Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Проблемот дури и не е толку во даночната стапка колку во тоа што речиси и да нема човек што верува дека парите би биле правилно и одговорно потрошени, сите знаеме дека ќе отидат во глупости како администрација, рамковни џаболебари, патни трошоци, ручеци, непродуктувни проекти.

Имам впечаток дека нивото на доверба во државата и владата дека прави нешто добро и корисно за своите граѓани сега е на најниско од кога постои Македонија, дури и нешто најдобронамерно и позитивно да објави владата никој не верува веќе оти ептен е изгорен народот од глупости
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996

Знаеш што би било многу корисно...да ги притиснат од ЕУ и да раздигаат на клоци све од администрација што е бескорисно. Никаков дисбаланс нема да настане, дури и ќе и олесни на економијата. И така никој нема никогаш да ги гласа веќе. За жал, пак добар дел од паразитите што дуи ги уградуе скоро 20 години пак ќе останат ко некои разгалени дечиња.
Тоа треба да е лекција бр. 1 - лична награда не значи дека живот е подобрен за сите.
 
S

silmarillion

Гостин
Данокот, како и паричните казни, мора да се прилагоди спрема оданочениот односно казнетиот. Мора секој да понесе товар соодветен на својата сила. На пример, неможе казната за погрешно паркирање или било која друга да биде иста и за Трифун Костовски и за Стојче кој работи цел месец за 12.000. Ако Трифун ко казниш за брзо возење 400 евра, истиот може да ти мавни преку прозор 800 е и пак да нагази на гасот, додека ако Стојче го казниш за истото дело, исти 400 евра, на Стојче и неговите деца си му скаратил од лебот, од сирупот, пелените, струјата... си му скратил од животот, си му ебал матер... За да казната ги здоболи барем приближно исто, ако Стојче го казнуваш 400 е (= двомесечен негов приход) тогаш за истото дело Трифун треба да го казнеш 2.000.000 евра ( = ако во примеров претпоставиме дека заработува 12 милиони годишно). Исто е и со данокот, тежината треба да биде распоредена соодветно, а истото % не е соодветно распоредување на товарот, не е исто да ти земат 11% од лебот и 11% од луксузот... Пресметај дали е подобро да земаш 200е и да те оданочат 11% или да земаш 2.000 е и да те оданочат 20%. И на крај, тие што имаат големи приходи имаат подобар живот и на нив треба да им е помила државата па и давачките за неа, оти аго го прашаш Стојче со неговите 200е, ке ти каже да идете у 3 лепе п.м. и ти и дражавата........
Чекај чекај чекај, полека малце. Од која позиција тргаш дека Стојче е обесправен во споредба со Трифун па мора да плати помала казна? Сега ок, го зимаш Трифун као репер пошто нели ете транзиција криминално богатење Технометал Вардар и слично. Зашто не земеш за пример некој успешен бизнисмен кој се бори со сите власти, со сите пречки? Зашто тој што ги превзел сите ризици за себе и својата фамилија, земал кредити кои можеби никогаш немал да ги исплати за да започне бизнис и него да го даночуваш и казнуваш повеќе од Стојче кој можеби е една обична пијандура која мисли дека цел живот ќе тера на социјално пошто у време Титово го научиле дека државата мора да се грижи за него?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.788
Поени од реакции
17.012
Како организирираното „терористичко загрозување на уставниот поредок“ остана без организатор и зошто обвинението се ограничува на само 6 часа од 27-ми април?

Дали и „крвавиот четврток“, како и „Диво насеље“, ќе се сведе на казни за извршителите, без да се чепнат нарачателите?

