природа и не така архаично.

Не ти стојат аналогиите според мене, без навреда.

Шаблонот на делување е секогаш ист низ историјата, методологијата е таа само шо средствата до некаде се промените, процесите итн.

Веројатно во игра е ставено редефинирање на Сирија со шо секоја страна ќе си задржи дел од своето влијание, под страни мислам на САД и Русија, пошто не може да постои паралелна власт во една земја а САД веќе ги признаа брадосаните тојота вориорс како таква, а курдите изглеа пак од трите подолгото, судбина ко нас :icon_lol:

Ако ништо друго комшиите наши видоа нешто ќар од покољот во Сирија, русите ги вооружија со српско, а америте со хрватско пешадиско вооружување и опрема курдите ;)

Ова со употребата на хемиско оружје против цивили многу е голема веројатноста да е дело на некоја регионална сила, барем шо се однесува на доставата на гасот, за употребата има таму кандидати еден куп шо нема ни да трепнат пред да го активираат.

П.С Бројот на загинати во најголем дел се должи на артилерија, авијација итн. пошто докажано е дека макс 5% од оние кои се во борбени услови пукаат да убијат, ова истражување е од ВСВ, тек сега со модерно пешадиско вооружување бројките треба да се далеку поголеми, само еден куп видеа има кај шо се гледа шо се случува и кои се воини се собрани на куп таму :icon_lol:
Битно ги сакатија цивилите.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.120
Поени од реакции
12.702

Лоша споредба ти е со Граѓанската војна во Шпанија, во Сирија нема никаков идеолошки судир како сакаш гледај колку и да се обидува да му се даде некој таков шмек на бизнис интересите на едни од најмоќните земји во светот.

ДАЕШ/ИСИЛ ако ја поистоветуваш со комунистичката интернационала, и тие се формирани од доброволци од цел свет кои едните ги обединуваше политичка идеологија овие другите исламот, режимот на фамилијата Асад да го поистоветиш со Франко, исто како тогаш така и сега се поддржувани од неколку моќни земји :D

Шала на страна, ова е сега далеку од граѓанска војна, а тек ќе видиме како ќе се развива. Во секој случај се топовско месо, а власта на Асад е на колена и никогаш повеќе нема да ги држи така конците во Сирија како некогаш.

Пријателите чекаа да падне на колена да му тркнат во помош, иако се знаеше дека е само прашање на време кога ќе „запролети„ и во Сирија, на крајот од денот ќе се договорат русите и америте, фамилијата Асад ќе оди во историјата а загинатите сиријци нема враќање, она шо било држава сеа е руина.
Настрана шо русите му приредија и промена на устав и драстично намалување на моќта како претседател.

Саудиска Арабија моментално е под опсада од фамилијата чие име го носи во буквална смисла, пола естаблишмент е во карантин, а пола армија им е составена од платеници од претежно соседните посиромашни земји, Макијавиели напишал дека секоја битка која треба да ја водат платеници е продадена...тоа модерно вооружување на саудијците може да ја дожививее истата судбина како она кое го поседуваше војската на иранскиот Шах Пахлави.
И ден денес пола иранско вооружување, посебно авијацијата им е од американско потекло, така да не му давам некое особоено значење, барем не во рацете на племенска заедница како Саудиска Арабија.

САД и Русија никогаш не биле колонијално присутни на Блиски Исток за разлика од европските демократи, према тоа влијанијето нивно во овој дел од светот е од поинаква природа и не така архаично.

Не ти стојат аналогиите според мене, без навреда.

Шаблонот на делување е секогаш ист низ историјата, методологијата е таа само шо средствата до некаде се промените, процесите итн.

Веројатно во игра е ставено редефинирање на Сирија со шо секоја страна ќе си задржи дел од своето влијание, под страни мислам на САД и Русија, пошто не може да постои паралелна власт во една земја а САД веќе ги признаа брадосаните тојота вориорс како таква, а курдите изглеа пак од трите подолгото, судбина ко нас :icon_lol:

Ако ништо друго комшиите видоа нешто ќар од Сирија, русите ги вооружија со српско, а америте со хрватско пешадиско вооружување и опрема курдите ;)

Ова со употребата на хемиско оружје против цивили многу е голема веројатноста да е дело на некоја регионална сила, барем шо се однесува на доставата на гасот, за употребата има таму кандидати еден куп шо нема ни да трепнат пред да го активираат.

П.С Бројот на загинати во најголем дел се должи на артилерија, авијација итн. пошто докажано е дека макс 5% од оние кои се во борбени услови пукаат да убијат, ова истражување е од ВСВ, тек сега со модерно пешадиско вооружување бројките треба да се далеку поголеми, само еден куп видеа има кај шо се гледа шо се случува и кои се воини се собрани на куп таму :icon_lol:
Битно ги сакатија цивилите.
Во ред е да не се согласуваш со мене, но само да додадам дека Башар ал Асад не може да се споредува со Франциско Франко бидејќи Франко ја започна граѓанската војна против легитимната шпанска република, исто како што и брадестите исламистички ѓубриња од луѓе ја започнаа граѓанската војна против не баш легитимната сириска влада на чело со Асад.

Не планирам да го бранам Асад, но како што веќе спомнав - западот го издигна на херојски пиедестал, бидејќи разликите се едноставни - сириските владини вооружени сили не силуваат жени, не убиваат припадници на малцинствата и не се борат за теократско општествено уредување - ако било кој од овие факти е лажен, досега западот ќе го искористеше против Асад.

Од друга страна, таканаречените "умерени" борци за слобода и демократија кои западот ги поддржува се` покажаа и докажаа како злосторници, во периодот помеѓу 2012 и 2014 година кога војната се одвиваше претежно во нивна корист, во секое село или помал град населен со христијани или било кое немуслиманско малцинство кое/кој ќе паднеше во нивни раце, го предупредуваа локалното население дека кога ќе го соборат Асад и ќе ја превземат власта во Сирија, ќе формираат теократска држава со шеријатско општествено уредување во која нема да има место за христијаните и останатите немуслимански малцинства во Сирија.

Во меѓувреме, добар дел од нив преминаа во ИСИЛ/ИСИС/ИД и почнаа со масовни силувања и убивања, со што разликата помеѓу таканаречените "умерени" борци за слобода и демократија од една страна, и сириските владини вооружени сили од друга страна, стана многу поголема, така што сега Асад испадна помалото зло - а сето ова е по заслуга на западот, кој ги поддржува "умерените франкисти" во Сирија.

А за тоа дека невиното цивилно население го кркаше подебелиот крај на стапот, во целост се согласувам - за жал.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Интересна анализа
https://faktor.mk/sirija-kako-germanija-po-vtorata-svetska-vojna[DOUBLEPOST=1523352107][/DOUBLEPOST]Американски бродови се стационираат на 100 км од руските бази во Сирија. Во советот за безбедност се разменуваат тешки закани од двете страни. Трамп во рок од 24-48 часа ќе донесе одлука дали ќе пали томахавки по русите и Асад. Што мислите блеф е или можно сценарио?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.120
Поени од реакции
12.702
Интересна анализа
https://faktor.mk/sirija-kako-germanija-po-vtorata-svetska-vojna

Американски бродови се стационираат на 100 км од руските бази во Сирија. Во советот за безбедност се разменуваат тешки закани од двете страни. Трамп во рок од 24-48 часа ќе донесе одлука дали ќе пали томахавки по русите и Асад. Што мислите блеф е или можно сценарио?
Па судејќи според политиките и воените дејствија на САД кон Ирак изминативе 60 години, не би било изненадување да станува збор за сценарио кое ќе стане реалност, не дај Боже.

Иако статијава и видео записот се оф-топик, сепак треба да послужат како пример за тоа како САД се однесуваат кон државите на блискиот исток чии што влади не играат на американската музика.

А да, и малку информирање околу тоа од каде и како Ирак - а и некои други држави на блискиот исток, воопшто се стекнале со биохемиски оружја за масовно уништување во втората половина на 20-от век.

https://off.net.mk/vesti/razno/kratka-istorija-na-amerikanskite-intervencii-vo-irak-vo-izminatite-50-godini

Кратка историја на американските интервенции во Ирак во изминатите 50 години

10 Април 2018 - 11:48

На 9-ти април 2003 американските новински мрежи ги прекинаа своите редовни програми за директно да вклучат пренос од багдадскиот плоштад Фирдос, каде мешана група од локални Ирачани и американски војници во цивилка ја соборија огромната статуа на Садам Хусеин.

Интерсепт во својата анализа на американските и општо западни интервенции во Ирак за соборувањето на статуата пишува:

„ Ова беше брилијантна, полу-режирана вежба по пропаганда насочена кон засилување на неоконзервативното ветување дека обичните Ирачани ќе бидат пресреќни од падот на режимот и ќе ги пречекаат американските војници како ослободители. “

Инаку проблемите на Ирак со САД и Западот (и обратно) не се од пред 15 години, туку имаат над 50-годишна историја и почнуваат кога граѓаните решаваат да се ослободат од својот монарх, кој речиси бесплатно им ги предава нафтените полиња на земјата на западните компании, и сакаат да воведат демократска власт која ќе работи во интерес на народот.

„ Овој класичен пример на американски империјалистички злосторства започнува во 1958 кога монархијата поставена од Британците е соборена од популарен ирачки генерал кој решава да ја национализира нафтата, да ги нормализира односите со Советскиот сојуз, и да имплементира масовни аграрни и општествени реформи “, се објаснува во анализата на Интерсепт.

Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Што мислите, дали ќе има напад врз Сирија?

Мое мислење е дека ќе има напад, да видеме само колкава штета ќе нанесе.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Што мислите, дали ќе има напад врз Сирија?

Мое мислење е дека ќе има напад, да видеме само колкава штета ќе нанесе.
И јас така мислам, дај боже да грешам во спротивно прв директен конфликт Русија- САД
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.964
Ќе бомбардираат некоја празна писта или опустошен хангар за да може Трампот да се фали на твитер дека ете преземал нешто.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Во ред е да не се согласуваш со мене, но само да додадам дека Башар ал Асад не може да се споредува со Франциско Франко бидејќи Франко ја започна граѓанската војна против легитимната шпанска република, исто како што и брадестите исламистички ѓубриња од луѓе ја започнаа граѓанската војна против не баш легитимната сириска влада на чело со Асад.

Не планирам да го бранам Асад, но како што веќе спомнав - западот го издигна на херојски пиедестал, бидејќи разликите се едноставни - сириските владини вооружени сили не силуваат жени, не убиваат припадници на малцинствата и не се борат за теократско општествено уредување - ако било кој од овие факти е лажен, досега западот ќе го искористеше против Асад.

Од друга страна, таканаречените "умерени" борци за слобода и демократија кои западот ги поддржува се` покажаа и докажаа како злосторници, во периодот помеѓу 2012 и 2014 година кога војната се одвиваше претежно во нивна корист, во секое село или помал град населен со христијани или било кое немуслиманско малцинство кое/кој ќе паднеше во нивни раце, го предупредуваа локалното население дека кога ќе го соборат Асад и ќе ја превземат власта во Сирија, ќе формираат теократска држава со шеријатско општествено уредување во која нема да има место за христијаните и останатите немуслимански малцинства во Сирија.

Во меѓувреме, добар дел од нив преминаа во ИСИЛ/ИСИС/ИД и почнаа со масовни силувања и убивања, со што разликата помеѓу таканаречените "умерени" борци за слобода и демократија од една страна, и сириските владини вооружени сили од друга страна, стана многу поголема, така што сега Асад испадна помалото зло - а сето ова е по заслуга на западот, кој ги поддржува "умерените франкисти" во Сирија.

А за тоа дека невиното цивилно население го кркаше подебелиот крај на стапот, во целост се согласувам - за жал.
Лоша споредба ти е со Граѓанската војна во Шпанија, во Сирија нема никаков идеолошки судир како сакаш гледај колку и да се обидува да му се даде некој таков шмек на бизнис интересите на едни од најмоќните земји во светот.

ДАЕШ/ИСИЛ ако ја поистоветуваш со комунистичката интернационала, и тие се формирани од доброволци од цел свет кои едните ги обединуваше политичка идеологија овие другите исламот, режимот на фамилијата Асад да го поистоветиш со Франко, исто како тогаш така и сега се поддржувани од неколку моќни земји :D

Шала на страна
Ете и јас сум напишал нешто слично, дека неможе Франко да се споредува со Асад никако, исто како шо не може ни Шпанската граѓанска војна со дешавките во Сирија.

Случувањата во Сирија се нешто поразлични од тоа шо се претходно беше т.н Арапска пролет, пред се поради фактот шо режимот на Асад беше далеку помоќен од претходните, Либија и Египет на пример, а покрај другото глеаме дека и ужива поддршка од сиријците, џабе се брадосани од секаде увезени да продаваат демократија.

Невина страна нема во сето тоа, да не се правиме мутави, само може да се прави градација и да се избере помалото зло, ИСИЛ/ДАЕШ веројатно е нуспоризвод на кујните на западното разузнавање и немаат контрола иако се обидуваат да ги стават во некој контекст, не им оди. Багра блесава едноставно.

Сирија беше најголем предизвик од сите, згора на тоа отворено се вмешаа големи играчи и сега е доцна за умереност. Ова е за сиријците, америте и русите си најдоа полигон за тестирање на вооружување и попатно катализатор за политички рејтинг на естаблишментот, пошто далеку им е од сјајна домашната политика и на едните и на другите.

После вчеарашниот дрзок напад на израелците кој веројатно имаше примарна цел како провокација а секундарна некои небитни мети во базата, се појасно кој и каков залог има.

Еден од двајцата најзаслужни за сопирањето на ИСИЛ/ДАЕШ на Блискиот исток, командантот/началник на руското воено разузнавање умре под неразјаснети околности во Либан 2016, на таков исклучително високо рангиран офицер само неколку разузнавачки служби може да посегнат. Инаку и Скрипал беше исто така дел од ГРУ.

Вториот човек тогаш беше на чело на иранската републиканска гарда(револуционерна гарда или сл), сега не знам на која позиција е, меѓутоа и тој е на листата за одстрел и веќе имало обиди за ликвидација.

Веќе се гледа шаблонот со провокации и обиди за одржување/зголемување на тензијата и пролонгирање на борбените дејствија, а Асад е сеуште на власт во Сирија. Него му одговара прекин на огнот.
Истите што стојат позади ликвидацијата на началникот на ГРУ (ако се работи за атентат) стојат и позади хемиските напади, кои се тие црно на бело никогаш нема да дознаеме.
Дури денес се спомена и целосна копнена инвазија од САД, ВБ и Франција, шо не ми се верува да се оди до таму пошто директно ќе се судрат со руските сили и тоа ќе биде конец филм за сите :icon_lol:

Дали ќе се оди на некое соломонско решение во Сирија каде некои од засегнатите страни не би изгубиле престиж во јавноста ќе видиме.
Да би било само на САД и Русија веројатно до сега ќе завршеше сето ова во Сирија, проблем е шо регионалните центри на моќ се фанатачни во своите агенди.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Се надевам нема да се разбудам со брејкинг њус - летај ми летај ракетче.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.529
Поени од реакции
18.444
Имам претчувство дека ќе читаме за С-400 и неговата ефикасност.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Дали ги спремаат нашите сухои за бомбардирање,

за очекување е, откако Зајко го искара Ким он се откажа од нуклеарната програма, Хутите кај и да е ќе ги потрошат балистичките ракети (секој ден пукаат, да не имат фабрика за ракети), остана уште режимот на Асад да биде бомбардиран а со тоа и соборен.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.414
Поени од реакции
43.224

Јас искрено не знам зошто после нападов со боен гас не ги прекинавме сите дипломатски врски со Сирија, ова е стварно без преседан што се дешава.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Мене не ми се верува дека ќе се грабнат директно Русија и САД... Може да се испроба некое оружје на Русите преку Сирија и толку... само лошо ќе биде ако на пример им потопат крстарица/носач или им срушат значителен број на авиони, секое повлекување на САД после тоа, ќе значи признавање на доминацијата на Русите... Истото важи и во обратен правец, доколку САД демонстрира техничка супериорност и Русија се повлече од Сирија, ја признава доминацијата на САД.

Во секој случај, спрема мене, повисок влог имаат САД, и доколку не блефираат, не се нешто импресионирани од новите Руски оружја или пак си мислат дека Русите блефираат.

Се надевам дека не се до толку идиоти да влезат во директен конфликт, кој би можел на крајот да значи нуклеарна војна. А и ако влегуваат во конфликт, нека влезат сега додека не не одвлечкале во НАТО, па да го јадеме немиен. Вака може ќе не одмине.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.488
ИЗГЛЕДИТЕ ЗА СУДИР СЕ ПОГОЛЕМИ: Кинеската воена група влезе во Средоземното море под Руска команда, САД испраќа бомбардери!
April 10, 2018 / By
5%
USER RATING

5

Меѓународниот информативен блог за воени случувања низ светот, „ВорТајм“ предмалку информираше дека Кинеската флота влегла во Средоземното море, каде командата врз истата ја превземал Рускиот Генералштаб, објавува „РосискаГазета“

Попладнево пак околу 15 часот, на интернационалниот аеродром во Анкара, слетале два ТУ-154 авиони под назнака „ВИП“ во кои најверојатно пристигнале највисоките Руски воени офицери, од кои се очекува да ја водат одбраната на Руските сили во Сирија во случај морската група на САД да изврши напад.

Освен ова, дел од воената делегација е упатена на итни разговори со претставници од Турција и Иран.

Претходно Русија стационираше авионска група на аеродромите во Иран. Во оваа земја се наоѓаат неколку стратешки бомбардери ТУ-22, од каде оперираат во мисии во Сирија.

Како што информира „ИтаМиРадар“, американскиот анти-подморнички авион Боинг П-8А Посејдон, со регстрација 168439, кој полетал од базата Сигонела во Италија, врши прелети во близина на крајбрежјето на Сирија.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.330
Поени од реакции
1.181
Вакви кризи имаше две-три досега и после секоја Сириската власт и нејзината војска ослободуваа се повеќе своја територија.
Американците не може да си одат а тоа да изгледа како пораз кај обичниот народ.
После 50 години историчарите ќе знаат дека ова било дел од тој мозаик ама важно е сега тоа да изгледа поинаку.
Ако случајно не е така тогаш..................
 
Kajgana Shop

На врв Bottom