Непријатна миризба од клима - Mercedes CLK 2005

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Кога ми ја донесоа колата од Германија имаше многу јак и непријатен мирис, испадна дека е од климата.

Купив средства, ја исчистив со пења, спрејови, итн. 70% од мирисот го снема, плус ја однесов и на хемиско и ги сменив филтрите.

Но никако неможам да допрам до онаа природната чиста миризба, кога ќе ја уклучам климата пак се осеќа непријатен мирис, околу 3 пати ја имам чистено значи, со спрејови и пењи.

Од некаде слушнав дека потребно е да се извади казанчето и да се исчисти бидејќи со тек на време се собирале габички, итн. Но за ова наводно требало да се извади моторот од колата за да се допре до казанчето. Што се однесува до мене нема проблем, но наводно било ризик да се чепка моторот?

Секој еден совет е добредојден.
Благодарам однапред.
 
Го дополни фреонот? Обично е така кога фреонот е при крај или филтер за полен и има такви со уште еден филтер под касетата до совозачкото седиште

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Филтерот е 100%, казанчето он што вика е за парно, клима и парно не се иста ствар.
 
Проблемот го имам 2 години, одтогаш дополнив и фреон, и филтри сменив. Мириса и од парно и од клима. Мислам дека од климата повеќе.
 
Вклучувајќи го и оној у кабината внатре? За полен? Под касетата кај совозачот обично стои. Тој треба барем еднаш годишно да се смени, не е скап.
 
Кога ми ја донесоа колата од Германија имаше многу јак и непријатен мирис, испадна дека е од климата.

Купив средства, ја исчистив со пења, спрејови, итн. 70% од мирисот го снема, плус ја однесов и на хемиско и ги сменив филтрите.

Но никако неможам да допрам до онаа природната чиста миризба, кога ќе ја уклучам климата пак се осеќа непријатен мирис, околу 3 пати ја имам чистено значи, со спрејови и пењи.

Од некаде слушнав дека потребно е да се извади казанчето и да се исчисти бидејќи со тек на време се собирале габички, итн. Но за ова наводно требало да се извади моторот од колата за да се допре до казанчето. Што се однесува до мене нема проблем, но наводно било ризик да се чепка моторот?

Секој еден совет е добредојден.
Благодарам однапред.

Јас го имав тој проблем со претходната кола скоро 10 години колку што ја имав. Не најдов чаре.

Ако ти е од помош ми рекоа дека џабе чистиш вентилација, ако не направиш во исто време и хемиско чистење на цела кола.

Едноставно пак бактериите и габичките ќе си дојдат во системот ако не ја исчистиш цела кола на хемиско и плус после пењите за дезинфекција и ги ставаш.
 
Ако си во скопје, најдобро да одите на сервис специјализирано за автоклима уреди Вебасто скапџии се ама ќе го среди така што ќе ги исчисти вентилација за климата со издување под притисок и потоа ново полнење фреон и нови филтри вклучувајќи и тоа совозачкото . Но не сум сигурен дали ќе се проблемот

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Вклучувајќи го и оној у кабината внатре? За полен? Под касетата кај совозачот обично стои. Тој треба барем еднаш годишно да се смени, не е скап.

Па му реков на пријател ми што има дуќан за делови, да ми ги порача сите филтри, ваљда и тој го има порачано... Ќе ја сервисирам колата деновиве, па ќе видам што ќе правам со миризбата... Али ќе го послушам советот на @teneke да ја однесам на хемиско после чистење на климата.
 
Гледај тоа да биди во исто време или можеби прво хемиско чистење, па после чистење на вентилацијата.

Мислам има логика затоа што вентилацијата секогаш го меша надворешниот воздухот со внатрешниот воздух.
 
Јас би препорачал неколку чекори со оглед на тоа дека имаш убава кола:
1. Најважно и основно е да се промени филтер за кабина. Купи карбонски филтер од Mann или од Hengst, немој да штедиш на 400-500 денари разлика од нормален и убав филтер.
2. Откога ќе се извади филтерот за кабина, убаво исчисти околу него во кутијата каде што влегува филтерот да не има умрено некое живинче (бубачка, мубачка, да не има пораснато некоја хортикултура и слично). Особено важно е да провериш дали има влага и вода и нешто затнато околу кутијата на филтерот. Поради позицијата на преливните канали за слевање на дождот кои се наоѓаат директно над филтерот за полен, може да излие вода и да ти го затне/намокри филтерот заедно со други валканици. Ова кошта малку трпение и е бесплатно.
3. Однеси ја колата на место каде што се специјализирани за чистење клима уреди и побарај машински да го исчистат, не со спрејови. Ова кошта околу 1200 отприлика.
4. Однеси ја колата на детално хемиско чистење кај некој човек или пријател што ќе и посвети внимание, не само да намачка со млеко внатре. Во просек, хемиско е околу 3000 денари за таа кола.
5. Наполни фреон во колата (1200 денари полнење).
6. Немој да пушиш внатре и купи си убаво миривче во конзерва од бензинска.
 
Благодарам.

Пред неколку дена ги сменив сите филтри, и баш таков наместив каков што ми препорачуваш.

Каде вршат машинско чистење на клима?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom