Мала помош за влез во програмирање

Член од
30 март 2018
Мислења
10
Поени од реакции
0
Значи сакам да одам природно математички смер па после информатика на ФИНКИ ама сакам пред да почнам средно отприлика да се поднаучам нешто.Помогнете со што прво да почнам.По теми гледам се употребуваат многу поими што не ги знам.Значи со што најпрво јас да започнам за да влезам подлабоко подоцна во овие води.И секако има ли некоја шанса откако ќе го поусовршам да почнам нешто на интернет за пари да изработувам.А да не заборавам и отприлика што се избработува апликации,веб сајтови?Што точно.
Однапред фала на помошта.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446

Сега средно упишуваш ?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
10
Поени од реакции
0
Pravio vlasnik na akauntov,a toa sum jas i imam 16 i sum po medicinata nego ova go objavuvam za pomal bratuced sega ke se zapise sredno.[DOUBLEPOST=1522450790][/DOUBLEPOST]Инаку гледал на интернет и било препорачано да почне со лесен јазик како Python.Кажете што најпрво да започне да учи да си постави како основа за јазикот.Што е битно во секој програмски јазик?И кои работи прво да започне да ги учи.Кажете од каде да најде лекции и објаснувања за да може да започне гледам има голема желба дечкото.(Доколку не ве мрзи објаснете):)
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913

Ако сака да почни да заработува на Интернет, како прво Javascript, а после продолжува со JS еко системот ( Node.js, React, Angular ).

Инаку следно од мој аспект е PHP ( Laravel, Wordpress ), само javascript -ов во моментов е побитен.
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Обрни како прво големо внимание на математиките, да не бидеш ко мене. Јас сум веќе 2-ра година на финки и ќе ти кажам искрено само затоа што немав добра основа во средно и основно, заглавив на дискретните математики, да не зборам дека и за другите предмети е потребно доста математика. Програмирањата се доста комплексни и заебани, треба доста време да се совлада материјалот, ипак се учи со тек на време ако се интересира и ако го влече тоа, барем сега има милиони видеа по јутуб и доста решени задачи и проблеми. За професорите и за асистентите подобро да не ти кажувам, абе буквално глеа колку е можно да си скратат повеќе на испити и колоквиуми, наместо да те мотивираат со плус поени.Буквално не се ни замараат со студентите и скоро и да немаме никаков контакт со нив, освен на увиди и консултации каде што се чека ред по 4 саати да влезеш и да ти каже колега повеќе среќа следен пат. На предавања, буквално ама баш буквално ништо не се учи и незнаат како да ти го пренесат материјалот, па јас затоа и престанав последен семестар да одам на предавања. Мора да седиш дома и да тупиш глава со задачи, као искочило ова, како она или пак као што 80% прават да си плаќаш приватни часови на професор. Да не зборам и за тоа како X студенти си ги полагаат лагано испитите, иако немаат доволно бодови, али затоа имаат длабок џеб или врски.
GL !
 
Член од
30 март 2018
Мислења
10
Поени од реакции
0
Ахам,а може ли да дадате некое линкче за курс од каде да почне само прво нека биде бесплатен за да види за што се работи дали уште ќе се заинтересира да не плаќа а после да се откаже.Линк од некој канал каде што има објаснувања уште од почеток основни команди што како за да се научи се ефикасно.А кога викате за заработувања он откога ќе го научи програмскиот јазик на кој начин ќе заработува.Ќе прави апликации,веб страни за други и ќе биде плаќан како?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335

Отвори јутуб и пиши го програмскиот јазик и додај tutorial for beginners, све сакате на тацна да ви се сервира.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
theodinproject.com за покомплетно нешто.

Настрана тоа. ФИНКИ е...океј. Ама да, има бош професори и асистени што го усеруваат вќош. Секако има и топ професори што стварно сакаат да предаваат ама се помалку.

Настрана и тоа, уште не поминал полуматура на факс мисли. Chill out, 4 и кусур години има време.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
theodinproject.com за покомплетно нешто.

Настрана тоа. ФИНКИ е...океј. Ама да, има бош професори и асистени што го усеруваат вќош. Секако има и топ професори што стварно сакаат да предаваат ама се помалку.

Настрана и тоа, уште не поминал полуматура на факс мисли. Chill out, 4 и кусур години има време.
Знам деца шо знаат основи во Ц и Јаваскрипт уште од прва средно. Не знам шо е проблемот ако се интересираат од мали.
 
Член од
23 април 2014
Мислења
99
Поени од реакции
178
Другар, вака сега. Слушни го и добро запамти го ова. Било која професија да ја учиш, било што да бираш понатаму, глеј научи математика. Ова многу го сфаќаат погрешно. Не ти зборам да научиш алгоритми(начин на кој се прави нешто - чекори) во математиката. Да научиш постапка за решавање на нешто, тоа го можи секоја втора будала шо се вика. Ти зборам стварно да научиш, со разбирање, како што и зошто работат работите така како што работат. Да развиеш способност да размислуваш апстрактно и да генерализираш многу. Апстрактното размислување ќе ти помогне премногу понатаму. Без математика секогаш ќе бидиш изгубен. Тешко ќе се снаоѓаш во многу работи, ќе мора да учиш на памет многу, а тоа во оваа професија не ти помага. А за да почниш со програмирање, можиш успат да го правиш тоа. Почни со C++. Зошто? Иако е ПРЕМНОГУ комплексен јазик, не мора ти којзнае колку да навлагаш во работите. Ќе совладаш доволно за да можиш да одиш на алгоритамски натпревари на мендо.мк. На страната имаш добри туторијали. Имаш тон задачи шо можиш да ги решаваш. Е сега, ако навлезиш добро во овој дел, имаш државни, меѓународни натпревари. Со награда од државен имаш стипендија на ФИНКИ. Можиш да си набилдаш портфолио натпреварско што можи да ти користи понатаму. Имаш и codefu.mk за кога ќе бидиш студент на факс, али можиш и сега да го користиш.