Ист е нарачателот, ама не смеете никој да го спомне ...
нашите квази политишари се само асистенти на режија..
а и делото од 27 април не е тоа што го наведуваат, обичен циркус, си кажа и зијадин... б.т.в., а можеби најповреден испадна еден вработен што го погоди рикошет од пукањето на телохранителот на зајко, ама ниту тужи за повреда ниту бутур, го снема човекот
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.435
Поени од реакции
4.356
Чекај чекај чекај, полека малце. Од која позиција тргаш дека Стојче е обесправен во споредба со Трифун па мора да плати помала казна? Сега ок, го зимаш Трифун као репер пошто нели ете транзиција криминално богатење Технометал Вардар и слично. Зашто не земеш за пример некој успешен бизнисмен кој се бори со сите власти, со сите пречки? Зашто тој што ги превзел сите ризици за себе и својата фамилија, земал кредити кои можеби никогаш немал да ги исплати за да започне бизнис и него да го даночуваш и казнуваш повеќе од Стојче кој можеби е една обична пијандура која мисли дека цел живот ќе тера на социјално пошто у време Титово го научиле дека државата мора да се грижи за него?
Не е битно кој е Стојче, може да биде секој, може да е пијандура а може и да не е пијандура, може да си и ти или некој друг..... не е битно ни кој е, ниту како се збогатил Трифун.... битно е дека во државата секогаш ке имаш и Стојчевци и Трифуновци и за нив еден ист износ секогаш ке има различна вредност.... Во античко време во Рим имало еден богат човек на чие име сега неможам да се сетам ама слободно можеме да го наречеме Трифун. Во тогашен Рим казната за удирање шамар била фиксно утврдена на износ од 10 аси што за просечен тогашен Римјанин била прилично висока сума. Ама за Трифун 10 аси биле пичкин дим, ништо, нула, оти имал многу. Трифун имал лоша нарав па кога нешто бил нервозен или му било досадно излегувал на пазар и удирал шамари на Стојчевци и Нестојчевци а неговиот слуга ја носел торбата со пари и веднаш на лице место му плаќал на ударениот 10 аси. Замисли да си живеел во тоа време и се шеташ со сопругата и децата на пазар па поминуваш покрај Трифун и јадеш една силна шлаканица иако не те викаат Стојче.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Специјален статус во НАТО во јули, полноправно членство по промена на Уставот?

Шо би рекла Гоца, Медрано не ни е равен :pos:

Настрана фактот шо грците немаат мрданто со прст од нивната реална почетна преговарачка позиција а тоа е име со додавка ерга омнес, поглупаво е тоа шо настапија со слеано име колку нашиве на крај да не испаднат апла со qr во раце (во политички смисол за јавноста, верувам се или ќе бидат добро наградени за...).

Сеа фалат уште 10к+ мигранти да ни стокмат, и сето тоа шо беше во главата на Груевски да биде комплетирано :vozbud:

Недостига една сондажа на јавно мнение во една ситуација на политичка мизерија со вакви, владеачка СДСМ и опозициска ДПМНЕ, само да не биде тоа а ла гравче метод на Божиновски или Спасов, сериозна анализа да видиме дали моменталната резигнираност кај гласачите се стреми кон апстиненција и гуглање на како да се емигрира, или има сеуште надеж и простор за некоја трета опција.
Чисто да видиме оваа фарса која ни се сервира а како да е координирана од некаде, како е перцепирана.
 
S

silmarillion

Гостин
Не е битно кој е Стојче, може да биде секој, може да е пијандура а може и да не е пијандура, може да си и ти или некој друг..... не е битно ни кој е, ниту како се збогатил Трифун.... битно е дека во државата секогаш ке имаш и Стојчевци и Трифуновци и за нив еден ист износ секогаш ке има различна вредност.... Во античко време во Рим имало еден богат човек на чие име сега неможам да се сетам ама слободно можеме да го наречеме Трифун. Во тогашен Рим казната за удирање шамар била фиксно утврдена на износ од 10 аси што за просечен тогашен Римјанин била прилично висока сума. Ама за Трифун 10 аси биле пичкин дим, ништо, нула, оти имал многу. Трифун имал лоша нарав па кога нешто бил нервозен или му било досадно излегувал на пазар и удирал шамари на Стојчевци и Нестојчевци а неговиот слуга ја носел торбата со пари и веднаш на лице место му плаќал на ударениот 10 аси. Замисли да си живеел во тоа време и се шеташ со сопругата и децата на пазар па поминуваш покрај Трифун и јадеш една силна шлаканица иако не те викаат Стојче.
Каква е оваа споредба со денешно модерно време на капитализам? Не ти држи вода муабетот. Секако дека државата има начин да дисциплинира некој ако ја повторува грешката повеќе пати, и не само парично. Тоа што ќе има тој секогаш пари да плати шофер да го вози кога ќе му ја одземат возачката не значи дека треба да му наплаќаат казна процентуално на неговите приходи нели? За даноците па не ми се почнува муабет. Брука.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
И? Фала на кого треба да му кажеме? На тебе? Или на хипо? 20 милиони приватна инвестиција фрлени у говна затоа што министри у владата на паторот се омрсиле? Кога ќе ја видам планинана каква е, солзи на очи ми доаѓаат....да дае господ од рудник да не излезете п***а ви .....
Ако нешто може да се пофали владава е што го раскина договорот и сега сите заедно ќе ви ги плаќаме пеналите, шупци ниедни. До сега ски центарот милиони ќе праеше...
 
Уште нешто поврзано со овој регион, поточно со Кавадарци, денес ќе се одржи протест против урбанизација со речиси десет нови стамбени згради на влезот на градскиот парк, доста задоцнета реакција од нас граѓаните за жал.

Планот бил донесен уште 2013, уште една работа на која вечно ќе им бидеме „благодарни“ на тогашната локална власт на ДПМНЕ на чело со оној бандитот Цано Овцата, но и на централната власт нивна чие министерство одобрило такво нешто, но и на тогашната опозиција која чудно го преќутела целото носење на ДУП. Сите тие се гробари на зеленилото во градот, оти во последниве 15 -тина години како и во секој град, така и кај нас бројот на зелени површини е енормно намален заради градежната експанзија (во голем дел нелегална особено во населбата Моклиште и на Тиквешкото езеро).

Сега Мито кажува дека не е негова вина (а во општината уште има голем дел од тогашната бандитска гарнитура) и дека ништо не може да се направи, оти веќе има градежни дозволи, планот е донесен, инвестирано е во проекти, во право е донекаде, но ако стварно се сака, по цена на плаќање пенали и тужби како што направи владата со рудникот во Валандово можно е, но не сум оптимист оти знам дека граѓаните на овој мој беден затупен град нема да бидат единствени и нема да се мобилизираат да извршат таков притисок како валандовчани.
Со овие згради речиси сигурно во голем дел ќе се затне протокот на чист воздух од паркот и шумите над него, ќе се наполни тој дел со луѓе, возила, прашина и ѓубре и ние ќе останеме еден од најзагадените градови во Македонија.

И сето тоа се случува зарди тоа што од толку празни места, некои малоумни мајмуни решиле дека згради мора баш таму да се прават, иако има еден куп празни полиња во периферијата на влезот на градот према Росоман.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Данокот, како и паричните казни, мора да се прилагоди спрема оданочениот односно казнетиот. Мора секој да понесе товар соодветен на својата сила. На пример, неможе казната за погрешно паркирање или било која друга да биде иста и за Трифун Костовски и за Стојче кој работи цел месец за 12.000. Ако Трифун ко казниш за брзо возење 400 евра, истиот може да ти мавни преку прозор 800 е и пак да нагази на гасот, додека ако Стојче го казниш за истото дело, исти 400 евра, на Стојче и неговите деца си му скаратил од лебот, од сирупот, пелените, струјата... си му скратил од животот, си му ебал матер... За да казната ги здоболи барем приближно исто, ако Стојче го казнуваш 400 е (= двомесечен негов приход) тогаш за истото дело Трифун треба да го казнеш 2.000.000 евра ( = ако во примеров претпоставиме дека заработува 12 милиони годишно). Исто е и со данокот, тежината треба да биде распоредена соодветно, а истото % не е соодветно распоредување на товарот, не е исто да ти земат 11% од лебот и 11% од луксузот... Пресметај дали е подобро да земаш 200е и да те оданочат 11% или да земаш 2.000 е и да те оданочат 20%. И на крај, тие што имаат големи приходи имаат подобар живот и на нив треба да им е помила државата па и давачките за неа, оти аго го прашаш Стојче со неговите 200е, ке ти каже да идете у 3 лепе п.м. и ти и дражавата........
Нема човек во државата со висока плата што сака да се ебава со државниот апарат. Единствени загрижени се тие што се на буџет, сите други порадо би да не добијат фискална сметка. Така да, не стои споредбата. Ниту пак плата од 2000 евра значи дека тој што ги зема ја ползува државата повеќе од тој што зема 200. Баш напротив, во 99% од случаите користи многу помалку државни услуги.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Уште нешто поврзано со овој регион, поточно со Кавадарци, денес ќе се одржи протест против урбанизација со речиси десет нови стамбени згради на влезот на градскиот парк, доста задоцнета реакција од нас граѓаните за жал.

Планот бил донесен уште 2013, уште една работа на која вечно ќе им бидеме „благодарни“ на тогашната локална власт на ДПМНЕ на чело со оној бандитот Цано Овцата, но и на централната власт нивна чие министерство одобрило такво нешто, но и на тогашната опозиција која чудно го преќутела целото носење на ДУП. Сите тие се гробари на зеленилото во градот, оти во последниве 15 -тина години како и во секој град, така и кај нас бројот на зелени површини е енормно намален заради градежната експанзија (во голем дел нелегална особено во населбата Моклиште и на Тиквешкото езеро).

Сега Мито кажува дека не е негова вина (а во општината уште има голем дел од тогашната бандитска гарнитура) и дека ништо не може да се направи, оти веќе има градежни дозволи, планот е донесен, инвестирано е во проекти, во право е донекаде, но ако стварно се сака, по цена на плаќање пенали и тужби како што направи владата со рудникот во Валандово можно е, но не сум оптимист оти знам дека граѓаните на овој мој беден затупен град нема да бидат единствени и нема да се мобилизираат да извршат таков притисок како валандовчани.
Со овие згради речиси сигурно во голем дел ќе се затне протокот на чист воздух од паркот и шумите над него, ќе се наполни тој дел со луѓе, возила, прашина и ѓубре и ние ќе останеме еден од најзагадените градови во Македонија.

И сето тоа се случува зарди тоа што од толку празни места, некои малоумни мајмуни решиле дека згради мора баш таму да се прават, иако има еден куп празни полиња во периферијата на влезот на градот према Росоман.
Мислам дека Кавадарци е мачја кашлица у однос на Карпош и Аеродром. Центар (поточно Водно и Мал Ринг) се покојници одамна. Не викам дека е помалку важно, ама принципот е тој - секаде....Охрид види у што се претвори...заработките минимални - цело Кавадарци е во Скопје преселено, а тој ќе гради станови со минимална заработка колку да се исперат парите.
Целата концепција беше пароли - „ќе субвенционираме земјоделие“, па уште органско кога ќе кажат...а отвара коп како на Сибир, каде што нема цивилизација на илјадници километри наоколу. Не е дека не се знае, туку се нема добра намера - битно џебот полн.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
И? Фала на кого треба да му кажеме? На тебе? Или на хипо? 20 милиони приватна инвестиција фрлени у говна затоа што министри у владата на паторот се омрсиле? Кога ќе ја видам планинана каква е, солзи на очи ми доаѓаат....да дае господ од рудник да не излезете п***а ви .....
Ако нешто може да се пофали владава е што го раскина договорот и сега сите заедно ќе ви ги плаќаме пеналите, шупци ниедни. До сега ски центарот милиони ќе праеше...
Ако државата ја ископува рудата, а не да ја дадат на некој странци, не би ми сметло ,секако повеќе ќар би имале од рудниците. Ама знаејќи дека рудниците се дадени на странци, а ние нема да имаме скоро никаков ќар, сум против или да платат оштета на Ски центарот. Не знам како функционира ова кај нас, ама на запад државите си имаат план и си знаат на кои места какви руди имаат и не дозволуваат во нивна близина ништо приватно да се гради, а не па врз нив. Мои роднини имаат нафтено поле на нивна земја, државата им има забрането било што да прават на таа земја. Секако им плаќаат за тоа.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Ако државата ја ископува рудата, а не да ја дадат на некој странци, не би ми сметло ,секако повеќе ќар би имале од рудниците. Ама знаејќи дека рудниците се дадени на странци, а ние нема да имаме скоро никаков ќар, сум против или да платат оштета на Ски центарот. Не знам како функционира ова кај нас, ама на запад државите си имаат план и си знаат на кои места какви руди имаат и не дозволуваат во нивна близина ништо приватно да се гради, а не па врз нив. Мои роднини имаат нафтено поле на нивна земја, државата им има забрането било што да прават на таа земја. Секако им плаќаат за тоа.
Мислиш дека во Германија и Франција нема вакви наоѓалишта? Сигурен сум дека има и многу поголеми и побогати. Знаеш кога ќе ги активираат - никогаш. Зошто да си го уништуваат здравјето и другите индустрии кога можат да подмитат некој вол кај нас и дупли ќар да имаат.
Да не зборам што нема да треба да плаќаат скапо локални рудари, кога кај нас по багателни плати луѓето ќе гнијат у тоа јамите.
Ај барем да имаме локален производ што ќе ни носи голема додадена вредност - па и да разберам....ама извоз на руда е најголема глупост според мене - ќар никаков, а си се распродаваш непоправливо.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Да не заборавиме каква поезија пишувал на времето еден наш бивш премиер, сега средно богат бизнисмен
Не е иста споредбата. Овде е проблем што со државни пари се спонзорира никаква работа, омаловажувачка...[DOUBLEPOST=1522759376][/DOUBLEPOST]
Точно е дека директорот нема обврска да чита се. Ама главен уредник има. А директоров се потпишал како таков.
Одговорноста е негова, потпишан е. Кај нас тоа не важи, ама развиениот (цивилизиран) свет за вакви работи поднесува оставки.
Ама детево (како и стотици други сега и со години наназад) ова му е животен момент, да е функционер, со службен мобилен, кола, гезмиња, да е „фактор“... и не е фер да му го кршиме 5-минутниот сон. Оти, од нула да станеш ова... не е мала работа.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom