Уште нешто поврзано со овој регион, поточно со Кавадарци, денес ќе се одржи протест против урбанизација со речиси десет нови стамбени згради на влезот на градскиот парк, доста задоцнета реакција од нас граѓаните за жал.
Планот бил донесен уште 2013, уште една работа на која вечно ќе им бидеме „благодарни“ на тогашната локална власт на ДПМНЕ на чело со оној бандитот Цано Овцата, но и на централната власт нивна чие министерство одобрило такво нешто, но и на тогашната опозиција која чудно го преќутела целото носење на ДУП. Сите тие се гробари на зеленилото во градот, оти во последниве 15 -тина години како и во секој град, така и кај нас бројот на зелени површини е енормно намален заради градежната експанзија (во голем дел нелегална особено во населбата Моклиште и на Тиквешкото езеро).
Сега Мито кажува дека не е негова вина (а во општината уште има голем дел од тогашната бандитска гарнитура) и дека ништо не може да се направи, оти веќе има градежни дозволи, планот е донесен, инвестирано е во проекти, во право е донекаде, но ако стварно се сака, по цена на плаќање пенали и тужби како што направи владата со рудникот во Валандово можно е, но не сум оптимист оти знам дека граѓаните на овој мој беден затупен град нема да бидат единствени и нема да се мобилизираат да извршат таков притисок како валандовчани.
Со овие згради речиси сигурно во голем дел ќе се затне протокот на чист воздух од паркот и шумите над него, ќе се наполни тој дел со луѓе, возила, прашина и ѓубре и ние ќе останеме еден од најзагадените градови во Македонија.
И сето тоа се случува зарди тоа што од толку празни места, некои малоумни мајмуни решиле дека згради мора баш таму да се прават, иако има еден куп празни полиња во периферијата на влезот на градот према Росоман.