Поентата е, глеај на долг рок. А ако сакаш да мислиш дека знајш нешто а уствари појма да немаш со животот, земи научи HTML, CSS и JavaScript( неможи да ме убеди никој дека е добар јазик за почетник, ништо нема да му е јасно ниту кога ќе мисли дека го знае, ниту понатаму кога ќе треба да учи јазик како C,C++,Java. Javascript посебно во OOP делот е доста заебан, различен од многу мејнстрим јазици, затоа што се базира на prototypal inheritance, да не објаснувам понатаму, битно не е така се лесно ко што изгледа. За играње со DOM-от не ти треба многу) и прај си едноставни сајтчиња. Тешкото нема да го видиш тука. Работата е да почниш со тешкото уште од сеа, за после кога ќе ти дојди лесното да се смејш на таков материјал. А верувај обратното е тешко, во многу случаи невозможно. Математика не се учи за два дена ко што се учи и HTML и CSS и Javascript после добри основи. Ќе зажалиш ако не го направиш ова, ќе неможиш да напредуваш во многу работи ако сакаш. Пример, ќе сакаш да учиш машинско учење? Ќе ти остане само желба. Вештачка интелегенција, алгоритми? Ташак, само ќе се протнуваш едвај. You get the point. Инвестирај сеа, ќе ти се исплати подоцна. И не забегувај од сеа со работа, со курац палац, имаш време, не оди тоа туку така, треба доста работи да научиш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Дај бе не тресете глупости математика требало за програмирање.
ВРСКА НЕМА ТОА.

Математика ти треба за да завршиш факултет и многу ретко понатаму во програмирањето, освен ако не програмираш во CERN.

И најбитното: ПРОГРАМИРАЊЕ Е ТАЛЕНТ!!!

Или го имаш или го немаш, то е, така да нека проба да учи од мал и ќе види дали е во 10% правилото.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Математиката е основа на било кое инженерство, како прво размислувањето и пристапот кон решавање на проблемот е друг на човек што разбира математика/физика, а друг е на некој што нема појма, подобра оптимизација на кодот, полесно справување на проблеми кои се поврзани со таа проблематика и тн.Али крај краева зависи која ви е целта во животот, ако се задоволувате со правење на страни за локални фирмички и тоа е тоа, тогаш супер, не ви треба ни факултет, фаќај 2 години курсеви и немаш мака, ако сакаш да си способен да направиш алгоритми кои ќе обработуваат комплексни податоци и што уште не, дефинитивно треба и математика.
Има мала грешка според мене кај програмирањето во моментов, како и во сите професии треба да се развијат мајсторчиња и инженери, за мајсторчињата е доволно да им направиш насока во средно или курсеви во некоја академија од 2 години и да делкаат html, css, а и така да бидат платени проектите, а овие вторите да си го ебаваат животот 5 години на факултет, па да го работат покомплексниот дел, во моментов чисти циркус е и апла туркање на пазарот од што се сите експерти.
 
Убо си кажа математиката/физиката е основа на било кое инженерство.

Ама програмирањето е само алатка исто како и математиката и физиката.

Така да од добар математичар не произлегува добар програмер, ниту пак обратно.

И најдобрите програмери кои ги познавам немаат завршено никаков факултет.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Убо си кажа математиката/физиката е основа на било кое инженерство.

Ама програмирањето е само алатка исто како и математиката и физиката.

Така да од добар математичар не произлегува добар програмер, ниту пак обратно.

И најдобрите програмери кои ги познавам немаат завршено никаков факултет.
Зависи од повеќе фактори, но добар математичар стојам на тоа дека многу полесно може да се снајде во програмирање од некој што нема појма од математика (не зборувам за рандом страна), зборувам за решавање на покомплексни проблеми.
Реално и Ајнштајн не завршил факултет, ама дискутираме за апла мал процент на луѓе кои може да се карактеризираат како генијалци, познавам и луѓе што имаат завршено физичка култура и правен, па после факултет фатија курс од по 1-2 години и сега програмираат, дури и ја земаат работата на луѓе што завршија ФИНКИ, ама тоа не ги прави добри програмери, туку ограничени програмери, ги збира плодовите што паднале под дрвото, ама никогаш не може да се качи да бери од тие што се на дрвото.
 
Е па гледаш дека сум во право.

И нема ограничени програмери, туку програмери кои си ја знаат работата (добри) и програмери кои не си ја знаат работата (лоши).

Еве пример, ќерка ми учи во математички клас и тоа најдобар, и повеќето се многу добри математичари, некој се и на математчка олимијада. Само неколку деца го разбираат програмирањето, а прават идиотски програми за математички проблеми, најчесто низи.

Програмирањето е логика.

И во крајна линија Ајнштајн бил слаб математичар (ова условно речено да не си речиш дека врска немал), најтешкиот дел од математиката на теоријата на релативитетот, му го средиле неговиот ментор и жена му. Едноставно бил во тие 10%, море во тие 1%, кој имале/имаат мозок за физика.

ДАРБА !!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom